Author: Нова ТВ

„За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што, првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја…Честа, желбата, можноста, гордоста, одговорноста, да бидеш претставник на олимпијадата за пеење Евровизија е огромна. Ја прифатив со отворено срце, зашто знам каква е таа одговорност, и знам што можам, и со душа чекам да застанам на таа сцена… И искрено да вибрирам во црвено-жолта боја.“, вели Васил Гарванлиев во неговото обраќање на Фејсбук. За спотот Гарванлиев истаккнува дека поради коментарите лани, дека нема доволно Македонија во спотот,…

Read More

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан. Ова е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и со потпретседателката на банката Лилјана Павлова. ЕИБ е…

Read More

Драгољуб Ѓуричиќ, тапанарот кој дел од кариерата помина и како член на „Леб и сол“, почина на 68 години од последиците на коронавирусот. Тој бил примен на интензивна нега на клиника во Белград на 24 февруари. Ѓуричиќ е роден во 1953 година во Цетиње и во рана младост почнал да свири рок музика, членувајќи во неколку групи во 1970-ите. По две години во „ЈУ група“, во почетокот на 1980-ите се придружи на „Леб и сол“, со кој сними три албуми за период од три години: „Следовање“ (1982), „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984). Потоа премина во српската хард рок група „Кербер“,…

Read More

Христијан Мицкоски, на аудио снимката, која се појави во јавноста во период кога во тек беа партиските преговори за Законт за јавно обвинителство, на осудениот во досието „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец, му зборува за неговите лични односи со Орце Камчев. „Кога дојдов во партијата немав ништо платено, сметки за струја, парно, кабелска, а он ми подаде рака и јас тоа многу го почитувам“- му зборува Мицкоски за Камчев, на својот соговорник Милевски. Потоа, во продолжение на нивниот разговор Мицкоски потврдува дека тој е единствениот што се бори против Законот за Јавно обвинителство, закон преку кој предметите на СЈО ќе се…

Read More

Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопшти Развојната банка на Република Северна Македонија. Од кредитната линија, за која се предвидени средства до 31 милион евра, досега вкупно се одобрени 2459 кредитни барања, на вкупен износ од 27,9 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 година. Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 1307 кредитни барања се од мали компании, 945 од микро компании, 157 кредитни барања од трговци-поединци…

Read More

Фондацијата „Фридрих Еберт“ спроведе сеопфатно национално истражување и објави Студија за жените во Република Северна Македонија 2020/2021 со цел да ја измери, опише и објасни позиционираноста на женската популација од сите етнички заедници во однос на општеството, семејството, вредностите, образованието, вработувањето, политиката, безбедноста и грижата за здравјето. – Студијата дава еден сеопфатен преглед и анализа на најбитните податоци и претставува интердисциплинарна студија чијашто примарна цел е да понуди основа за натамошни толкувања и анализи. Резултатите укажуваат на низа постоечки предизвици со коишто треба да се справат сите чинители во општеството, со цел да се подобри индивидуалната и општествената добросостојба: од креаторите на…

Read More

Директорот на АХВ, Николче Бабовски соопшти дека на депонијата Дрисла денеска ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. „Станува збор за путерот „Суташ“. Утврдено е дека декларацијата ја надминала и рокот и номенклатурата на путерот. Путерот бил увезен од Турција, а не од Германија и легално биле увезени 20.000 килограми. Во приложената документација, со двонеделните контроли е утврдено дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури. Се наведувало дека путерот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од…

Read More

Во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на МИМ и воведувањето на новинарските награди за најдобра истражувачка сторија, Македонскиот институт за медиуми го редизајнираше концептот на наградите, информираат од МИМ. -Целта на МИМ е и потаму да ги поддржува и да ги наградува најдобрите истражувачки стории, истовремено отворајќи можност за поддршка и за афирмација и на други форми на новинарско изразување. Од 2021 година, конкурсот ќе биде насловен „Новинарски награди НИКОЛА МЛАДЕНОВ“. Ќе се доделуваат три годишни награди, во следните категории: · Најдобра истражувачка сторија · Најиновативен новинарски производ · Најдобра репортерска фотографија На конкурсот може да се пријават…

Read More

Развојот на претприемачките вештини кај младите луѓе е и ќе продолжи да биде еден од приоритетите на образовните политики кои ги креираме во моментов и кои ќе се имплементираат во периодот пред нас. Со новата концепција за основно образование која е неодамна усвоена, за прв пат се воспоставуваат 8 национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на основното образование, меѓу кои, еден од стандардите е токму претприемништвото. Што значи, учениците ќе треба да поседуваат одредени познавања и вештини од областа на претприемништвото во моментот кога ќе излезат од деветтолетката. Ова го истакна…

Read More

Заради временските прилики во моментот е запрена реставрацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, вели Мери Стојанова, директорка на Завод и музеј – Битола. „Кон крајот на минатата година се заврши со сите административни и подготвителни активности, кои беа поврзани со стручна подготовка на самиот објект за она што треба да следи во оваа и во наредните години. Се работеше на обивање на малтерни маси коишто беа со лош квалитет и кои биле ставани во изминатите неколку децении при конзервацијата на споменикот. И со заладувањето на времето, на крајот на 2020 година конзерватораките работи беа сопрени и тој застој се’…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не смета дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија се издигнати како услов на Европската унија за отпочнување на преговори за членство. Тој вели дека инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во Унијата се носат со консензус и оти се додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне. – Политиките за проширување во Европскиот совет се носат со консензус и доколку нема согласност на една од 27-те земји членки процесот не може да…

Read More

„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок на Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев. Истиот Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција. Според неа, поставен на браникот на криминалот, токму Мицкоски во една јавно…

Read More