Author: Нова ТВ

Главниот експерт на американската влада за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека можно е да се подготвува нов бран на инфекции со Ковид-19, тврдејќи дека зголемувањето на случаите на коронавирус во Европа е нешто што САД треба да го избегне, јави ДПА. Експертот рече дека падот на случаите во САД во текот на изминатите неколку недели достигна „речиси 60.000 случаи на ден“ – ситуација што ја прави земјата „многу ранлива“ на нов бран. – Ова е токму она што се случи во Европа: Тие видоа пад на случаите, достигнаа пик и потоа ги ублажија ограничувањата, изјави Фаучи за Еј…

Read More

Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден. Четириесетница  – Велика или Света Четириесетница – затоа што трае четириесет дена (од Чист понеделник до Лазарова сабота). И Господ Исус Христос постел 40 дена (Матеј 4,2; Лука 4,2). Чесен пост – бидејќи го…

Read More

По порастот од над илјада новозаболени од Ковид-19, вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје. Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години. Во земјава е воведен полициски час и е забрането движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, но сепак, голем е бројот на оние кои го прекршуваат. Според Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие 32 лица не ја почитувале забраната за движење, а 564 лица не носеле заштитни маски, иако тоа е една од…

Read More

Една од најдобрите македонски пливачки, Ева Петровска стигна до златниот медал на трката на 1500 метри на отвореното првенство на Србија во пливање. Таа делницата ја помина за време од 17:25.35 минути што беше за неверојатни 50 секунди подобро од второпласираната на трката Надја Лазаревиќ од Србија. Времето кое што го постави Петровска е за дури десет секунди побрзо од времето кое што го постави на Светското првенство во Гвангжу во 2019 година. За потсетување Петровска претходно се закити и со две сребра на трките на 400 и 800 метри исто така слободно. извор:екипа.мк

Read More

Никола Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изјава за „360 степени“ потврди дека при нивните контроли во млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје се запленети речиси 4,5 тони путер. „Точно е дека се запленети речиси 4,5 тони, поточно нешто повеќе од 4,3 тони путер со поминат рок, но повеќе детали ќе кажеме во текот на утрешниот ден“. изјавил Бабовски за „360 степени“. Вчера, вицепремиерот Љупчо Николовски на Фејсбук објави дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. „Производот е затекнат…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе поднесе тужба за клетева против пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Миле Лефков, кој изминатите недколку дена одржа серија прес конференција на тема набавката на вакцините од Кина. „Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините“,…

Read More

Фантом фирмата „Стабри интернешенал“ преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година. Ова се документи од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека таа е формирана на 22 септември 2017 година, обелодени Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – На фантом фирмата „Стабри интернешенал“ според нашите документи и се префрлени 12.5 милиони долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100 отсо повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено…

Read More

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик“…

Read More

Бизнисменот Орце Камчев ќе биде спроведен во истражниот затвор „Шутка”, откако судија на претходна постапка му одреди притвор на барање на обвинителката Лиле Стефанова. Притворот му е одреден во траење од 30 дена, а како осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”. Камчев утрово беше приведен откако Агенцијата за национална безбедност добила информации дека се спрема за бегство, по што го известила Обвинителството. Случајот “Плацевите на Водно” ја отвори СЈО, односно обвинителката Лиле Стефанова. Покрај Камчев, во овој случај осомничени се и Никола Груевски, како и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ратка Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ. Истрагата покажала…

Read More

Проектот во Александрополис, Грција, кој предвидува изградба на терминал за гас и гасна централа има европско значење. Компанијата Гастрејд, која е главна во проектот, потпиша договор за аквизиција на 20 отсто од својот основен капитал од страна на ДЕСФА С.А., сопственик и оператор на Националниот систем за пренос на природен гас на Грција. „Ова е европски проект од заеднички интерес, приоритетен проект на Европската унија, кој ја зајакнува безбедноста на снабдувањето, ги диверзифицира изворите и патиштата за снабдување со енергија, ја зајакнува конкуренцијата и поддржува воспоставување природен гас трговски центар во поширокиот регион на Југоисточна Европа, носејќи очигледни придобивки за…

Read More

С.Македонија е потписник на заедничката изјава на Советот за човекови права, која ја повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода. Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација. „Апсењето и следното изрекување на казната на Навални се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. Тоа се случи во контекст на обид да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно…

Read More

Муамед Сејдини и следните четири години ќе ја извршува претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини на денешното Изборно собрание ја доби поддршката на сите 52 присутни делегати. Во текот на Собранието на ФФМ, претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, преку видео-обраќање му искажа поддршка на Сејдини и предвреме му го честиташе новиот мандат. Муамед Сејдини се заблагодари на поддршката на присутните делегати и побара прошка доколку направил грешки во изминатиот двегодишен период на чело на ФФМ. Тој исто така ја повика Агенцијата за млади и спорт, преку разговори да се решат спорните моменти. – Отворени сме преку…

Read More