Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари. Договорите за двата проекта се неодамна потпишани. Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е во вредност од 25 милиони евра, а проектот за унапредување на основното образование е вреден 21,5 милиони евра. Рокот на отплата на овој заем е 11 години, со вклучен грејс период од 3 години и…
Не е точно дека угостителските објекти во неделите ќе работат само една смена, изјави денес министерот за економија Крешник Бектеши, појаснувајќи ги новите построги законски правила кои се предложени за работењето во неделите. Работењето на угостителските објекти, како што појасни Бектеши, е регулирано со Законот за угостителска дејност. „Значи, угостителските објекти ќе работат согласно постоечките законски одредби, а таму не е предвидено да се направат измени што се однесува до недела неработен ден“, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за заем од Светска банка за проекти во образованието и за енергетска ефикасност. Тој исто така рече дека…
Иако пристапот до образованието е подобрен, квалитетот на образованието и натаму е предизвик како што е потврдено од резултатите на учениците во Македонија на меѓународните тестирања, дека недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму, истакна директорот на Светска банка (СБ) во државава Максимилијано Паолучи на денешната презентација на проектот за унапредување на основното образование во вредност од 21,5 милиони евра преку СБ. Според индексот на Светска банка за човечки капитал за 2020 година, како што наведе Паолучи, децата родени денес во Македонија ќе бидат 56 проценти продуктивни отколку што би можеле да бидат доколку уживале целосно образование и…
Здруженито за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ денеска преку соопштение информира дека со посебна загриженост и вчудовиденост ја примиле најавата на комесарот за проширување Оливер Вархеи за време на неговата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања. – Советот на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По оваа проблематика пред две години негативно се…
Прес-конференцијата на министрите Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Венко Филипче, Мила Царовска и директорот на Светска банка во РС Македонија Масимилијано Паолучи.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес…
Денот на полицијата претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, порачува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во честитката до полициски службеници, вработени во МВР, по повод 7 Мај – Денот на полицијата. Пожртвуваност, вели Спасовски во честитката, затоа што полициските службеници се обврзуваат да ги ставаат безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените, затоа што секогаш треба да се во првите редови за подобар, посигурен и побезбеден живот на сите граѓаните на РСМ, чувари на јавниот ред и мир и градењето на државата. -Особено…
Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 15 часот ќе имаат средба во Вила Водно, на која, според најавите од партијата, ќе се разговара за осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба. Средбата била закажана по телефонскиот разговор што го имале Пендаровски и Мицкоски, на барање на лидерот на опозицијата. Мицкоски на брифинг со новинарите, рече дека на ваков начин се одмрзнуваат односите меѓу партијата и претседателот Пендаровски, затоа што, како што посочи, на земјава и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители. Одмрзнувањето на односите со Пендаровски, Мицкоски го оцени како поддадена…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Естонија. Како што соопшти СЕП, предвидени се средби со министерката за надворешни работи Ева-Марија Лииметс, со претставници на естонскиот парламент (Riigikogu) – Марко Микелсон, претседател на Комитетот за надворешни работи и Сиим Каалас, претседател на Комитетот за европски прашања, како и со претставници од кабинетот на премиерката Каја Калас, задолжени за европски прашања. Димитров ќе се сретне и со директорот на Естонскиот центар за источно партнерство, Герт Антсу. Во светло на поддршката за пробив на нашиот европски пат, Димитров ќе ја пренесе пораката за потребата од усвојување…
Иако процесите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји. Тој за Еуроњуз вели дека ако продолжи застојот во случајот со С Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат. – Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за обострано…
Северна Македонија заедно со Албанија доби поддршка за отворање на преговорите за членство од министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) кои ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста. -Во заедничката изјава, министрите на Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија го поддржаа официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија и спроведувањето на реформската агенда поврзана со преговорите за пристапување во Унијата со Црна Гора и Србија, се вели во заедничкото…
Во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата и вчера продолжи масовната вакцинација на населението, која, според Министерството за здравство се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Вакцина вчера прими премиерот Зоран Заев, а за денеска е најавено дека ќе се вакцинира и министерот за здравство Венко Филипче, кои постојано апелираат граѓаните да се пријават и да се вакцинираат. -Вакцините се безбедни, проверени, тестирани и навистина колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши борбата со овој невидлив непријател пандемијата од Ковид-19. Важно е масовно да се учествува…