Author: Нова ТВ

По повод една година од ратификување на Северно-антлантскиот договор Заев на својот фејсбук профил напиша дека со влез во НАТО, Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина. „На денешен ден 2020 година, на пратеничкиот состав во мандатот 2016-2020, му припадна честа, во името на сите нивни претходници во пратеничките клупи, во името на сите граѓани, да го ратификуваат Договорот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. На јарболот пред Парламентот беше кренато знамето на НАТО на 30-тата земја-членка на НАТО. Како дел од моќното НАТО семејство, како…

Read More

Нов вид на корона вирус откриен во британскиот округ Кент предизвикува загриженост затоа што новите мутации би можеле да ја избегнат заштитата обезбедена од вакцината, изјави шефот на британската програма за генетски надзор, професорката Шерон Пикок. Таа рече дека видот најверојатно ќе се прошири низ целиот свет и дека вакцините што се развиени досега ќе треба да се променат, а не ја исклучува можноста да бидат потребни дополнителни дози, пренесува Ројтерс. Пикок нагласи дека вакцините засега се ефикасни против британскиот вид, но дека прашањето е дали мутациите би можеле да ја избегнат заштитата што тие ја даваат. „Загрижувачки е што…

Read More

Поранешниот амбасадор на Македонија во Будимпешта, Игор Есмеров, не е член на Иницијативнот одбор, ни делегат на конгресот, но ја подржува секоја иницијатива за промена на актуелното раководство и, како што вели – на секое идно кое не би ја освоило довербата на граѓаните, особено кога тоа би се случувало последователно, во неколку изборни циклуси. „Водејќи се од демократските принципи на владеење, ова раководство повеќе нема никаков легитимитет, ниту право да раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, револтиран сум и крајно разочаран од изјавите на одредени партиски ‘ликови’ кои во текот на вчерашниот ден изнесоа крајно непримерни квалификации за членовите на Иницијативниот…

Read More

Идеална вакцина би била онаа која нуди 100% заштита, нема несакани ефекти, се прима еднаш и штити за цел живот. Но дали можеме да очекуваме вакцина со вакви карактеристики, најверојатно не. Изминатиов период сведоци сме на глобална борба за обезбедување на поголем вакцини, кој ќе биде прв, кој побрзо ќе вакцинира кој ќе се спаси и ќе почн нормално да живее. Но, има премногу информации за вакцините, од нивниот состав па до нивната ефикасност. Секојдневно се менуваат информациите, се одобруваат нови вакцини и допрва ќе се одобруваат нови вакцини. И сега се поставува едно многу интересно прашање, која вакцина е…

Read More

„Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, не е достоен да биде народен претставник. Пред народот, Антонијо Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка“, изјави денес на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Миле Талески. Според него, голем е срамот за Милошоски, за неговиот Христијан Мицкоски, за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Еве еден од јавно објавените документи. Листа од казнена евиденција за лицето Антонијо Милошоски. Јасно стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени…

Read More

Војната меѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и лидерот на левицата Димитар Апасиев продолжи откако канцеларијата на пајакот во Скопје го крена возилото на сегашниот пратеник. Вчера, Петре Шилегов објави објава на Фејсбук во која се вели дека „лажно е“ за лидерот на Левицата. „Лажни издавачки куќи, лажни тепачки, лажни политичари, лажен паркинг, лажна Алфа, лажна количка, лажни мисли, лажни политичари, лажен левичар (бајаги десничар), лажен професор, лажни лајкови на fb, лажен, лажен, лажен …. # AmanBeMitre “, напиша Шилегов на Фејсбук. Во текот на денот следеше реакцијата на Апасиев, кој тврди дека истиот член од законот до пред една година…

Read More

„Во Белгискиот парламент на средби со претседателките на федералното собрание и на Сенатот на Кралството Белгија, Елиан Тилие и Стефани Д’Хос. Европската интеграција на Северна Македонија како повод, но темите широки и интересни: внатрешно – политичката состојба во земјата, добрососедските политики меѓу земјите од регионот, регионалната соработка и севкупната состојба, како и за други актуелни меѓународни прашања со геополитички контекст“, е објавено на Фејсбук профилот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи после средбата со неговите домаќини при денешната посета на Белгија и вчерашната на Луксембург. Османи оценил дека постои „разочарување на Северна Македонија и нејзините граѓани” по блокадата на…

Read More

Објавувањето на резултатите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година на крајот од јануари 2021 предизвика реакции како никогаш претходно. Индексот ја потенцираше итноста за борбата против корупцијата што се надеваме ќе придонесе кон вистинска политичка волја и промена. Во исто време реакциите поврзани со Индексот уште еднаш ги открија многубројните пречки во медиумскиот простор, судството и граѓанскиот сектор коишто го спречуваат напредокот. Северна Македонија постигна 35 поени во Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година што ја рангираше државата на 111-то место од 180 држави. Во 2014 година бевме рангирани на 64-то место. Овој пад…

Read More

Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во Министерството за одбрана, рече на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е првпат во историјата на модерна Македонија актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин дрско да ја злоупотреби својата позиција и содржини од класифицирани документи да искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција. Шекеринска ја загрозува и…

Read More

Пандемијата со Ковид-19 е катализатор на процесот на дигитализацијата на судството, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на V-та Меѓународна судска конференција на тема „Судството во состојба на пандемија“, соопшти Министерството за правда. Според Маричиќ, и покрај бројните прашања кои се појавија по објавувањето на концептот за дигитализација на правосудството, Министерството за правда во наредниот период ќе посвети посебно внимание токму на овој процес. – Кога ја преземав функцијата министер за правда кажав дека воведувањето на информатичката технологија во работењето на судовите ќе мора да се случи. И тоа не само заради држењето чекор со трендовите, туку затоа…

Read More

Ниедно кривчно дело не покренува толква лавина морализаторски оправдувања за сторителите и морализаторски обвинувања кон оштетените како случаите на сексуално насилство. Ирена Цветковиќ  Сведоштвата и јавното прозборување на жените кои биле жртви на сексуално насилство и вознемирување почнуваат да го преплавуваат јавниот дискурс во регионот. Почнувајќи од metoo движењето, преку локалните балкански варијанти на истото (како примерот на #СегаКажувам од Северна Макеоднија), скандалот Јавна соба и конечното отворањето на случајот на Марија Лукич и случајот со професорот по глума Мика Алексиќ претставуваат тектонски поместувања во милениумскиот молк кон оваа форма на насилство. Што има од сето ова една мала земја…

Read More

„Продолжуваме со идентификацијата на лицата поврзани со случајот „Јавна соба“, изјави денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при посетата на Центарот за обука во Идризово, каде направи увид во селекцијата на кандидати за полициски службеници. Според него, од минатата недела двајца скопјани на возраст од 21 и 32 години, кои се поврзуваат со ланската „Јавна соба“, се во притвор. „Имаме кривични пријави за уште 4 лица и активно работиме на целосно расветлување на случајот“, посочи Спасовски. Во знак на поддршка на жртвите од „Јавна соба“, минатата недела на протестен марш во Скопје излегоа стотици граѓани и активисти. Пред МВР…

Read More