Author: Нова ТВ
Елена Гиновска од Државен завод за статистика во Студио 10 на ТВ 24 ги повика сите кои сакаат да се пријават за теренски попишувачи, условот е да бидат полнолетни, со средно образование и невработени и да имаат познавање од компјутер. „Годинава за првпат пописот ќе се спроведува со користење на лаптопи. Попишувачите прво ќе поминат тестирање и оние кои ќе бидат избрани ќе поминат неколкудневна обука за работа на апликацијата. Очекуваме во најскоро време да се пополни број неопходен за попишувачите.“ – рече Гиновска. Кога станува збор за попис во време на пандемија, таа истакна дека ќе бидат преземени сите…
Постои поделеност меѓу граѓаните во однос на тоа дали сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, при што 37 отсто сакаат да се вакцинираат додека 36 проценти експлицитно изјавуваат дека „нема да се вакцинираат, односно дека не сакаат да се вакцинираат“. Речиси една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да видат дали вакцинирањето ќе има несакани последици. Ова се наведува во резултатите од редовниот бран на ОМНИБУС истражувањето спроведено од БРИМА од 24 февруари до 9 март 2021, наменето за повеќе клиенти, на прашањето „вакцинирањето против КОВИД-19 започна, дали ти лично сакаш да се вакцинираш против КОВИД-19“. Истражувањето е спроведено…
Губитникот Христијан Мицкоски уште еднаш докажа дека е на страната на криминалот и веднаш се стави во одбрана на тајкунот на режимот Орце Камчев, кој заедно со Мијалков и Груевски е осомничен дека со пари од партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ купувале ексклузивни плацови на Водно, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ. -Наместо Мицкоски да бара одговорност и расчистување случајот за наводна злоупотреба на пари на ВМРО-ДПМНЕ, тој му дава поддршка на Камчев. Со ова се потврдува спрегата Мицкоски-Камчев за која јавноста слушна одамна преку објавени разговори меѓу првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Милески Кичеец. Во тие разговори…
НУ Центар за култура-Битола со поддршка од Министерството за култура почна со замена на старата дотраена дограма, врати и друга инсталација. Согласно проектната документација на објектот што се наоѓа во централното градско подрачје ќе бидат заменети вратите на главниот влез, двојните влезни врати кои водат кон големата сала на битолскиот Центар за култура и безбедносниот систем за заштита од пожар. -Реконструкцијата ја планиравме подолго време, но токму сега се создадоа услови за интервенција на овој репрезентативен објект. Влезните врати беа оштетени, нефункционални и термоенергетски неефикасни. Интервенцијата се врши со прецизирани рокови и нема да биде попречена тековната програмска работа во…
Медиуми? Финансирање? Контрола? Добродојдовте во времето во кое социјалните мрежи издаваат забрана за јавно пишување по тастатурата од мобилниот, ни повеќе ни помалку, туку на американскиот претседател…
Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира реакциите во матичната партија откако донесе одлука да го одложи закажаниот конгрес на крајот на март поради пандемијата. „Еуфоријата на се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одложувањето на вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција. Христијан Мицкоски успеа да ги загуби изборите во Ново Село и покрај тоа што градоначалникот познат како Боро-Малборо беше фатен во шверц на цигари. Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и локалните избори во Охрид, иако дури и Гордана Силјановска таму победи. Христијан Мицкоски успеа да…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со средба со претседателот на Словенија Борут Пахор, ја заврши еднодневната официјална посета на Република Словенија што се реализираше на покана на министерот за одбрана, Матеј Тонин. Како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот со словенечкиот претседател, Шекеринска изрази благодарност за континуираната поддршка на нашата земја. -Северна Македонија и Словенија ги поврзува цврсто пријателство и соработка кои траат со децении. Вашата поддршка за нас е особено важна сега кога во ЕУ се прават напори да се обезбеди консензус околу проширувањето со земјите од Западен Балкан, истакна Шекеринска и посочи дека нашите очекувања се дека…
Американскиот Сенат вчера изгласа уште два нови члена на администрацијата на Џо Бајден. Вилијам Бернс е потврден за директор на Централната разузнавачкка агенција (ЦИА), а Завијер Бесера за министер за здравство. Бернс 33 годни беше дипломат и е поранешен амбасадор во Москва. Тој има атипичен профил за директор на ЦИА, бидејќи ните е војник, ниту политичар, ниту разузнавач. Шшефица на американската Разузнавачка служба Аврил Хејнс го поздрави именувањето на Бернс истакнувајќи оти тој е „извонреден државен функционер,кој поголемиот дел од својот живот го посветил на служење на владата“.
Во интерес на граѓаните и стопанството е пратениците што побрзо да ги донесат законите за антикризните мерки кои подолго време се блокирани од опозицијата, апелираат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши. Тие вчера уште еднаш изразија уверување дека законските решенија ќе бидат донесени идната недела за кога е закажана собраниската седница. Битиќи, според кој февруари ќе биде покриен со плати, порача дека има време за политика. Сега е битно да се донесат законите за поддршката да стигне до граѓаните и компаниите. -Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го…
Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето. Оцени дека земјава има балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност и оти следниот период до почеток на следната недела, има простор да се направи проценка на резултатите од сегашниот полициски час. Во меѓувреме во земјава вчера беа регистрирани нови 1.216 случаи на Ковид-19 од направени 3.761 тестови, оздравени 111 пациенти, а починати 15 лица.…
До евентуално одложување на пописот може да дојде само доколку за тоа даде препорака Комисијата за заразни болести, таквата одлука не е во делокруг на Државниот завод за статистика, кој во моментов се раководи според постоечкиот оперативен план. Ова во интервју за МИА го порача директорот на ДЗС, Апостол Симовски во врска со можноста теренското попишување, кое треба да почне на 1 април, да се одложи поради растот на новозаболените од Ковид-19 изминатиот период. -Оваа одлука не е на Државниот завод за статистика. Доколку Комисијата за заразни болести оцени дека состојбата е таква и им препорача на Кризниот штаб и…
Бранот оставки во германската ЦСУ не стивнува. Тобиас Цех од Христијанско социјална унија (ЦСУ) е уште еден пратеник кој го врати својот мандат во Бундестагот. Причина за тоа се обвинувањата дека вршел консултативни услуги за политичка партија во Македонија додека бил пратеник. Цех го демантира ова, објави вечерва германски Фокус. Како што пренесува пренесува Слободен печат, Тобиас Цех, член на Бундестагот од ЦСУ си поднесе оставка од сите партиски должности. Според Мјуних Меркјури, тој ги известил своите сопартијци во Горна Баварија во четвртокот за својот потег. Позадина се обвинувањата дека го измешал својот мандат и консултативните активности во 2016 година.…