Author: Нова ТВ
Манчевски: Сега кога веќе не сум во политика, ќе ми биде задоволство да ги тужам за сите гнасни лаги
Неколку опозициски портали објавија стара фотографија од поранешниот министер за информатичко општество и администрација од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, во која се наведува дека градските власти не ги исчитиле од снег и како наводно го повикува Шилегов. Објавата датира од 19 јануари 2017 година, а тоа може да се забележи и на самата фотографија. лажната вест осамна на неколку опозициски медиуми меѓу кои Курир, Нетпрес и Лидер. Првата слика е мојот пост од 19 јануари 2017 год. Втората е fake news на Курир, Нетпрес, Лидер и сличните. Сега кога веќе не сум во политика, ќе ми биде задоволство да…
На граничниот премин Табановце, српскиот претседател, Александар Вучиќ ги предаде на премиерот, Зоран Заев, вакцините во првата фаза, односно 4650 вакцини од компанијата Фајзер. Во таа насока, министерот за здравство, Венко Филипче кој присуствуваше на настанот изрази благодарност за донацијата од Србија и на кратко само објасни за тоа кога ќе почне вакцинацијата. „Вчера работевме и го потпишавме договорот од Фајзер и сега веќе пристигнаа вакцините. Во среда ќе почне имунизацијата во Модуларната клиника во Клиничкиот центар, а првата група како што е познато ќе бидат здравствените работници“, истакна Филипче.
На граничниот премин Табановце, српскиот претседател, Александар Вучиќ ги предаде на премиерот, Зоран Заев, вакцините во првата фаза, односно 4650 вакцини од компанијата Фајзер. „Среќни сме што ова можеме да го направиме. Сакавме уште пред 10 дена, но сакам сите да знаете дека имавме проблеми со документацијата за извоз. Јас сум среќен што С.Македонија ќе може да влезе во имунизација, и среќен сум што помогнавме. Србија нема други интереси, освен да покаже пријателство кон С.Македонија. Ова е најобичен подарок, што сум сигурен дека и вие би ги дале како добри соседи. Вистински пријател е оној кој ви наоѓа во тешки…
На граничниот премин Табановце, српскиот претседател, Александар Вучиќ ги предаде на премиерот, Зоран Заев, вакцините во првата фаза, односно 4650 вакцини од компанијата Фајзер. „Како израз на драгоцен чин на пријателство, Србија денес споделува дел од своите вакцини со народот на С.Македонија. Ни пристигна помош и поддршка од 4.680 вакцини. Изминатата година беше тешка, и се уште ништо не е готово. Но, пријателството, соработката и солидарноста излегоа на подем во оваа криза. Нашата денешна средба и настан е резултат токму на овие вредности. Упатувам благодарност до Иван Стоилковиќ, нашиот пратеник кој е на лекување, а имаше голема улога во оваа…
Американскиот Сенат го ослободи поранешниот претседател Доналд Трамп со мнозинство гласови од обвиненијата за наводно поттикнување бунт за време на немирите и упадот во зградата на Конгресот. Така, не успеа уште една иницијатива на демократите за негово отповикување. Имаше 57 сенатори кои се залагаа за отповикување на Трамп, додека 43 беа против. Оваа одлука беше очекувана, имајќи предвид дека беше потребно двотретинско мнозинство од Сенатот, што значи дека иницијативата на демократите требаше да биде поддржана од најмалку 17 сенатори од редовите на републиканците.
Бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук наредната недела ќе престојува во посета на земјава. Ќучук ова го објави во интервју за Канал 5 ТВ, во кое вели дека доаѓа во Скопје на средби со државнио-политичкиот врв во земјава. Најави средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, со координаторите на политичките партии во Парламентот. -Постои потреба од разговори, затоа што патот на реформите треба да продолжи,…
Првата пратка од вакцините против Ковид-19 кои земјава ќе ги добие од Србија ќе пристигнат утре информираат од Министерството за здравство. Вакцините на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев ќе му ги предаде претседателот на Србија Александар Вучиќ. „ Ве известуваме дека утре, 14.02.2021 година (недела), во 10:00 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија. На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев“ – стои во соопштението. Како што најави Заев во првата пратка од вакцините на Фајзер…
За време на нејзиното претседателство со ЕУ во втората половина на годината, Словенија планира да биде домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан како домаќин, но координацијата на Брисел и Љубљана е сè уште во тек, а роковите не се усогласени, пишува Дело. Според планот на словенечката влада, еден ден пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, Словенија треба да биде и домаќин на неформален Самит на лидерите на земјите-членки, посветен на отпорноста на Унијата кон кризата. Сепак, реализацијата на овие два настана е „сè уште во воздухот“, а терминот – средина на септември – предложен од владата на премиерот Јанез Јанша е спорен, пишува…
Според „Фајнанс тинк“, недела ќе биде неработен ден за околу 43 илјади вработени, кои сега работат во денот кој инаку е предвиден за одмор. Оваа бројка е само 6 отсто од сите вработени, покажува Инфографиката која ја објави овој економски институт на нивната интернет страница. Останатите 84 илјади работници кои работат во неделите, или ќе продолжат да работат затоа што работниот процес не може да се прекине, или затоа што работат нерегистрирана дејност, стои во Инфографиката.
Во изминатите неполни осум децении, над 500 писатели и нивните дела, преку нивните книжевни вредности, на македонски и на другите јазици на кои пишуваат и говорат членовите на ДПМ, го дадоа, и сѐ уште го даваат, својот значаен придонес за растежот на македонската литература и се изборија за сопствено и автентично место во европската и светската литература, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по повод одбележувањето 74 години од постоењето на Друштвото на писатели на Македонија. – Друштвото на писатели на Македонија денеска одбележува 74 години од своето основање. На 13 февруари 1947 година, осум писатели: Васил Иљоски, Славко…
Петтиот пакет содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните. Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната презентација во Владата на финалниот предлог на петтиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во земјата, на која присуствуваа и министрите за финансии и за економија, Фатмир Бесими и…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој нема ништо против во личните карти да стои и етничката припадност. -Не гледам проблем во тоа да стои во личната карта дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои што од страна му служат на Зоран Заев, коишто се обидуваат да го спречат сето тоа. Не гледам причина зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец, а некој тоа сака да го спречи, вели Мицкоски.