Author: Нова ТВ
Кирил Пецаков, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска појасни дека ќе поднесат предлог за интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче. „3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка. Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше. За жал во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира…
Премиерот Зоран Заев, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со неговиот колега Ксавиер Бетел, на која истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ. Како што информира владината прес-служба, Заев како принципиелен го оценил ставот на Луксембург во врска со бугарското вето како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување. –Премиерот Бетел на средбата истакна после сите храбри одлуки што…
И на Ѓорѓе Балашевиќ, и на Мира Фурлан им беше најлесно да се лизнат во национализам и да јаваат на тој бран на баналноста. Но, никогаш не го сторија тоа. Тие се херои затоа што не паднаа во таа кал.
Сите противречности меѓу Бугарија и Република Северна Македонија мора да бидат решени. Следните генерации нема да ни простат што ја испуштивме оваа голема можност, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на аеродромот во Софија. Како што пренесува БГНЕС, Борисов бил категоричен дека патот на С Македонија и Албанија кон ЕУ не може да биде одложен, па затоа мора да се решат разликите меѓу Софија и Скопје. „Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори – за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да…
Онлајн регистар на е-трговци креираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија АЕТМ во рамки на бесплатната едукативна веб платформа ecommerce4all.mk. Преку регистарот купувачите имаат можност лесно да проверат пред да направат нарачка дали се работи за регистирана онлајн продавница. Изработен е во соработка со петте банки кои што нудат е-трговија. Целта, како што велат од АЕТМ, е да ја зголеми информираноста на купувачите и нивната заштита, да им овозможи лесно да направат разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата и да ја намали можноста за купување од непроверени онлајн продавачи и учество во сивата економија. -Пандемијата отвори…
Редовните парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април и на нив ќе бидат избрани 240 пратеници на Националното собрание според пропорционалниот систем на затворени листи. Вкупниот број на изборни единици е 31, од кои, во зависност од големината на изборната единица, се избираат четири до 16 пратеници. Изборниот праг е 4 отсто. На претходните избори во Бугарија откриени беа сериозни знаци на манипулација со изборниот список, за изборна измама, масовно купување гласови, нерегистрирани гласачки ливчиња, вработени во (јавни) компании и јавна администрација принудени да гласаат, изменети протоколи за гласање, гласачки ливчиња што беа прогласени за неважечки. итн. Најпознатата…
Попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и на нивните семејства заврши. Продолжува процесот на попишување на дијаспората. Досега, преку електронската апликација попишани се над 60 илјади граѓани. Најмногу од Швајцарија, по што следуваат Германија и Италија. Помал е одѕивот во Канада и Австралија. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, се уште е рано да се даде оценка за успешноста на попишувањето на дијаспората. Тој вчера на прес-конференција рече дека граѓаните кои живеат надвор од државата имаат уште 35 дена да се самопопишат и оти постојат повеќе причини за степеност на заинтересираност на дијаспората. – Веројатно и дистанцата и степенот на…
Експертите од Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ги разгледуват достапните податоци за привемената суспензија на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека во голем број земји-членки на Европската Унија по појава на згрутчување на крвта. В четврток е закажан вонреден состанок на Комисијата за безбедност на лекови на ЕМА (ПРАК), по што ќе биде објавен заклучок за безбедноста на вакцината на АстраЗенека и ќе даде препораки за тоа што да се преземе во иднина. – ЕМА тесно соработува со компанијата, експерти за крвни болести и други здравствени органи, вклучувајќи ја и британската Агенција за регулација на лекови и здравствени производи…
СДСМ: Големите се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани со неговиот Менкиновски
На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев, се вели во партиското соопштение на СДСМ. -Тоа што Мицкоски рипна да го одбрани Камчев, покажува дека очигледно големи се неговите хипотеки кон Орце. Му го додели Тони Менконоски, близок соработник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство. За целиот тој процес, Мицкоски, Менкиновски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови…
Министерот за внатрешни работи Бујар Османи денеска се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Средбата, како што објави Османи на својот Фејсбук профил, се одржала на аеродромот во Софија. Османи денеска престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија. Работните посети на Швајцарија и Шпанија се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021, стои во соопштението. Шефот на дипломатијата вчера на прес-конференција изјави дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија не се издигнати како…
Ја споделувам оваа објава со длабока тага во моето срце. Мојот колега, брат, голем пријател и ангел чувар Драгољуб Ѓуричиќ нè напушти денес
Премиерот Зоран Заев доби безрезервна поддршка од шефот на дипломатијата на Луксембург за европската перспектива на Северна Македонија. – Благодарност за топлата средба и пречекот од нашиот домаќин тука во Луксембург, министерот за надворешни работи, Аселборн. Ми беше задоволство што се видовме и со драгиот пријател Флекенштајн, со кого имавме инспирирачки разговори за европската иднина на Северна Македонија. Жан, Кнут, ви благодарам за пријателството и безрезервната поддршка за Северна Македонија, напиша во објава на Фејсбук премиерот Заев кој ја предводи владината делегација која од денеска е во посета на Луксембург. Заев, придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, претходно имаше работен…