Author: Нова ТВ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работна посета на Кралството Белгија, имаше средба со својот домаќин, заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски работи и надворешна трговија и федерални културни институции на Кралството Белгија, Софи Вилмес. На состанокот, како што соопшти МНР, беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите за одржување на првата меѓувладина конференција, согласно одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите. -Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитетот меѓу земјите од Западниот Балкан, затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен,…

Read More

„Јазичниот спор со Република Северна Македонија е условен концепт, бидејќи тој таму се спроведува многу повеќе отколку овде и има многу повеќе луѓе кои артикулираат што мислат дека е вистина, но всушност се научна фантастика и лаги за бугарското културно-историско наследство“, изјави за бТВ, проф. Кирил Топалов, член на мешовитата историска комисија. Според него, тешко е да се дојде до научната вистина. „Република Северна Македонија е во многу поостра ситуација во цензурата отколку што бевме во времето на Тодор Живков. Никој нема пристап до архивите – само извесен „наш народ“ и сè друго што е претставено пред општеството, па дури…

Read More

Обидот на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски да го избегне соочувањето со делегатите кои го избраа на 16-от Конгрес, преку закажување на редовен конгрес во ноември, е поигрување со партијата и со сите членови кои ги овластија делегатите во Валандово да му го доверат водството, поеачуваат од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. -Христијан Мицкоски нема капацитет и не ужива доверба меѓу членовите на партијата, а уште помалку меѓу неутралните граѓани. Христијан Мицкоски ќе му донесе уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, исто како што донесе порази и на претседателските и на парламентарните избори. Мицкоски…

Read More

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во своето вчерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат изрази стравување дека опцијата од петтиот пакет економски мерки за помош на работодавачите за исплата на плати преку поволни кредити би можела да биде злоупотребена. Како што вели, несовесни работодавачи би можело тие средства да ги употребат за друга намена. „Никаде не пишува дека тие кредити се за субвенционирање на плати. Нас како синдикати треба да нѐ плаши, бидејќи несовесните работодавачи на кои убаво им се кажува дека тие пари се наменски, за субвенционирање на плати за нивните работници – не…

Read More

„Оние газди кои ќе го прекршат законот и ќе работат во недела незаконски, ќе добијат клуч на врата од 15 дена“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во гостување на Телма. Според неа, во нацрт верзијата на измените на Законот за работни односи, во членот 134, точно се регулира недела како ден за одмор, а таму се предвидуваат и мерките и прекршочните санкции, согласно со Законот за прекршоци. „Покрај санкциите за парична казна, и кога на една фирма, ќе и се забрани да работи 15 дена на некој начин ќе значи опомена да не се случи слично…

Read More

„За време на српската окупација за време на Тито, вие себеси се нарекувавте Југословени и тоа е ваше право, но не крадете ја нашата историја“, изјавил бугарскиот вицепремиер Красимир Карачанов, обраќајќи се до македонските власти и граѓани. Каракачанов за бТВ изјави дека Бугарија и С. Македонија во 2017 година потпишале договор со кој се обврзуваат страните да не поставуваат територијални барања, да не користат говор на омраза и да не крадат историја едни од други. Како одговор на забелешката на водителката дека споменатите точки звучат како многу општи формулации и дека Македонците сè уште го сметаат револуционерот Гоце Делчев за…

Read More

Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш го повтори ставот дека предвремени избори нема да има. Тоа што мора да се спроведе, рече Заев, е пописот, а приоритет се и редовните локални избори. Вонредните парламентарни избори нема да сменат ништо, само може да ги закочат развојните процеси на државата, оцени претседателот на Владата и порача дека избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ. Земјава сега, потенцира, треба да се фокусира на пописот и да го реализира без одлагање, од 1 до 21 април како што е предвидено, зашто во лето, напомена, никаде не се прави…

Read More

Првата пратка вакцини против Ковид-19 во земјава нема да пристигне утре како што беше најавено. Предавањето на вакцините кое беше закажано на граничниот премин Табановце кога српскиот претседател Александар Вучиќ требаше да ги достави вакцните е одложено. -Заради неопходна дополнителна техничка документација се одложи примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. И од македонската влада стигна соопштение за одложување на настанот. -Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се…

Read More

Поддршката од нашите пријатели претставува мотив уште понапорно и посветено да работиме на нашето реформско досие, се до конечната цел полноправно членство во ЕУ, изјави денеска во Луксембург шефот на дипломатијата Бујар Османи за време на средбата со неговиот домаќин, луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил, Жан Аселборн. Двајцата министри, како што соопшти МНР, се осврнаа на билатералните односи, изразувајќи задоволство од интензивниот политичкиот дијалог меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за унапредување на економската соработка и соработката во други области од заемен интерес. -Оваа посетата доаѓа во исклучително важен момент за…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека вакцинирањето во ЕУ се забрзува и оти останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото. Во својот говор пред Европскиот парламент, Фон дер Лајен предупреди на претстојната борба против новите варијанти на вирусот и истакна дека земјите од Западен Балкан се изземени од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини. – На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и авторизација на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што…

Read More

Досега се издадени  61 лиценца за одгледување медицински канабис. Во постапка на лиценцирање се преку 20, а 10 се во постапка на изградба. Тие што се во постапка на лиценцирање чекаат комисијата да направи контрола по завршувења на објектот и поднесена документација за да може да добијат лиценца, изјави денеска премиерот Зоран Заев. – Ова е навистина нешто кое што е сериозен потенцијал за државата. Јас зборувам многу отворено и чесно секојпат за тоа што претставува извор на БДП, нови работни места, високи просечни плати и почитувани работни места. Знаете колку е широко распространета употребата во делот на огромен дел на…

Read More

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што се дознава, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД. Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски. Пречка беше несоработката со екс-претседателот Ѓорге Иванов, изборите, како и блокадите на амбасадорите во парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Испразнета е и амбасадата на Македонија во Москва за каде што се подготвува да замине Ненад Колев, дипломат од МНР. Со овие именувања ќе се пополнат најважните…

Read More