Author: Нова ТВ

Законското решение се подготвува, а граѓаните навремено ќе бидат информирани и ќе имаат доволно време. Тоа ќе биде во период од 5 месеци, поединечно ќе бидат повикани со распоред кога можат да отидат во јавните комунални препријатија, изјави на прес-конференција, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на прашањето како ќе се одвива отпишувањето на каматите на долговите на граѓаните, согласно петтиот пакет економски мерки. Според вицепремиерот, условите се граѓаните да имаат долгови постари од 3 месеци и да имаат желба за да ги подмират обврските во еден момент кон иституциите, на кои што должат. „Ова ќе биде согласно со…

Read More

Јавна тајна е дека во Северна Македонија како и во многу други земји практично не се зборува за менталното здравје и сексулното насилство. А не па да се зборува за како сексулното насилство го ефектира менталното здравје на жените, девојките и сите останати жртви на овој вид насилство

Read More

„На Македонија и треба сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ. Без сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе продолжи да се чувствува комотно, а нејзината неодговорност ќе оди на штета на сите граѓани и државата. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде пример како се работи отчетно и одговорно. Тој пример треба да го покаже сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски со појавување пред делегатите на вонредниот конгрес закажан за 28 март во Скопје“, стои во најновото соопштение од Иницијативата за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, неговото одбивање да се соочи со сопартијците кои му ја дадоа довербата на вонредниот конгрес во Валандово, може да биде оправдување…

Read More

Од Центарот за граѓански комуникации соопштија дека за ангажирање механизација, работници, сол и чакал за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2020-2021 година, ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра. До овој момент се склучени 94 договори за зимско одржување на улиците и патиштата и за набавка на сол и ризла, најголем дел во 2020 година, а помал дел во 2019 година, но со двегодишна важност. Вакви тендери имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонијапат.…

Read More

Во завршна фаза е усогласувањето на еден единствен акциски план со Бугарија. Владата вчера, преку владиниот портпарол Душко Арсовски, повтори дека нема промена на нашите позиции во преговорите со Бугарија – за македонскиот идентитет, народ и јазик не се разговара и нема да се преговара. Апелира да не се влегува во круг на навреди и обвинувања и говор на омраза кои нема да донесат добро за никого, најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ. Од друга страна пак, вчера, за време на неговата посета на земјава, известувачот за Северна Македонија во Европарламентот, Илхан Ќучук, рече дека билатералните прашања да се…

Read More

Владејачката СДСМ го обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за поделба на народот, преку лажни вести. Преку соопштение го обвинуваат Мицкоски за лажен патриот, и обвинуваат дека досега не побарал одговорност и оставка од својот сопартиец и актуелен пратеник во Собранието, Антонијо Милошоски. „Ескалира стравот од правдата и одговорноста кај лажниот патриот и докажан губитник Христијан Мицкоски и затоа веќе не бира ниту зборови ниту средства во неоснованите напади кон министерот за правда Бојан Маричиќ. Подла и тешка лага се тврдењата на губитникот Мицкоски дека името Македонија било забрането од кого било, кога јавно достапни документи покажуваат дека во…

Read More

Изминатиот период гледаме еден циркус кој што се поврзува со пописот, а не би требало  тоа да биде, не знаат ни самите што прават, тргни напред, врати се назад. Така што се создава уште поголема заблуда, недоразбирање и уште поголема недоверба помеѓу граѓаните за статистичката операција која што они треба да ја спроведат, односно за пописот. Така што тие можат да спроведат операција на сила која што ќе ја наречат попис, но таа операција што планираат да ја спроведат, според таа методологија и вака како што ја спроведуваат, можам да кажам дека нема да има абер од попис, и нема…

Read More

Под наслов „Скопје е загрижено поради ‘замрзнатиот конфликт’“, бугарски „Медијапул“  реагира на изјавите дадени во нашата држава околу спорот со Софија. Акцискиот план, кој според Османи е дефиниран 99 отсто, според медиумот, нема да ја смени позиција на Бугарија да не ја поддржи преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ. Со планот се очекува да се ветат заеднички активности на Коридорот 8 и засилена соработка во образованието, енергијата, културата, економијата, медиумите, информатичкото општество итн. „Чувствителните прашања во врска со историјата, јазичната формулација и малцинствата остануваат на масата“, оценува медиумот, според кој досега бугарската влада не дала детален коментар за Акцискиот…

Read More

Старото „Матично“ во Центар добива нова младост. На локацијата на поранешната служба за матични работи, Општина Центар го отвори првиот општински младински центар во државата. Симболично, ќе се вика „Матично“, како матична локација на младите, каде ќе можат секојдневно да се дружат, забавуваат, дебатираат, едуцираат и да ги посетуваат различните настани и содржини кои ќе ги понуди центарот. Идејата за создавање на едно вакво младинско катче произлезе на форумите што ги организираше општината, која го прифати концептот за младински центар, предложен од група млади од Првиот скопски извиднички одред. Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска…

Read More

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, официјално ја најави програмата за да се подготви ЕУ на брзите мутации на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Новиот инкубатор ХЕРА, што го најави Европската Комисија, ќе соработува со државите, биотехнолошките компании и научниците за да ја подобри подготвеноста на Европската Унија за навремено детектирање на новите мутации на Ковид-19. Врз основа на работата на ХЕРА, Европската Унија треба да биде способна брзо да одговори на предизвиците преку адаптирани вакцини и третмани. Европските власти нагласуваат дека со развојот на соевите на коронавирусот се зголемува потребата за производство на вакцини,…

Read More

Петтиот пакет мерки поврзани со кризата со КОВИД-19 е комбинација од мерки кои ги амортизираат загубите (мерки со социјален карактер) и стимулираат економско закрепнување (мерки со развоен карактер). Додека самото објавување на петтиот пакет мерки може да создаде позитивен сентимент во економијата, соодветната реализација е клучна за ефективноста на мерките (види Бриф бр. 44), поради што апелиравме во почетокот на јануари 2021 дека брзоплетото донесување следен пакет мерки без да се има предвид капацитетот за реализација на претходните и новите мерки, носи ризик од нецелосни резултати. Ова го наведуваат од Фајненс тинк во објавениот став, во кој додаваат дека за…

Read More

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, рече дека никој нема интерес да се запре евроинтеграцијата на Македонија, но дека постигнаувањето на високите цели бара консензус во ЕУ. -Во државните спорови нема добитници. Нема лесен разговор за историјата и никогаш немало, но тој бара и поглед кон иднината и стратегиските цели. Стратегиска цел на Република Северна Македонија е таа да биде во ЕУ, а тоа е интерес и на Бугарија. Затое потребен разговор и навраќање на Договорот од 2017 година бидејќи дијалогот меѓу двете земји е нарушен. Се надевам дека на средбите овде ќе биде потврдена силната проевропска ориентација,…

Read More