Author: Нова ТВ
Денеска во Гевгелија беше пуштена во употреба новата инвестиција на домашната извозно ориентирана компанија „Конти Хидропласт” со традиција од 30 години постоење. Станува збор за петгодишен договор до 2023 година за инвестицискиот проект на компанијата во висина од 5.1 милиони евра. Премиерот Заев истакна дека Владата ги поттикнува компаниите кои и во кризата гледаат можност, инвестираат, вработуваат, освојуваат нови пазари. „Новата инвестиција на „Конти Хидропласт” се реализира со поддршка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Минатата година, финансиски се поддржани за инвестициите реализирани во 2019 година, со што од страна на Владата исплатени се 10% од оправданите инвестициски трошоци…
Летовите меѓу Атина и Скопје почнуваат по 15 февруари по 11 месеци прекин поради пандемијата, соопшти грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. Според претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија, превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“. Воздушната врска помеѓу двата главни градови беше суспендирана на почетокот на ковид пандемијата лани во март.
Жена која сега има 95 години, која работела за командант на нацистички логор, е обвинета во северна Германија за помагање и масовно убиство. Жената, именувана во медиумите како Ирмгард Ф. и која живее во дом за грижа во Пинеберг кај Хамбург, е обвинета во врска со „повеќе од 10.000 случаи“. Таа беше секретарка на СС командантот на Штутхоф, брутален логор во близина на денешен Гдањск, каде за време на Втората светска војна загинаа околу 65.000 затвореници. Не е јасно дали ќе се соочи со судење. Нејзината улога сè уште се изучува. Штутоф е основан во 1939 година, во тогашна Полска,…
Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Гевгелија, како одговор на барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори. Државата, вели тој, има јасен правец по кој се движи, односно, како што рече, европеизацијата продолжува. – Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме ваквите инвеститори да инвестираат во нови инвестиции, да отвораат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот продукт на државата, а со…
Во петтиот пакет мерки покрај помошта на компаниите, една од клучните мерки е отпишување на каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија. Според проценката на властите со оваа мерка ќе бидат опфатени најмалку 180 илјади граѓани, бидејќи според досегашните проверки оваа бројка одговара на блокираните сметки на граѓани. „ Македонија има 180 илјади блокирани сметки. Тоа се 180 илјади семејства коишто не можат да функционираат нормално. Најмалку бројот на тие којшто ќе биде опфатено со оваа мерка е 180 000.Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани…
Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, вели новиот Народен правобранител, Насер Зибери во интервјуто за РСЕ. Зибери, ги отфрла коментарите дека ова наградата за кандидатирата за премиер од ДУИ. -Изборот за Народен правобранител не е никаква компензација. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка…
Недела неработен ден, но сепак оваа одлука нема да важи за сите. За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор. Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела, изјави во вестите „Сител“ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. –…
В понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина. По потпишувањето, очекувањата на здравствените власти се дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Покрај кинеските вакцини земјава обезбеди 800 илјади вакцини од КОВАКС системот и за исто толку се разговара и со компанијата „Фајзер“. Според министерот за здравство Венко Филипче првата количина вакцини е сосем доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае четири до шест, седум недели. Изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација. Националниот оперативен план за вакцинација го изготвила националната техничка работна група…
Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски во видео обраќање порачува дека пописот ќе придонесе земјава посериозно да излезе на картата на странските инвеститори и да се привлечат инвестиции со повисок квалитет. Тој очекува квалитетни податоци од пописот врз база на кои ќе се креираат реални политики и планови. – Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила. И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината…
Стратегијата за производство на тутун за периодот 2021-2027 година заедно со акцисскиот план е усвоена од страна на Владата на 43-тата седница. Информацијата на својот фејсбук профил денеска ја сподели премиерот Зоран Заев. – Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун се: државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони и поддршката за формирање на организации на производители, напиша Заев на Фејсбук.
Северна Македонија постигна значителен наспредок во спроведувањето на својата амбициозна реформска агенда, ја охрабрувам земјата да продолжи на својот реформски пат и на натамошно унапредување во области како што се борба против корупцијата, на јавната администрација и борба против организираниот криминал, додека истовремено е посветена на силно владеење на правото и независност на судството, вели амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. -Од моето пристигнување во септември 2018 година, земјата направи значителен напредок во спроведувањето на својата амбициозна реформска агенда. Горд сум што нашата Мисија ги поддржа реформите во клучните области, како што се владеењето на правото…
Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, соопшти вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, Битиќи посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела. – Вчера имавме Економско-социјален совет и веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор. Ова…