Author: Нова ТВ

Германските царински службеници соопштија дека на пристаништето во Хамбург заплениле повеќе од 16 тони кокаин, сокриени во контејнери од Парагвај. Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа, јавуваат француските медиуми. „Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра“, се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари. Во врска со шверцот на кокаинот вчера во Холандија бил уапсен 28-годишен маж, се додава во соопштението на германската Царинска управа

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка 3.510 дози вакцини на производителот Фајзер кои се донација од вкупно 8 илјади дози од соседна Србија. Филипче ја прими донацијата од неговиот српски колега Златибор Лончар. Тие двајцата ја претоварија пратката од автомобилот, со кој српските власти ги транспортирале вакцините до Табановце, во возило на македонското здравство. Првата пратка од 4.680 дози вакцини Фајзер од Србија пристигна во нашата земја на 14 февруари. Со оваа втора пратка, Србија вкупно ѝ донираше на Македдонија 8.190 дози. Министерот Филипче истакна дека овие вакцини ќе бидат доволни за вакцинирање…

Read More

Политичката поддршка на Словачка за Северна Македонија за почеток на преговори со Европската Унија е многу јасна и ние сме посветени на таа поддршка, изјави денеска Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), кој учествуваше на онлајн дебатата на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија „Аерозагадувањето од аспект на загревањето на домаќинствата и јавните установи“. -Јасната поддршка за почеток на преговори беше потврдена од страна на Словачка заедно со Република Чешка, на крајот од минатата година, на Самитот на ЕУ, каде што овие две земји одбија да се согласат со неправичните услови што ги наметнаа некои…

Read More

Продолжува растот на платите од месец во месец. Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари, објави на неговиот ФБ профил премиерот Зоран Заев. – Посветени сме на покачување на платите за да стигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша премиерот Заев.

Read More

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) започнува нова програма за зголемување на соработката меѓу стартапите и корпоративниот сектор. Целта е да се мотивираат големите корпорации во партнерство со ФИТР активно да се вклучат во развојот на македонскиот стартап еко систем. Програмата за корпоративна иновативност, што се воведува првпат, подразбира финансиска и техничка помош што ќе ја обезбеди ФИТР во завршните фази, односно во делот на пласирањето на иновативниот производ на пазарите и неговото унапредување. Од ФИТР велат дека бенефит ќе имаат и двете страни. Стартапите полесно ќе го пласираат својот иновативен производ на пазарот, а корпоративниот сектор ќе ја…

Read More

За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението, најави министерот за правда Бојан Маричиќ, откако утрово бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. -Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението. Тоа што е многу важно е дека „Евростат“ и директно потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството, односно највисоките стандарди за спроведување на ваква статистичка операција, напиша на Фејсбук министерот Маричиќ.…

Read More

Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, објави денес дека досега се вакцинирале 1.510 медицински лица, а министерот Венко Филипче ќе ја прими втората донација со вакцини од Србија. Фокусот на новинарите сепак беше околу бегството и враќањето на Сашо Мијалков, но немаше нови детали за соопштување. Портпаролот Душко Арсовски го повтори ставот на Владата дека институциите ги превзеле сите редовни и вонредни мерки и дека нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот. -Институциите ги превзедоа сите редовни и вонредни мерки за бегството на Сашо Мијалков. Тој се пријави во обвинителството и обезбеден е неговиот домашен притвор. Координацијата на…

Read More

„За исчезнувањето на Сашо Мијалков мораше да реагира државата. Доколку тој избегаше, ќе беше лошо“, рече градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев за емисијата „Студио 10“. Според него, самиот Мијалков сам ќе каже зошто го немало, но оваа показна вежба треба да поттикне сите да се преиспитаме и дека граѓаните ја губат довербата во институциите. За случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев вели дека е еден од оние кои бараат смена на Мицкоски. „Има многу аргументи, но по толку загуби и негативни ситуации, мора да даде оставка. Треба нов лидер со харизма“, рече Јанчев, нагласувајќи дека би се кандидирал за претседател на…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денес на прес-конференција изјави дека е отворен за средби со угостителите, со цел да се изнајде решение. „Мислам дека решенијата се веќе изнајдени само треба соодветно да ги искомуницираме. Во овој момент битно е дали и колку ќе излеземе помалку погодени од кризата, а не дали сме погодени. Сите сме погодени од кризата, некој е погоден здравствено, а некој економски, но на крај од кризата ќе треба сите заедно да седнеме и да видиме како да заздравиме од кризата. Затоа сум отворен да седнам да разговарам со секој еден кој смета дека има потреба…

Read More

„Клупата на Горан Стефановски, малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје“, објави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Тој очекува наскоро да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја постави во Дебар Маало. Уште во октомври лани синот на Горан, Игор Стефановски, соопшти дека клупата е готова. „Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него,“ напиша тогаш тој на Фејсбук.

Read More

Премиерот Бојко Борисов предизвика метеж низ целиот свет со кршење на протоколот и подарување „Каракачанка“ на рускиот претседател Владимир Путин. Но, тоа е Бугарија, уникатна држава, која според последните информации  како подарок за збогум му дала бугарско државјанство на Сергеј Андронов, Русин од енергетската компанија „Лукоил“ со што, и покрај санкциите кон оваа компанија од страна на Брисел, му овозможиле слободен пристап во ЕУ. Ова го пишува бугарскиот медиум „Медиапоол“, откако бугарските политичари ја обвинија Македонија за врски со Русија иако бара да стане членка на Европската унија. Практично, нивната политика ја пресликуваат на нашата држава, па не обвинуваат. Сергеј…

Read More

Сашо Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена. Тој цело време бил во Скопје. Се преземаа низа на опсежни мерки за негово утврдување, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за емисијата „Утрински брифинг“. -Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата.…

Read More