Author: Нова ТВ

Овој викенд се одбележува една година откако Италија беше прва во Европа што воведе блокада поради Ковид-19 – затворањето опфати одредени региони, како што се Ломбардија и Емилија-Ромања, и специфични сектори, како што се дел од училиштата, и драстичните мерки што го шокираа светот, пишува Гардијан. Во тоа време, Италија имаше 152 регистрирани случаи и три смртни случаи од ковид, па се изгледаше како прекумерна реакција, се додава во текстот. Сепак, како одминуваа деновите, мерките стануваа се порестриктивни – до 4 март, сите училишта во Италија беа затворени, а една недела подоцна, целата земја беше под блокада. До 12 март…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание со чие донесување ќе се овозможат активности за изградбата на новиот клинички центар планиран на локација во Ѓорче Петров. Партиските разлики, порача денеска ресорниот министер,  треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните. За изградбата на новиот клинички центар претходеа дебати со експерти и пратеници, целиот процес е јавен и транспарентен, а новото законско решение е можност со опозицијата заеднички да се направи нешто што е важно за граѓаните. -Жалам што со 2000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во…

Read More

Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа „не“ на Зоран Заев за фалсификат попис, тврди ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи практично кампања за бојкот на оваа статистичка операција. -Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис. Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки. Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири. Пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, нудејќи како опција…

Read More

Немам сомнеж во стабилноста на Северна Македонија и сум голем оптимист во однос на процесот на проширување на Европската Унија. Јапонија е силно посветена на поддршката за Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Иницијативата за соработка со земјите од Западен Балкан ја демонстрира таа посветеност. Ова го потенцира новиот јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада во интервју за МИА, одговарајќи на прашањето дали Јапонија гледа стабилност во Северна Македонија, во смисол на инвестирање во земјава. Амбасадорот Савада нагласи дека во таа насока е воспоставена и Иницијативата за соработка со Западен Балкан, која најпрво промовира билатерални дијалози на високо ниво…

Read More

„Сите треба да сме свесни дека демократијата значи функционирање на правилата, што значи дека во еден систем кога зборуваме за политичка партија имаме закон за политика партија, но кога зборуваме за конкретна политичка партија таа има статут и мислам дека проблемите во едно семејство, како што е ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека проблемите не треба да ги решаваме преку јавниот дискурс, туку внатре во семејството, да излеземе обединети и да бидеме вистинска алтернатива и тоа да го покажеме час поскоро, бидејќи доаѓаат локални избори, граѓаните се крајно незадоволни од ова владеење на градоначалниците“, вели во интервју за РСЕ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Додава…

Read More

„Ги повикувам ВМРО ДПМНЕ и нивните портали да престанат да ги плукаат луѓето во Армијата и одбраната. Последните омаловажувања на македонскиот хируршки тим кој е на обука со норвешки експерти за мисија во Авганистан, предизвикаа остра реакција на Норвешка. Лажни обвинувања на сметка на својата земја!„- реагираше вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска.  По написите во некои портали во кои се омаловажува македонскиот хируршки тим кој е на обука со норвешки експерти за мисија во Авганистан, норвешкото аташе Егил Далтвеит до Министерството за одбрана испрати официјална изјава во која изразува остра реакција за објавените лаги. Вп изјавата стои: „Одбранбеното аташе…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, соопшти вечерва Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во ковид-центрите и со ковид-пациенти не смее да се вакцинира. – Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, ја пренесува МЗ изјавата на…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, жестоко ѝ одговори на бугарската шефица на дипломатијата по нејзините тврдења дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ. Па и дека тоа било  помалку и од Србија. „Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%“, напиша Димитров на Фејсбук. Захариева досега покажуваше завидно незнаење за многу области, но со оваа изјава веќе почнува да манипулира, затоа што документите на ЕУ покажуваат сосема поинакви факти. Димитров го наведува делот…

Read More

Владиното себе рекламирање и натаму треба да остане забрането, но во исто време неопходно е да се дефинираат механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102, сметаат од Владата. – Измената на член 102 е со цел да се овозможи институциите да можат да реализираат јавни комуникации (кампањи) од исклучителен јавен интерес и преку радиодифузерите, на теми кои се од витално значење за граѓаните и државата, како што е на пример вакцинацијата, антикорупцијата, справувањето со дезинформациите и слично, посочуваат од Владата. Членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

Read More

Отворањето на „Европска куќа“ во Струмица е уште едно успешно поглавје и попатна станица до вистинската цел – членството на Северна Македонија во Европската Унија. Овој нов и модерно организиран простор за младите од Струмица, ќе биде место за средби, дискусии, информирање и учење. Место за организирање настани, за гледање филмови, и за различни други културни забавни активности, напиша премиерот Зоран Заев. Тој напиша дека оваа „Европска куќа“ е ЕВРОПСКИ ДОМ за младите струмичани. -Младите како вистински препознавачи на европските вредности го заслужуваат своето место во ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО, заедно со сите свои врсници од земјава и со врсниците од Европа,…

Read More

Скопјани денеска ќе можат да се простат од легендата Ѓорѓе Балашевиќ пред платото на Универзална сала од 19 часот. По пример и на другите главни градови од бившите ЈУ-републики, каде српскиот пејач и кантавтор остави траен белег на многу генерации, неговите македонски фанови ќе можат да се простат сонего. „Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда“, стои во најавата.

Read More

Прашањето за личните карти во Европската унија е на ниво на националните законодавства на земјите членки, но во август 2021 година стапува во сила Општата регулатива за заштита на податоците – ГДПР, согласно која процесирањето на информации како што се етничка и религиозна припадност се забранети. Кај нас дебатата за правото на граѓаните доколку сакаат на својата лична карта да имаат и етничка припадност е отворена, а како земја кандидат за членство во ЕУ императив е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива. Ова го порачаа Евроамбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вметнувањето на…

Read More