Author: Нова ТВ

Дилемата дали ќе се укинува Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност изнесена од акадамик Коцарев е чиста измислица и опасна манипулација во во годината на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на нашиот патрон и професор – Блаже Конески, вели проф. др. Искра Пановска – Димкова. -Во однос на тврдењата за укинување на Катедрата за македонски јазик, изнесени по медиумите од страна на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, сакам да укажам дека станува збор за чисти измислици, но и уште пострашно за опасни манипулации и инсинуации истовремено. За жал, тоа се случува токму во годината на чествувањето на…

Read More

ас ја гледам позицијата на Бугарија како пречка на патот кон ЕУ. Но, важното е да не се разочарувате секој пат кога има пречка на патот, продолжете натаму, спроведете ги реформите и ќе ве поздравиме како членка, вели амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ. Прашан дали има ли надеж за Македонија по бугарското вето и дали е реално да се очекува одржување на меѓувладината конференција за време на португалското претседателство, амбасадорот Јан Коп вели дека не мисли оти тоа e толку важно. Она што е важно, нагласува, е што во последната година оваа земја доби зелено светло за започнување пристапни…

Read More

Нашите ставови се различни од изнесените ставови на господинот Љубчо Георгиевски, рече пратеничката Марија Георгиевска. – СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани ставови околу ова прашање. Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Ниту се разговарало, ниту во иднина ќе се разговра на оваа тема. Ставовите на господинот Љубчо Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки – рече Георгиевска.

Read More

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме делови од еден затворени систем на врзани садови, а вирусот може да се победи некаде, само ако е поразен насекаде. Но пандемијата покажа и дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, истакна епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој беше предавач во онлајн дискусија што секоја недела ја организира Лекарската комора на РСМ, со цел размена на најновите сознанија и искуства во лекувањето на Ковид-19 меѓу здравствените професионалци. „Стана јасно дека никој не може да се преправа дека може да…

Read More

Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово реагираше на вчерашната објава на поранешниот лидер на оваа партија и експремиер кој даде предлог-акциски план за подобрување на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија. „Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, сака…

Read More

Посетата на папата Францискo на Ирак нема да биде одложена, иако амбасадорот на Ватикан во Ирак, кој требаше да игра важна улога при неговото доаѓање во земјата најавено за следната недела, е позитивен на коронавирусот. Амбасадорот, надбискупот Митја Лесковар, кој требаше да биде клучна личност за време на посетата на Папата од 5 до 8 март, изјави дека тој и уште неколку членови на Амбасадата на Ватикан во Ирак кои се позитивни на вирусот се чувствуваат добро и се во самоизолација. Лесковар рече дека поради нивната болест, програмата на Папата нема да биде одложена и дека сè ќе се одржи…

Read More

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од ОЈО Скопје велат дека притворот го бараат од две причини: дека осомничените може да се дадат во бегство или да го повторат делото. „По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид…

Read More

Не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има, изјави министерот за здравство Венко Филипче откако во изминатиот период се бележи благ пораст на бројот на новозаразени и честа појава на случаи со мутираниот, британски сој на вирусот. – Нема таква индиција поради тоа што порастот не е таков како што беше на почетокот на ноември. Има благ пораст што не е ризик за болничките капацитети, но, секако, е причина граѓаните да бидат апсолутно многу внимателни, рече вчера Филипче. Бројките во здравственот билтен се повторно повисоки од претходното деноноќие – вчера беа регистрирани 721 новозаразен (од 3.816…

Read More

Постпандемиските периоди низ историјата биле периоди на голем напредок и благосостојба. Не сме сигурни дека ќе се случи такво нешто, но секако ќе присуствуваме на единствен психо-социјален експеримент.

Read More

Од утре почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од утре, 1 март до 21 април. Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна,…

Read More

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов утринава се прости од својот колега од Загреб, Милан Бандиќ кој синоќа ненадејно починал откако доцна во ноќта му се слошило, по што итно бил хоспитализиран во загребската болница „Свети Дух“. „Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир Милане !!!“, напиша Шилегов на Фејсбук. Со шесте градоначалнички мандата зад себе, Милан Бандиќ заминува како политичар кој цели 20 години беше на челната позиција во…

Read More

Воопшто не стана збор за оставки, одговори Али Ахмети на новинарско прашање дали се барала оставка од првиот вицепремиер Артан Груби на состанокот кој денеска го одржа Централното претседателство на ДУИ. „Беше разговарано за принципи, стратегија, за програма, за обврските кои не очекуваат како влада. Но, се разбира треба да се даде отчет и никогаш не сум побарал да се спречи поинаквото мислење, секогаш сум бил поборник и сум охрабрувал работите да се кажуваат отворено со цел секој да ја објасни работата што ја прави. Функционерите се должни да дадат отчет пред органите на партијата бидејќи партијата е таа која…

Read More