Author: Нова ТВ

Профилите кои ќе се изучуваат во средното стручно образование ги прилагодуваме на потребите на реалниот сектор, со што го осовременуваме образованието. Истовремено ги менуваме политиките за стипендирање на учениците од техничките струки ќе го поттикнеме изборот токму на оние профили кои ќе им овозможат поголема вработливост на младите. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Крива Паланка каде продолжија средбите со компаниите, средните училишта и претставници од локалните самоуправи. “Целта на овие средби е заеднички да ги идентификуваме профилите кои ќе се отворат во средните стручни училишта уште од идната учебна година според потребите на реалниот…

Read More

Погледнете го разговорот во „КликПлус“ на ТВ 21 со поранешниот министер за одбрана, поранешниот министер за правда, еден од авторите на првиот Устав и на Охридскиот рамковен договор, актуелниот советник во Советот на град Скопје, професорот Владо Поповски.

Read More

„Лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност“, изјавил претседателот Стево Пендаровски во интервју за порталот „МКД.мк“. Тој посочи дека ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка,тој нема многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпише указ. „Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти“, потенцира Пендаровски. Пратеничката Славјанка Петровска во вчерашното гостување на…

Read More

Николовски на прес-конференција во Царинската управа по повод запленетиот тутун што бил нелегално пуштен во промет, уште еднаш порача дека борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна и дека законите ќе важат еднакво за сите. Во ова насока, нагласи, активностите интензивно течат. „Ќе направиме се за да покажеме и докажеме дека чесно, искрено и одговорно ќе работиме на борба против корупцијата и дека ќе носиме политики во тој правец. Се носи Стратегијата, се менува Законот за борба против корупција, отвораме теми како законско решение за потекло на имот, работиме на интероперабилност на институциите“, потенцира Николовски. Тој информира дека утрово имал состанок…

Read More

„Во завршна фаза е усогласувањето на еден единствен Акциски план со Бугарија. Владата цело време е силно мотивирана за да се најдат заеднички точки за отворените прашања. Министерот Османи најави нов пристап, растоварен од емоциите, што ќе биде дополнителен поттик на процесот“, изјави денес портпаролот на Владата, Душко Арсовски на прес-конференција. Тој уште еднаш повтори дека нема промена на нашите позиции во преговорите со Бугарија – за македонскиот идентитет, народ и јазик не се разговара и нема да се преговара. „Апелираме да не се влегува во круг на навреди и обвинувања и говор на омраза кои нема да донесат добро…

Read More

Дијагнозите кои секојдневно ги добиваме, не присилија сите да утврдиме дека образовното тело треба многу повеќе да работи на својот одбранбен систем и ќе му треба подолго време да се излекува од подмолната болест чии коморбидитети некако, со децении, сите ги прикривавме.

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека доцнењето на вакцините е релативна работа. „Повеќе беше прашање на симболика отколку на ефективна вакцинација. Брзината за набавка на вакцини не е толку важна колку одржливоста на процесот“, вели Османи за емисијата „Студио 10“. Тој нагласи дека бевме вклучени во колективниот систем на набавката на вкацини на ЕУ, како една од првите земји со претплата на средства за 800 000 дози преку Ковакс системот. „Потфрли Фајзер кон ЕУ. Ние бевме колатерална штета на потфрлувањето на Фајзер“, истакна Османи, додавајќи дека никогаш не сме имале насока дека не смееме да обезбедиме од руската…

Read More

Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје започна процесот на имунизација во земјава. Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19. -Безболно е и се чувствувам одлично. Препорачувам сите да се вакцинираат, за да стекнеме имунизација во целата држава, рече Јовановска. . – Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на Инфективната клиника. Следат вработените во сите ковид центри, најпрвин тука, во Скопје, а од викендот и болниците ширум државата и приватните болници – рече министерот…

Read More

Судењето „Кампања“ за Љубе Бошковски се враќа на повторно судење, 10 години по апсењето пред ресторанот „Воденица“, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Од Кривичниот суд соопштуваат дека Кривичниот совет постапувајќи по барање на одбраната на Бошкоски, го уважил барањето за повторно судење на предметот. „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од…

Read More

Наградата која Управниот одбор на ФФМ сам на себе си ја доделил не е во согласност со Правилникот за награди во ФФМ, пишува на својот фејсбук профил, Љубомир Ѓурчески поранешниот член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. „Со тој правилник се предвидени наградите на сите репрезентативни категории во сите категории во кои се натпреваруваат (фудбал, А селекција со сите младински и пионерски категории, женски фудбал, фидсал и тн). Во тој Правилник јасно ги регулира сите дејствија од ПОВИКОТ во репрезентацијата, настапот, постигнатиот резултат и за секоја состојба е предвидена и соодветна награда како и можност за зголемување на…

Read More

„Донирањето органи е највисок чин на хуманост. Во оваа прилика, сакам да изразам огромна поддршка и солидарност кон оние кои чекаат пресадување органи, како и огромна благодарност кон сите дарители и нивните семејства, кои на многу благороден начин го спасуваат животот на другиот“, преку видеообраќање истакна премиерот Зоран Заев до сите граѓани и граѓанки во име на ширењето на свеста и на едукацијата за донирање органи и ткива. Тој истакнува дека пресадувањето органи и ткива е единствен метод за лекување на болните и спас за животот на некои наши сограѓани. „Најголем проблем претставува недостигот од органи и ткива, кои се…

Read More

„17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток, на соочување со грешките и пропустите и нивно надминување, ќе биде конгрес на кој ќе донесе нова енергија и верба дека партијата знае и умее да победува“, стои во денешното соопштение на Иницијативата за промена во ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, „нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „слуги”, а ликови како Сафет Бишевац кои го навредуваа членството на ВМРО-ДПМНЕ дека немало мозок, ги поставува на кандидатски листи за пратеници“. „Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв…

Read More