Author: Нова ТВ

Како долгогодишна судијка со професионална кариера градена низ судските скалила, свесна сум со предизвиците со кои ќе се соочам, но правната држава мора да има целосен и функционален систем, а тоа е еден од моите приоритети како претседател на Врховниот суд, каде ќе се гарантира правдата да биде достапна за сите граѓани и во државата да владее правото и правдата, како и почитување на слободите и правата на граѓанинот, изјави судијката Беса Адеми, која денеска пред Судскиот совет даде свечена заклетва како претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија. – Се обврзувам пред јавноста заедно со моите колеги од…

Read More

Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Тој ги повика сите микро и мали компании, занаетчии и жени претприемачи да ја искористат финансиската поддршка која што им ја нуди Министерството за економија. Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање…

Read More

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи на Економскиот форум во Тирана го издигна на ниво на нов услов билатералниот спор со Софија, порачувајќи дека Македонија за него треба да најде „заеднички прифатливо решение со Бугарија“. Тој рече дека ЕУ ветила дека целиот Западен Балкан ќе биде дел од Унијата, но пропуштила да одговори позитивно кога земјите одговориле на барањата за реформи. Сепак, тој се надева дека првата меѓувладина конференција за Македонија и за Албанија, која според него сега ги исполнува условите, ќе се одржи што поскоро и за време на португалското претседателство. ЕК, рече Вархеји, смета дека сите услови да се…

Read More

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, критикуваше бројни примери на т.н. национализам за вакцини, правење залихи и складирање на вакцини и склучување договори со производители на вакцини кои ограничуваат еднаков глобален пристап до вакцини. Во изјавата издадена на годишнината од официјалното прогласување на пандемијата, Гутереш предупреди дека „глобалната кампања за вакцинација е најголемиот морален тест за нашето време“, објави АП. Тој посочи дека е од суштинско значење сите луѓе да бидат вакцинирани, потсетувајќи дека многу посиромашни земји досега не успеаја да набават единствена доза на вакцина, како и „повторно да ја стартуваат глобалната економија и да му помогнат на светот…

Read More

Во тек се подготовките за спроведување на пописот во земјава што треба да почне на 1 април. Државниот завод за статистика вели дека не е побарано негово одложување заради Ковид-19, а надлежните тврдат дека се обезбедени сите здравствени протоколи за безбедност на попишувачите. Во меѓувреме, опозицијата со писмо до меѓународни фактори бара одложување на пописот за во септември. Државниот завод за статистика вчера ги отфрли пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на Пописот заради состојбата со коронавирусот. Заводот информира дека забрзано се подготвува за теренските пописни активности кои се одвиваат во согласност со планираните рокови. -Сите мерки предвидени со…

Read More

Централиот регистар го продолжи рокот за достаување годишна сметка  до 25 март 2021 година. -Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот, информираат од Централниот регистар. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот, како што наведуваат, се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем…

Read More

Субвенции за плати, самовработување, практиканство, обуки, гаранција за млади се дел од мерките, предвидува новиот Оперативниот план за вработување. Помошта ќе се дели и врз основа на правична застапеност по секаква основа. „Кога на еден оглас што ќе го објави Агенцијата за вработување ќе се јават пет кандидати од различна етничка припадност, тогаш при изборот на кандидатите кои ги исполнуваат условите треба да биде отсликана сликата на нашето општество во делот на етничката припадност на кандидатите. Кога тие еднакво ги исполнуваат условите ќе се гледа да бидат застапени на ист принцип како што се застапени во општеството што е правично.“…

Read More

Здравествените власти очекуваат сегашните рестрикции да дадат резултат иако продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Состојбата внимателно се следи и од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има нови мерки. На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје се хоспитализирани 350, а во другите градови 566 лица. Во ковид-центрите има околу 280 празни болнички кревети. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба…

Read More

Не бегам од свикување лидерска средба за отворените политички теми, но прашање е дали би била успешна, од помош може да биде вклучување на меѓународниот фактор, истакна претседателот Стево Пендаровски во интервју на Телевизија 21. – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во изминатиот период имаа средби за одредени прашања и беа непродуктивни. Ако тие средби биле неуспешни, зошто би било поинаку ако ги свика претседателот. Не бегам од тоа, но има флоскула дека она што не може да се договори во Собранието, комисите,… ќе се договори на лидерска средба. Тоа би можело само ако се вклучи меѓународен фактор, инаку шансите за успех…

Read More

Македонската ракометна репрезентација вечерва на селекторското деби на капитенот Кирил Лазаров во блескаво издание триумфираше над неодамна крунисаниот светски првак Данска со 33:29 (17:13) во рамки на третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Со сигурен напад во првиот дел и цврста одбрана предводена од одличниот Никола Митревски со девет одбрани, македонските ракометари ја лимитираа Данска на само 13 голови во првите 30 минути обезбедувајќи предност на полувреме од четири голови разлика. Македонскиот состав со повратникот во репрезентацијата Филип Миркуловски продолжи во ист стил во вториот дел и со серија од 4:0 стигна до највисоки плус осум, 25:17,…

Read More

Европската Унија обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Во врска со Фондот за солидарност на ЕУ, според нашите сознанија Северна Македонија не ги исполни поставените критериуми во моментот на аплицирање. Ова го наведоа Делегацијата на ЕУ во земјава во одговор на прашањето на МИА во врска со реакциите дека Северна Македонија не е меѓу земјите, кои ќе добијат средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ. -ЕУ обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот…

Read More