Author: Нова ТВ

Новиот запис од  казнена евиденција од Основниот суд во Тетово  одновно го побива тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој вели дека не е осудуван во Германија. Документот до кој дојде „А1он“, а е издаден од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот од претходната година, покажува дека тој бил двапати осудуван. Ова е втор документ кој го демантира Милошоски, кој велеше дека не сторил кривични дела во Германија.

Read More

Мнозинството Французи се против проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и ова прашање не го сметаат за важно, но, според нив, интеграцијата на државите од регионот би и донела геополитички предности на Унијата, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за европски политики при Фондацијата „Отворено општество“ спроведено во Франција. Анкетата покажува и дека проширувањето на ЕУ со земјите Западен Балкан не би имало значајно влијание врз француската внатрешна политика и врз изборниот процес во Франција, па според авторите на истражувањето ставовите на Французите за овој процес повеќе ги одразува генералните гледишта за ЕУ, отколку конкретните мислења за земјите…

Read More

Предвремени извори нема да има затоа што за тоа нема потреба, изјави премиерот Зоран Заев по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека од Месечината се гледаат две работи: Кинескиот ѕид и предвремените парламентарни избори. – Не знам кој космонаут гледа од Месечина, ама предвремени избори нема да има – рече Заев. Заев ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но рече дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори. „Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип,…

Read More

Многу јасно и многу едноставно: Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник од истата партија е осуден за кривични дела кражби, злоупотреби и придобивки со измами од страна судството во Германија. Милошоски е срам за македонската држава и политика. Општеството треба да се огради од него, без разлика дали тој има чувство за потребата од итна оставка. ФБ статус на Марјан Забрчанец

Read More

На законското решение, недела да биде ден за неделен одмор како Министерство за труд и социјална политика работиме изминатите три месеци. Преку бројни средби, дебати, состаноци, разговаравме со синдикатите како претставници на работниците, коморите, организацијата на работодавачи, всушност со сите засегнати чинители во општеството, сериозно дебатиравме за сите слабости и предности  на ова решение. Недела-слободен ден за работниците, да бидат заедно со своите семејства, да ги продолжат оние семејни традиции на кои што изминатиов период во трка со времето се запоставија, потенцираше министерката Шахпаска во утринската емисија на Сител ТВ, зборувајќи за измените во Законот за работни односи, со кои…

Read More

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја критикуваше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во понеделникот на дебатата на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, јави дописникот на МИА од Софија. Заев тогаш кажа дека позицијата на Бугарија е непринципиелна и спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите. -Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба да си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ќе ги донира за нашата земја. „Предавањето на контингентот вакцини неопходни за имунизација на граѓаните на Северна Македонија против вирусот корона ќе се организира на граничниот премин Табановце во 14:00 часот“, соопшти прес-службата на српскиот претседател. Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека Србија ќе ѝ отстапи 8.000 вакцини на Македонија. „Станува збор за „фајзеровата” вакцина, која заедно со „Модерна”, е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА. Сите вакцини што сега…

Read More

Во услови кога Европската Унија не успева да дистирбуира вакцини против коронавирусот во Западниот Балкан, државите од регионот во потрага по нив се вртат кон Кина и Русија, во што предничи Србија, наведува бриселскиот портал „Политико“. Според медиумот, една од земјите од регионот што ги следи стапките на Белград е и Северна Македонија, каде се уште никој не е вакциниран. – Бидејќи првата пратка од КОВАКС механизмот во земјата се очекува да пристигне во март, проевропската Влада реши да преговара со Кина во обид побрзо да обезбеди вакцини. Скопје, исто така, е во директни разговори со „Фајзер“ за набавка на…

Read More

Откако утрово, страницата vakcinacija.mk, која треба да служи за регистрација на заинтересираните за примање вакцина, не функционираше, сега работи, но со виртуелна чекалница. – Во моментот имаме зголемен сообраќај и користиме виртуелна чекална за да гарантираме добро корисничко искуство – стои на страницата. На страницата се мери вашето време на чекање и сугерира да не го затворате прозорецот. Откако ќе почекате минута-две, се отвора апликацијата за внесување податоци каде се бара внесување име, презиме, матичен број, број на телефон, потврда за код, како и вакцинален пункт каде би се вакцинирале, по градови. -Секој сам ќе може да се пријави, а системот…

Read More

Младинскиот образовен форум (МОФ) изрази загриженост за процесот на спроведување на државната матура во време на пандемијата, и испрати апел до сите училишта да организираат часови за информирање и подготовка на учениците за матурските испити. Според МОФ, потребен е и дополнителен термин за полагање во текот на месец јули – првично наменет за ученици кои биле спречени да полагаат во јуни. -Како организација сметаме дека матурата е важен сегмент за заокружување на средното образование и како таков мора да се спроведе квалитетно и промислено. Ова значи дека треба внимателно да се одбере начинот на кој ќе се постапи и да…

Read More

Владата на Република Северна Македонија ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал. -Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите. Измените на законот се составен на дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви.…

Read More

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Членовите на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес сметаат дека е недозволиво претседателот на кој што му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг. „Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин. Иницијативниот одбор одлучи да го закаже…

Read More