Author: Нова ТВ

Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму се врв на агендата на Владата, но и на ресорот со кој раководи, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Во тој контекст тој најави дека неговиот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може министер или заменик министер или директор да потрошат. Дополнително, додаде Николовски, ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било…

Read More

Македонија ќе отвори амбасада во Словачка, решила нашата Влада на предлог на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одлуката за отворање на амбасадата, во ситуација кога дипломатската мрежа и без неа е преширока за финансиската моќ на Македонија, е очигледно благодарност кон оваа земја за блокадата на ветото на Бугарија во ЕУ. Османи отворањето на амбасадата го образложи со потребата да се развие економската соработка со оваа земја која досега е далеку под можностите на едната и другата држава. Ова е резултатот од денешната посета на словачкиот шеф на дипломатијата Иван Корчок, кој ја избра Македонија како прва земја во…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со Договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200 000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Точниот датум на пристигнување и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови, соопшти Министерството за здравство. Почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на „Синофарм“, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи, посочуваат од Министерството и додаваат дека вакцините од Кина во земјава…

Read More

Владата на Словачка јасно и недвосмилено гласно ја нагласува поддршката на нашата земја за влез во ЕУ, а оваа поддршка е посебно значајна за нас во овие комплексни моменти кога ЕУ не успеа да постигне консензус за нашиот напредок. Токму тогаш гласната поддршка од нашите пријатели е знак на оптимизам, не само меѓу политичарите туку и администрацијата и сите прогресивни сили во земјата, истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок кој престојува во работна посета на земјава. – Поддршката од Словача е јасна, недвосмислена…

Read More

Секторот за финансиски услуги во Република Северна Македонија е подготвен за финтек-трансформaција. Потребата за развој на финтек-секторот е оправдана, заради многубројните придобивки и можности. Дигиталната трансформација е во фокусот на сите страни вклучени во екосистемот, при што соработката на банките и небанкарските финансиски институции со компаниите коишто обезбедуваат услуги за поддршка на финтек-секторот е во почетна фаза. Истовремено, постои свесност за ризиците коишто произлегуваат од процесот на дигиталната трансформација. Притоа, неопходни се натамошни измени во регулативата заради поддржување на развојот на финтек-секторот. Ова, како што соопшти Народната банка, се дел од најзначајните заклучоци од Анкетата за развој на финтек-секторот во земјата,…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од судија на Врховниот суд против претседателот и два члена на Судскиот совет на РСМ за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Пријавителката во кривичната пријава наведе дека пријавените, во својство на службени лица, во периодот од септември 2020 до јануари 2021 година, ја злоупотребиле службената положба при одлучувањето и гласањето на седница на Сускиот совет на која се разгледувал извештај за утврување одговорност на судијката на Врховниот суд. Тие наводно ги пречекориле границите на…

Read More

На смеее да се дозволи ЕУ да стане колективен судија за историски толкувања – за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот! Тоа би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од нашиот подобрен пристап – транспарентност и предвидливост, истакнуваат министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок, во зедничката колумна за Еуобсервер насловена „ЕУ не треба да биде судија за историски прашања“. Особено, велат првите дипломати на Чешка и на Словачка, не смее да се дозволи…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), денеска го најавија почетокот на новата заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината”, чија цел е на децата и на младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации. Во наредните три месеци, младите поедноставно ќе имаат шанса за учество во консултации каде ќе дискутираат за прашања што им се важни, за своите најголеми предизвици и очекувања за иднината на земјата, а ќе добијат и простор да предложат решенија со кои визијата ќе се претвори во…

Read More

По 12 дена бојкот, кој го почнаа на првиот ден од второто полугодие, матурантите организирани од Сојузот на средношколци денеска се враќаат на настава. Генералното собрание на Сојузот во четвртокот донесе одлука да го стави во мирување бојкотот и да се почека Парламентот да најде решение, откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образоание. Минатата недела претставници на Сојузот имаа средби со сите пратенички групи и очекуваат дека ќе биде поддржан предлогот за измени на Законот, со што ќе се исполни нивното барања за скратување на државната матура и наместо по четири…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, изминативе денови потенцираше дека потребно е што поскоро да има предвремени парламентарни избори и дека власта го нема потребното мнозинство во парламентот. – Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот, изјави Мицкоски. Треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети, изјави премиерот Зоран Заев,…

Read More

Русија е изненадена од оцените на Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за неговата посета на Москва објавен на неговиот блог по враќањето во Брисел, бидејќи тие се разликуваат од неговите претходни изјави, соопшти синоќа руското Министерство за надворешни работи. – Бевме изненадени кога ги прочитавме оцените за посетата, тие прилично се спротивни со неговите изјави дадени на прес-конференцијата во Москва, се посочува во соопштението на руското МНР. Во соопштението се посочува дека никој не го ограничувал Борел ниту со време ниту со формат. Борел по враќањето во Брисел на својот блог напиша дека…

Read More

Грција се подготвува за отворање кон соседите. Откако беше најавено дека од 15 фебруари се обновуваат летовите меѓу Скопје и Атина, стигаат и информации за скорешно отворање на границите и за туристи од Балканот. Според она што беше објавено во Грција денес, Грција планира да потпише меморандум за разбирање со Србија со кој ќе се регулираат патувањата меѓу двете земји од 1 мај до 1 октомври. Се предвидува взаемно признавање на електронските сертификати за вакцинација Covid-19 за патувања меѓу двете земји. „Ова ќе овозможи влез на вакцинирани граѓани од двете земји без ограничувања, додека негативен  ПЦР тест или тест за…

Read More