Author: Нова ТВ

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска во „Топ Тема“ изјави дека мерката за поддршка на плати покажала добри резултати кај компаниите кои ја искористиле. -Мерката за давање поддршка за плати навистина даде резултати и добро е таа што продолжува и во новиот пакет и доколку се покаже како потреба и во наредниот период верувам дека владата ќе има слух и дополнително да се продолжи за оние кои навистина им е неопходна за преживување. Верувам дека на оние на кои добро им одеше за време на кризата би требало да ја покажат својата солидарност и да не црпат од…

Read More

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во изјава за „Локално“ вели дека настапот како независен пратеник е различно од напуштање на парламентарно мнозинство и дел од коалицијата „Можеме“. -Како пратеник и преседател на Демократскиот сојуз во парламентот настапувам самостојно и со автентични ставови по многу прашања. Настапот како независен пратеник е различно од напуштање на парламентарно мнозинство и дел од коалицијата „Можеме“. Деловникот дава можност пратениците да дејствуваат во пратенички групи или како независни пратеници. ДС е дел од парламентарното мнозибство и таа позиција останува, изјави Трајанов. За најавите за предвремени парламентарни избори тој вели дека останува на истите ставови…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на дводневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, неговата висост Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Како што соопшти МНР, двајцата министри изразиле задоволство за првата официјална посета на ОАЕ од Северна Македонија, на ниво на министри за надворешни работи, која, пак, се одвива во пресрет на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Во фокусот на средбата биле потенцијалите за интензивирање на економската соработка, преку поголемо вмрежување на стопанските комори и приватниот сектор, како и учеството на…

Read More

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска во изјава за ТВ Сител негира дека информацијата за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков протекла од кај нив. – Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов со веќе изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор, така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јоханес Хајдекер, економски експерт од Сојузна Република Германија, кој доаѓа на местото на досегашниот германски советник Валтер Дефа, со тоа што во следните две години ќе биде редовно ангажиран во Владата и ќе работи активно со економскиот тим. На состанокот е поздравен фокусот на премиерот Заев и на Владата кон развојот на економијата и е разговарано за натамошната имплементација на проектите коишто се работат заедно со Германското друштво за интернационална соработка. Заеднички е констатирано дека е важно креирањето одржливи развојни политики, со воспоставување долгорочни и среднорочни стратешки цели…

Read More

Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по повод бегството на Сашо Мијалков. Министерството за внатрешни работи денеска попладне распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на УБК, кој од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд. Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење…

Read More

Словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок ги повика партнерите во ЕУ однапред да ги испратат набавените вакцини, бидејќи земјата се наоѓа во „трагична“ ситуација со коронавирус со рекорден број случаи. Во Словачка има околу 100 смртни случаи на ден, што е најмногу во светот во однос на населението на неделно ниво. Од вчера, Словачка има 3.672 пациенти во болница со потврден коронавирус. Иван Корчок, пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, изјави дека ќе ги информира своите колеги за сериозната, па дури и трагична ситуација со која мора да се справи Братислава. – Ќе им се обратам,…

Read More

Консултациите со претставниците на средните стручни училишта, компаниите и локалните самоуправи денес продолжија во Општина Берово, каде присуствуваа и градоначалниците на Македонска Каменица, Пробиштип и Делчево. На средбата министерката за образование и наука Мила Царовска, уште еднаш ја истакна потребата од блиска соработка помеѓу стручните училишта и компаниите, напоменувајќи дека само со заедничка визија и реализација на средното стручно образование добиваат сите учесници. „Учениците добиваат феријална пракса со што одблизу се запознаваат со дејноста и струката која ја изучуваат, додека компаниите имаат можност да регрутираат кадар, по завршување на средното образование и со тоа да овозможат непречен развој на производството…

Read More

Слободни и фер избори, од една страна, и управување според волјата на народот – од друга страна, се предуслови за силна демократија, но, само 37 проценти од граѓаните кои живеат во демократските земји се согласуваат дека овие два предуслова се исполнети во нивните земји, една третина (33 проценти) од анкетираните изјавуваат дека ниту еден предуслов од овие два не се исполнети, а 23 проценти веруваат дека само еден од нив е исполнет во нивната земја. Ова се дел од резултатите на најновото глобално истражување Гласот на народот (VOP), спроведено од Gallup International Association (Галуп Интернејшенел) кое седум децении ја следи…

Read More

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, побара истрага во најкус можен рок за тоа како се случило бегството на Сашо Мијалков и целосно расветлување на случајот, и доколку има пропусти од надлежните институции да се понесе одговорност. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, вели Пендаровски. Тој нагласува дека институциите треба да ги преземат сите мерки за да биде спроведено решението за куќен притвор на поранешниот директор на УБК. „Граѓаните бараат…

Read More

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција смета дека постојат основи за сомнеж дека некој му помогнал на ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, да избега од причина што кога го поднеле предлогот за притвор, тој не бил во бегство, пишува 360 Степени. „Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, Обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги…

Read More