Author: Нова ТВ
Соединетите држави од денеска и официјално се дел од Парискиот климатски договор. Станува збор за план за борба против климатски промени, договорен од Обединетите нации на конференцијата која во 2015 година се одржа во Париз. За да стапи на сила, договорот бараше ратификација на 55 земји. Договорот го потпишаа 191 земја, но 62 го имаат и ратификувано. Договорот предвидува лесен проток на финансии и технологија. Претседателот на Соединетите држави Џо Бајден потпиша извршна наредба да се приклучи на Парискиот договор за климата на првиот ден од неговото преземање на функцијата на 21 јануари 2021 година. Во 2017 година, претседателот Доналд…
Владата на Република Северна Македонија на денешната 46-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19. За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина” значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во…
„СДСМ и со петтиот пакет економски мерки продолжува со спас на работните места и градење на стабилна, развојна економија, што треба да обезбеди враќање на претходните стапки на економски раст меѓу четири и пет отсто. Првата мерка од петтиот пакет е финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година во вредност од 1 милијарда 920 милиони денари, со која ќе бидат опфатени 60.000 вработени“, стои во соопштението на СДСМ. Според нив, поддршката и овој пат ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа…
Интересно е, сепак, зошто се менува името на улицата Борис Сарафов. Оваа улица нема да го носи името на револуционерот, кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше во седиштето на Илинденското востание. Па, нема сомнеж дека Борис Сарафов е Бугарин. Неговата единствена „вина“ за оние во Скопје очигледно е дека тој е Бугарин и дека е офицер во бугарската армија. Исто така, да ги потсетам дека заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов е дипломирал на бугарско воено училиште во Софија. Едниот го прогласувате за Македонец, а демонстративно го исфрлате неговиот брат Борис Сарафов од вашата историја“, напишал бугарскиот…
На 79 годишна возраст во Прилеп почина познатиот новинар Тачко Локвенец, Тој беше познат новинар многу пошироко од неговиот град, мајстор на пишаниот збор, со свој разигран и препознатлив стил. Локвенец работеше за весникот „Нова Македонија“, Радио Прилеп, „Народен глас“, го издаваше и својот весник „Порта”. Посебен печат Локвенец остави во весникот „Нова Македонија“ за која долги години работеше како дописник од Прилеп, но често пати пишуваше и за теми од Македонија, Југославија и пошироко. Читателите бездруго ја паметат неговата рубрика „Во Прилеп се зборува… и молчи” преку која, навлегувајќи во судбината на луѓето низ приказните од судницата, градеше слика…
Република Северна Македонија годинава ќе претседава со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги презентираат приоритетите за 2021 година за ЦЕФТА под претседателство на земјава. Преземањето на водството во спроведување на приоритетните активности се планира да се изврши преку спроведување на Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) 2021-2024, усвоен за време на Самитот во Софија во ноември 2020 година и поддржан од Европската комисија. Клучните цели на претседателството на Северна Македонија се поддршка на економското закрепнување по кризата со КОВИД-19, привлекување на инвестиции и зголемена…
Вакцинацијата во земјава се одвива веќе два дена. Се вакцинира првата група, здравствените работници, со вакцините од Фајзер, донација од Србија. Вакцинацијата се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а интерес за вакцинирање изразиле 70 отсто од здравствените работници. Интерес за вакцинација има и кај возрасната група граѓани. Податоците објавени од Министерството за здравство покажуваат дека од 85 179 лица кои се заинтересирани да примат вакцина, 38 илјади се над 70-годишна возраст. Со Сојузот на здруженија на пензионери вчера средба оствари министерот за здравство Венко Филипче на која, како што соопшти, апелирал дека од…
Наместо три екстерни и еден интерен, средношколците во завршна година ќе полагаат два екстерни и два интерни испита и проектна задача на државната матура, а согласно со постигнатиот договор со Владата, најдоцна до 5 март треба повторно да ги регистрираат испитите што ќе ги полагаат односно имаат можност да ги променат тие што ги пријавиле. На средбата со премиерот Зоран Заев, Средношколски сојуз договори да имаат два наместо три екстерни испити, со тоа што третиот екстерен испит се симнува на ранг на интерен, заедно со другиот интерен што веќе го имаат за полагање. Наместо од 29 мај, полагањето на државната…
Во државата има различни ставови од политичките субјекти дали етничката припадност треба да стои во новите лични карти или не. За едни тоа е потребно, за други, пак, не постои такво нешто во светската практика. Додека претседателот на државата Стево Пендаровски не се согласува етничката припадност да биде во личните карти зашто вели тоа го нема во ниту една демократија во светот, премиерот Зоран Заев смета дека е логично понекогаш да имаат различни ставови со претседателот за некои прашања иако веруваат во исти вредности. -Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми…
Со пласманот на претстојното Европско првенство го остваривме сонот на сите претходни генерации фудбалери, изјави вечерва капитенот на репрезентацијата Горан Пандев, по неговото прогласување за најдобар македонски спортист за 2020 година. Пандев поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот не беше во можност да допатува од Италија и лично да ја прими наградата во традиционалниот избор на Агенцијата за млади и спорт, спортските федерации и новинарите, обраќајќи се преку видео врска од Џенова. – Жал ми е што не можам да присуствувам на оваа прекрасна вечер. Голема благодарност за наградата, која е заслуга на сите во репрезентацијата, а за мене ќе…
Честитки за нашето ЕДИНСТВО; честитки за нашата УПОРНОСТ; затоа што со тоа УСПЕАВМЕ да го добиеме заслуженото внимание од институциите, пратениците во Собрание и од Премиерот и да дојдеме до КОМПРОМИС кој ги задоволува нашите барања; не го нарушува системот, а сепак ги штити интереситена сите ученици, напиша на својот фејсбук профил лидерот на Сојузот на средношколци, Бенди Ходаи. Ние не баравме, како што не обвинуваа – да не учиме. Ние не баравме, како што некои тврдеа – да не полагаме. Баравме да бидеме слушнати, баравме промени кои ќе соодветствуваат на реалните услови во кои се изведува наставата, додава Ходаи.…
Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска оствари средба со Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Драган Секуловски извршниот директор и Тамара Грнчароска и Павле Беловски членови на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ). На средбата се разговараше за важноста новинарите да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против КОВИД-19 поради природата на нивната работа и големиот ризик на изложеност на овој вирус. Министерот Филипче на средбата информираше дека согласно Националниот план за КОВИД-19 вакцинација, новинарите и медиумските работници веќе се опфатени во втората фаза за имунизација и спаѓаат…