Author: Нова ТВ

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ рече дека Србија „работи неверојатно на нејзина штета“ и додаде дека сега се ослободува духот на омраза од шишето кон Црна Гора и сè кон Црна Гора, поради што односите меѓу двете земји се на најниско можно ниво денес. „Србија работи неверојатно на нејзина штета. Нема потреба да го докажувам тоа, јас сум актер во политичкиот живот 30 години, ги следев 90-тите години на минатиот век, планот „з-4“ понуден за Хрватска, плановите понудени за Босна, Рамбује… Сето ова беше арогантно, грубо и набрзина одбиено, и сето тоа заврши со сериозни загуби за Србија и за оние…

Read More

Во своето гостување во „Студио 10“, Имер Селмани се осврна на довербата на Владата и нејзиното делување во моментов. Посочи дека не очекуваат тешки предизвици и го оцени потегот на Заев како исклучително храбар. „Исклучително храбар потег беше тој вчера на Заев. Ја демантираше опозицијата која тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Очигледно е дека СДСМ има вишок на демократски капацитет по балканските норми. И јавноста погрешно ја протолкува одлуката на малите партии независно да настапуваат во Собранието. Во ова невреме, кога имаме потреба да се фокусираме на економското закрепнување и треба секојдневно да се бориме со Ковид…

Read More

Екс министерот за здравство и дел од поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров на својот фејсбук профил ја посочи разочараноста од вчерашните потези на партијата. Имено, тој вели дека најголемиот проблем е што опстојува Владата предводена од Заев и СДСМ. „Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, вчерашниот ден беше разочарувачки за сите нас од три причини. Прво, владата на Заев опстана. Не и беше изгласана недоверба и овој факт не може и не смее да го направи среќен било кој наш член или симпатизер без разлика дали се согласува или не со политиките на актуелното раководство. Никогаш не сум…

Read More

Премиерот Зоран Заев, придружуван од  директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски се сретна со раководството на италијанската индустриска групација „Витило“, сопственикот и управител Антонио Витило и Чиријако Ло Конте, директор на „Витек Македонија“. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е објавено дека странскиот инвеститор, којшто е присутен во нашата држава од 2011 година, одлучил да инвестира нови 10 милиони евра во земјава, во рамки на третата фаза од планираната инвестиција, што е речиси стопроцентно зголемување на досегашните инвестиции од над 11 милиони евра, реализирани во првата и втората фаза. Како што стои во соопштението, на состанокот е изразено…

Read More

Да се внимава на наративот и да се избегнуваат провокации. Да се практикуваат европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително да ги зацврсти билатералните релации меѓу Севрена Макеоднија и Бугарија, порачаа македонските официјални претставници по последните вести од Софија дека бугарскиот претседател Румен Радев ги свикал на состанок шефовите на безбедносните служби, за наводното непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во земјава. Владата преку портпаролот Душко Арсовски вчера го повтори ставот во врска со разговорите со Бугарија дека треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот и оти не доликува на…

Read More

Приходите од странски туристи за девет месеци од 2020 година биле околу 100 милиони евра, а за колкав пад станува збор најдобро зборува фактот дека во истиот период во 2019 година приходите изнесувале 978 милиони евра

Read More

Сведоци сме на бројни истражувања, анализи и извештаи кои наведуваат дека работните места ќе бидат многу поразлични во претстојниот период, односно предвидувањата се дека дури 50% од работните места ќе се автоматизираат, а за дури 90% ќе биде потребно поседување на дигитални вештини. На овие теми неодамна истражуваше и македонската компанија за едукација Brainster, која на својата нова платформа Future of Jobs ги посочува најновите трендови за професиите на иднината, и тоа базирани на кредибилни глобални истражувања, но истовремено ги наведува и клучните предизвици на македонскиот ИКТ пазар, како и потенцијалите за раст. Заклучокот е еден: тоа е дека иднината веќе ја…

Read More

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Фотографиите и видеото од настанот ги објави агенцијата „Мета“. Фото: принтскрин НАТО мултимедија Фото: принтскрин НАТО мултимедија Фото: принтскрин НАТО мултимедија Фото: принтскрин НАТО мултимедија Фото: принтскрин НАТО мултимедија Фото: принтскрин НАТО мултимедија…

Read More

Тоа што Зоран Заев на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата, никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид-зараза тие денови ќе поминат.…

Read More

Со 62 гласа „за“, ниту еден еден против и ниту еден воздржан, но и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците попладнево ѝ изгласаа доверба на Владата откако тоа го побара премиерот, Зоран Заев од собраниската говорница. ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата на која се гласаше довербата на Владата. Непосредно пред гласањето, Заев уште еднаш се обрати пред пратениците и повтори дека барањето усно го поднесе поради деструктивното однесување на опозицијата со цел блокирање на реформите во државата. -Како и во 2019, така и во 2020, а гледам дека истото го прават и во оваа година. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по…

Read More

Чешките болници пријавија рекорден број на пациенти со КОВИД-19, покажуваат податоците објавени во средата. Вкупно 8.162 пациенти се лекуваат од КОВИД во болниците, а Министерството за здравство посочува дека ова е најголем број од избувнувањето на пандемијата. 1.600 од нив имаат многу тешка форма на болеста, поради што се ставаат на респиратори. Во последните 24 часа биле евидентирани 16.642 нови случаи на инфекција. Во текот на изминатата недела имало 780 заразени на 100.000 жители. Во источна Чешла е активиран план за итни случаи затоа што болничките установи се пред „пукање“.

Read More