Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Владата ги подготви законските измени кои ја дефинираат недела како неработен ден. Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во недела, а се дел од овие дејности, како и 100 отсто поголема дневница и слободен ден за за оние кои ќе работат во несуштинските дејности, што е регулирано со Законот за трговија. Со оглед на тоа што законски утврдените консултации завршија, се очекува уште овој…
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го…
Министерството за надвореши работи денеска во песрет на Денот на Европа организираше настан на кој младите од земјава упатија пораки до ЕУ дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од европското семејство и оти сега ЕУ е на потег. Во своето обраќање на настанот, министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека денеска им го остава микрофонот на младите за да се чуе нивниот глас за она за што политичарите премногу долго го повторуваат – ЕУ и да го дигнат гласот за реформи, за правната држава, за борбата против корупцијата, за сопствената иднина. -Овој 9 мај е во година…
Одвојувањето на Албанија и Македонија во процесот на проширувањето како нов обид за актуелизација на нон пејперот на Јанша
Министерството за внатрешни работи продолжи со спроведување на засилени акциски контроли на делницата од Штип до Берово. Како што истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес – конференција во Делчево, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 133 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. – Од овие санкции, 117 се надвор од населено место, а 16 во населено место. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат, изјави Ангеловски. Додаде дека како резултат на преземените мерки бројот на жртви во…
СДСМ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека не се откажуваат од блокада на законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години. -Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски, со лаги, конструкции и преку парцијални документи го саботира овој закон и создава конфузија во јавноста. Сето тоа на штета на здравствениот систем и граѓаните, тврдат од СДСМ. Според нив, со предлог законот се предвидува изградба на нов, современ и функционален универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе гарантира висококвалитетни здравствени услуги на населението во целата држава…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави оти не мисли дека Република Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздовени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение за што веќе има политичка одлука. -Прво, мислам дека погрешна е дебатата што се насочува во јавноста. Ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не, тоа е прашање на Албанија. Ние го…
Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе се сретне со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, потврдиле од Владата за „360 степени“. На средбата се очекува да се разговара за последните изјави на еврокомесарот за проширување, Оливер Вахељи, кој рече дека е можно Македонија и Албанија да се одвојат во процесот за пристапување кон ЕУ. Од Владата засега не соопштуваат детали околу средбата.
Четири дневни центри за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност, како и професионална ориентација и рехабилитација во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на посетата во Радовиш. На лицата со тешки пречки во телесниот развој им се обезбедува дневно згрижување, рехабилитација, психомоторна реедукација, индивидуална дефектолошка помош и поддршка, работно-производна активност, работна терапија и други активности и тоа преку Центарот за развој на…
„Северна Македонија има недостатог од домашна продукција. Сведоци сме на информативни, културни и едукативни содржини во македонскиот етер на други јазици, од други држави. Медиумскиот фонд, од каде би се издвојувале средства за истражувачки медиумски проекти и средства за проекти од јавен интерес, би помогнал во продукција на македонски јазик и на јазиците што се зборуваат во нашата земја“ изјави Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во неговото гостување на „Тера ТВ“. „Таквиот предлог има пристанато од повеќе страни дури, таков медиумски фонд, тоа не е нова идеја. Дигитално е живеењето денес. Гледаме непречено содржини од соседите и други…
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Како што нотира агенцијата, рејтингот на РС Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Како што соопшти Министерството за финансии, агенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што истиот главно ќе зависи од пандемијата во РС Македонија и главните извозни пазари. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една…
Нефункционалните кредити се сведоа на историски најниско ниво, додека депозитите продолжија да растат. Ова се едни од причините поради коишто „Централ бенкинг“ ја издвои Анита Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот, коишто успешно се справуваат со актуелната криза, поврзана со ковид-19. Ова го истакнуваат од „Гласот на Америка“, во интервју со гувернерката на Народната банка. „Огромно задоволство за мене и за моите колеги, затоа што Народната банка, не е еден човек, таа е институција. Заедно успеваме успешно да се справиме со невидени предизвици со коишто се справуваат речиси сите централни банки во светот. Во таква тешка ситуација, успеавме да ја…