Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги поддржа предложените измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, во прво читање, со кои се пролонгира за пет години примената на овој закон, како и Предлог законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, а кој пак овозможува легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година. Законот за постапување со бесправно изградени објекти, беше во сила десет години, односно до март годинава, а со измените, според Министерството за транспорт и врски, ќе им се овозможи на општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација, на…
Уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“ призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. На прашање од Судот дали го разбира делото кое и се става на товар и дали се чувствува виновна, обвинетата Оливера Софрониевска одговори со „да“. Софрониевска, се гони за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години. По признанието на вина, Судот ја раздвои постапката за останатите обвинети Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска. Претходно денеска вина призна и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече…
Портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро, потврди дека изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји за одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел. По изјавата на еврокомесарот Вархеји во Скопје и во интервју за Евроњуз дека не се исклучува Албанија да започне преговори доколку нема едногласен компромис во Советот на ЕУ за Северна Македонија, Писонеро денеска одговори на новинарско прашање дали е ова став на Европската Комисија. Таа нагласи дека Комисијата стои на ставот дека двете земји се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека тоа е една…
Министерот за здравство Венко Филипче јас прими првата доза од кинеската вакцина на Синофарм во вакциналниот пунк во арената Борис Трајковски. Следната доза или ревакцинација закажана за 28ми мај. Филипче им порача на сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, како безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус. Министерот соопшти дека досега 24 илјади граѓани се ревакцинирани со постоечките вакцини, а над 100 илјади граѓани примиле една доза од вакцните. Со набавката на новите количества на вакцини, тој очекува процесот непречено да се одвива и наредниот период.
Во Европската Унија не се подготвува раздвојување на Северна Македонија и Албанија, кои очекуваат прва меѓувладина конференција и почеток на преговори, доколку Скопје и Софија не најдат заедничко решение, велат високи функционери на Европската Комисија, кои ги цитираат порталот Политико и дописникот на „Волстрит журнал“, јави Дојче веле. Овие изјави следуваат по најавите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за раздвојување на на двете земји на патот кон Унијата, доколку Скопје не најде решение со Софија. Еврокомесарот за време на кусиот престој во Скопје кога ги донесе првите вакцини против Ковид-19, финансирани од ЕУ, во врска со одвојувањето на Скопје и Тирана…
Здравствениот дом во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен и Свети Николе, како и поликлиниката „Идадија“ и Институтот за физикална медицина во Скопје ќе станат енергерски ефикасни откако Светска банка обезбеди 46,5 милиони евра за два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари. Селекцијата на домовите, како што посочи министерот за здравство Венко Филипче, е направена врз основа на состојбата во која се наоѓаат овие јавни здравствени…
Во рамките на работната посета на Италија, министерката Радмила Шекеринска го посети Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, каде пред слушателите на напредниот курс, говореше на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“. -Северна Македонија и сојузниците во Алијансата споделуваат исти, заеднички вредности и принципи – демократија, човекови права, владеење на правото. Нашиот заеднички пристап кон справувањето со сите сегашни и идни безбедносни предизвици е можеби најголемата предност од членството во најмоќната воено-политичка Алијанса во историјата, рече министерката Шекеринска и додаде дека денеска Северна Македонија од корисник прерасна во придонесувач кон глобалниот мир и безбедност, со свој глас во обликувањето на безбедносната агенда на Алијансата. На престижната образовна институција во Рим за студии и истражувања на трансатлантските безбедносни прашања, министерката Шекеринска предупреди на важноста на одржувањето на европската и евроатлантска перспектива и интеграција на Балканот, како најдобра гаранција за стабилноста на овој дел од Европа. По една деценија на стагнација, рече таа, Северна Македонија докажа дека за секој конфликт…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од неформалната група Ц5 на Централно европските држави во која влегуваат: на Австрија, Георг Вуцас, на Словенија, Милан Предан, на Чешка, Мирослав Томан, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Дукс. Како што соопшти МНР, предмет на разговор беа тековните теми со ЕУ предзнак, претстојните ЕУ Совети на министрите за надворешни работи и за европски прашања на кои ќе се отвори стратешка дискусија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и кои ќе послужат како подготовка за состаноците во јуни. Исто така, се додава, се отвори темата и за процесот на имунизација како и чекорите кои ќе обезбедат можност за послободно прекугранично патување, особено за време на летните месеци. –Заеднички беше констатирано дека регионалните формати на поблиска соработка, како помеѓу земјите членки на ЕУ, така и во регионот на Западен Балкан, нудат поволна можност за продлабочена координација, особено со справување со заеднички предизвици како што е моменталната пандемија. Земјите од Централна Европа се наоѓаат во непосредно соседство на Западниот Балкан и се блиску поврзани, особено од економски аспект. Оттаму потребно е да се разговара за креирање на заеднички мерки и механизми подржани од ЕУ кои ќе го олеснат справувањето со предизвиците со кои се соочуваме, се наведува во соопштението. Последен таков пример на координирана соработка…
Американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет изјави дека ниту САД ниту нивните европски партнери немаат интерес да промовираат каква било размена на територии на Западен Балкан. – Не знам кој ги пишува овие неофицијални документи, но кој и да ги пишува, секако е задоволен од прекумерната реакција, изјави Коснет за РТК2, коментирајќи го објавувањето на нон-пејперот за промени на Западен Балкан, пренесува РТЦГ. Тој изјави и дека Вашингтон е посветен на поддршката за процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина, под закрила на ЕУ. Коснет рече дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден внимателно ја разгледала работата на претходната американска…
Свесни дека само ефикасна, силна и задоволна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во сите сфери на работењето, раководството на Министерството за внатрешни работи се заложи за севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на социјалниот статус на полициските службеници, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во обраќањето по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“. Според Спасовски, она што беше визија пред три и пол години, денеска е реалност. – Реконструиравме 55 објекти, кои сега имаат додадена вредност, бидејќи се енергетски ефикасни. Набавката…
Германија и Словачка се залагаат С Македонија и Албанија во јуни заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, објавија на Твитер германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок. – Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача. Понатамошното одложување ги поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, напиша Рот, како реакција на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз дека Брисел…
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците , 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.