Author: Нова ТВ

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) затвори два случаи по постигната спогодба меѓу членови на семејствата на двajцa мажи Роми кои умреа под сомнителни околности додека беа во затвор  и Владата  на РСМ. Владата ќе плати вкупно 24.000 евра на семејствата на двajцa мажи Роми кои умреа под сомнителни околности додека беа во затвор во 2017 година, соопшти Европскиот центар за правата на Ромите. Андриас Реџепов, 21-годишен Ром, умрел во КПУ Идризово, Скопје на 11 март 2017 година. Од ЕЦПР наведуваат дека било известено дека умрел од предозирање со метадон иако не бил зависник од дрога. Постојат докази дека во часовите…

Read More

На Северна Македонија и на Бугарија сега е да ја вратат довербата и комуникацијата за да можат да разговараат за чувствителните прашања и да ја сменат перцепцијата, изјави за МИА шефот на дипломатијата Бујар Османи. Вели дека поради потребата да се разговара рационално и без емоции, најверојатно атмосферата ќе биде попозитивна по изборите во Бугарија. Сигналите, пак, од бугарската страна се да се смират емоциите и двете земји да влезат во прагматичен дијалог. Османи вчера за МИА, по посетата на Луксембург и Белгија, оцени дека постои „разочарување на Северна Македонија и нејзините граѓани” по блокадата на Бугарија во декември за…

Read More

Русија е подготвена да ги прекине односите со Европската унија доколку Брисел воведе санкции што ќе создадат ризик за чувствителните сфери на економијата, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. „Нашата почетна точка е дека сме подготвени за тој чекор во случај да забележиме, како што можевме да видиме во неколку наврати претходно, дека се подготвуваат санкции што ќе создадат ризик за нашата економија“, истакна Лавров. Тој исто така рече дека Русија не сака да се изолира од светот, но дека е потребно да бидеме подготвени за најлошото можно сценарио. „Ако сакаш мир, подготви се за војна“, рече Лавров. Да…

Read More

Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори денеска поднесе оставка поради минатонеделните сексистички изјави. – Моите непримерни изјави предизвикаа големо вознемирување… Денеска сакам да се повлечам од местото претседател, изјави Мори на состанокот на Извршниот одбор на ОИ. Мори, 83-годишниот поранешен премиер на Јапонија, на 3 февруари на состанок на Јапонскиот олимписки комитет изјави дека жените многу зборуваат. Тој потоа се извини и одбиваше да поднесе оставка. Неговата оставка уследи по притисок на јавноста, додека главните спонзори на ОИ, меѓу кои и Тојота го критикуваа Мори. Во вторникот група пратенички носеа бела облека во знак на…

Read More

Апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 ја пополниле околу 30.000 граѓани. Ова синоќа во телевизиско гостување го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека 20 отсто од дијагностицираните случаи во изминатите денови имаат британска мутација на вирусот. Посочи дека засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки. – Шеесет до седумдесет отсто вакцинирано население може да ја смени сликата на пандемијата. Секаде во светот, во навистина многу малку земји со исклучоци, вакцините не пристигнуваат ниту со посакуваната, ниту со потребната брзина. Сепак станува збор за еден нов продукт, за почеток на производство. Буквално сите…

Read More

Иако интензивирани се разговорите помеѓу сите засегнати страни, евентуална примена на законската уредба за недела неработен ден ќе биде одложена за на есен. Идејата за недела како неработен ден беше покрената во ноември минатата година, кога премиерот Зоран Заев информираше дека Владата ја прифатила иницијативата на синдикатите. Во драфт верзијата на законот за работни односи се наведува дека ќе им се дозволи да работат само оние компании кои ќе докажат дека нивното производство не може да трпи прекин. Недела-слободен ден за работниците, да бидат заедно со своите семејства, да ги продолжат оние семејни традиции на кои што изминатиов период во…

Read More

Не мал е бројот на компании што во овој момент се интересираат за учество на проектот за изградба на првите две фази од пругата кон Бугарија, вели во интервју за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП Македонски железници Инфраструктура. Претквалификациската фаза за овој проект, што беше отворена на 5 јануари, завршува на 15 месецов во 10 часот, кога ќе се знае колку компании вкупно пројавиле интерес за учество на тендерот со кој ќе се избере компанијата што ќе ги гради делниците Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка. Очекувањата на Локвенец се дека на крајот на февруари ќе имаат кратка листа  со потенцијални…

Read More

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од таму велат дека „се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата“ и додаваат дека „тоа резултира со видлива несигурност и немир, кои предизвикуваат панични реакции на ароганција, гнев и навреди кон сите оние што се охрабруваат да ја кажат вистината што ја гледа целата јавност“. „Вистината е дека Мицкоски е неспособен да ги привлече симпатиите на граѓаните и служи само како спаринг партнер во изборните победи на власта. Вистината е дека Мицкоски…

Read More

Откако Владата на Бугарија на 3 февруари одлучи да го зголеми учеството на средствата од Европскиот фонд за регионален развој за 46 проценти, во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, во споредба со тековниот програмски период од 2014 до 2020 година, се предвидува  да бидат инвестирани над 28,4 милиони евра во заеднички проекти меѓу Бугарија и Северна Македонија во програмскиот период од 2021 до 2027 година. Во моментов се чека одобрување од Европската комисија за реализација на проектот,  јави дописникот на МИА од Софија. -Со оваа одлука, бугарската Влада го потврди високиот потенцијал и додадената вредност на…

Read More

„Српската премиерка објави дека ги немаат добиено документите од Фајзер за да можат да ги извезат вакците од Србија кон нашата држава, и тоа се некои правила на кои се инсистира, на доверливи и директни договори со државата, да се избегнат локалните компании, сигурно ниту една реномирана компанија не сака да се препородава нејзин производ. Имаше најава дека денеска ќе се случи предавањето на вакцините, но ете, од оправдани причини не се случи. Очекуваме позитивен одговор од Фајзер околу ова, навистина еден убав гест на пријателство, тоа стана многу важно во овој период на пандемија.“ – изјави министерот за здравство,…

Read More

„Преку системот „Ковакс“ ќе обезбедиме 800 000 вакцини, исто толку и преку директен договор со Фајзер, нешто помалку преку системот на солидарност на ЕУ, за да можеме некаде околу 1 200 000 граѓани да вакцинираме, што значи дека 2 400 000 дози ќе ни требаат, и тие ќе ги обезбедиме.“- изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21. Посочи дека целиот процес со вакцините доцни и дека снабдувањето му оди тешко на целиот свет. „Се најавуваше дека преку системите, особено преку „Ковакс“ дека ќе има доволно количини вакцини и дека навремено ќе стигнат, но не…

Read More

Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола на тој американски производител, изјави премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат. -Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани, изјави Брнабиќ. Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер “за да добијат одобрување за донацијата што…

Read More