Author: Нова ТВ

Шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф, денеска апелираше Вашингтон да се врати што е можно поскоро кон договорот со Иран за контрола на неговата нуклеарна програма, бидејќи во спротивно Техеран ќе биде принуден да заземе поостар став доколку САД до 21 февруари не ги ублажуваат санкциите. Британските медиуми наведуваат дека Зариф ги споменал и изборите во Иран, кои ќе се одржат во јуни, и оценил дека доколку се избре цврст претседател, тоа може дополнително да го загрози договорот. -Времето на Американците истекува и, колку подолго чекаат, толку повеќе ќе изгубат, предупреди иранскиот министер. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден…

Read More

Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, велат од Влада. -Методологијата има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот. Таа ги содржи сите…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека Владата на вчерашната седница одлучила да набави 200.000 кинески вакцини, а договорот треба да се потпише во понеделник. Направен е делатен план за транспорт , дистрибуција до вакциналните пунктови , како и начинот на спроведување на вакцинација. – Вакцинираните ќе добијат сертификат по терка на искуството на други земји кои почнаа со вакцинација – рече Филипче. Појасни дека прво ќе се вакцинираат оние кои работат во ковид-центир, во болниците, приватни болници, домови за стари лица, матични лекари, лаборатории, јавни и приватни, вакциналните пунктови. – Здравствените работници од Клинички центар ќе се вакцинираат на…

Read More

Во период од септември 2020 година спроведена е полициска акција во Прилеп, а една од нив е и вчерашната акција. Приведени се 6 лица, а од почетокот на акцијата во септември минатата година, до денес вкупно приведени се 16 лица, информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски Тој додаде дека при претресот е пронајдена е дрога, пари од продажба на дрога мобилни телефони, уапсените лица ќе бидат предадени на јавен обвинител. -Полицијата има докази за вмешани полициски службеници во овие криминални групи и во иднина и за нив ќе бидат покренати пријави, изјави Ангеловски.

Read More

Мила Царовска, министерката за образование и наука,најави дека ќе се изучува сексуалното образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение. Министерката со тоа демантираше дека овој предмет ќе биде застапен во второ одделение. Таа додава дека во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта. „Бидејќи е изборен предмет, наставниците кои се подготвени да ги предаваат овие теми ќе поминат соодветна обука. Во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во деветто одделение, изјави Царовска. Според министерката, сите анкети…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната прес- конференција напомена дека во новиот јавен повик можност имаат да аплицираат трговските друштва и приватните здравствени установи. – Овој повик следи по повикот на ФИТР кој беше дел од третиот пакет, а сега е втора мерка од петтиот пакет. Трговските друштва и приватните здравствени установи ќе може да бидат дел од добивањето на грантови. Малите здравствени установи би учествувале со 30 посто од средства, а доколку се од средните со 40 проценти.Со ваквите повици се стимулираат нови иновативни решение, изјави Битиќи.…

Read More

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров објави дека новиот Јавен повик за кофинансирани грантови за иновации нема да има ограничувања и ќе тежи 6 милиони евра. -Започнуваат серија активности за 2021 година ова е прв од вкупно единасет повици и ќе биде отворен до 6 април. Главниот фокус е поддршката на компаниите да остварат забрзана раст со воведување на напредни и зелени технологии. Листата не е ограничувач и се достапна на страницата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  Овој Јавен повик е продолжување на предходниот, но со поголем буџет кој изнесува 6 милиони…

Read More

По речиси 20 години важно е земјата да спроведе попис кој ќе и овозможи на Владата да креира и спроведе политики за доброто на граѓаните врз ажурирани податоци, вели во видео интервју за МИА шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. -Охрабрувачки е тоа што некои од опозициските партии го поддржаа усвојувањето на Законот за попис, дури иако не постоеше целосен консензус. По речиси 20 години, важно е земјата да спроведе попис, бидејќи тоа ќе им овозможи на владините институции да развиваат и спроведуваат политики за доброто на граѓаните врз основа на ажурирани податоци. Според мое гледање…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави формирање работна група чија цел ќе бидат измени, дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом. Тој деновиве ги завршил комуникациите со пратениците и пратеничките групи и  добил предлози од сите за учество во работната група за продолжување на процесот Жан Моне. -Идејата ни е тој процес поради пандемијата да го отпочнеме сами овде ние, без физичко присуство и надгледување од европратениците и периодично колегијално да ги информираме за напредокот по кој одиме. Можам да кажам дека таму се вклучени сите, истакна Џафери. Првиот човек на законодавниот дом во интервјуто зборува за реформите…

Read More

„11 години сме немале избрано подофицери, не знам како е можно, и за овие три години ние се обидувавме, ама имавме едни избори, па други избори, и сега конечно дојде ред. Ако со нешто се гордеам за овие три години е тоа дека им се смени перцепцијата во армијата. Биле навикнати да им зборат, но никој ништо да не направи, е сега се прави. Ако на првиот конкурс за подофицери имавме 200 пријавени за 70 места, на последниот за 70 места имавме 700 кандидати, ова за мене е најголем комплимент. На крај, мислам дека армијата за прв пат стекна впечаток…

Read More

„Ако тргнеме да ја анлизираме опозицијата тогаш името на партијата би било „ВМРО – Подоцна“, нивниот став за се во државата беше „да“, ама подоцна., Немојте два пати да му поверувате на Мицкоски со тоа што вели избори на есен, догодина попис. Тие секогаш се за подоцна, еве избрите во Штип се доказ, и за таму велеа подоцна. Ајде да донесеме закон за целата држава, ставот им е ајде ама подоцна и цело време имаат теза- ајде за два месеца, ајде за три месеци, ајде подоцна. На овие теми, како пописот никогаш не сме тврдоглави, туку претпазливи. Ставот на ВМРО…

Read More

Со новата концепција за реформи во основното образование, ќе се родат два нови предмети. Интегрираниот предмет по општествени науки од прво до трето одделение ќе се вика „Човекот и општеството“, а од четврто до деветто „Историја и општество“, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска во емисијата „Само интервју“. Таа тврди дека од септември ќе има подготвени учебници за прво и трето одделение, односно во оние генерации каде е планирано да почне реформата. -Учебниците треба да бидат во електронска форма, но и печатени. За таа цел, треба да се објави повик до експертите во областа да изработат учебници, кои…

Read More