Author: Нова ТВ
Поранешниот Преседател и Премиер на Албанија, Сали Бериша за Новинската Агенција Журнал, изјавил дека Тирана не го гледа како пречка Скопје во евроатланскиот пат на Албанија. „Скопје не беше и не е пречка за отворање на преговорите со ЕУ за Албанија. Скопје ги исполни сите барања на Европската комисија и земјите-членки и дека во 2019 година земјите-членки, освен Франција, беа за отворање на преговорите на ЕУ со Северна Македонија. Но, ветото на Франција ја блокираше одлуката и како што објасни самиот претседател Макрон, тој ја блокираше Северна Македонија затоа што не сакаше да ја изолира и да ја остави само…
Во рамки на официјалната посета на Албанија, шефот на дипломатијата Бујар Османи оствари средба со албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, на која стана збор за бројни теми од взаемен интерес за развој на билатералните односи, за внатрешно-политичките случувања во двете земји, соработката во НАТО, европската перспектива, регионалните иницијативи, како и за можноста за унапредување на соработка и во рамките на останатите секторски политики. –Неспорно е дека односите меѓу нашите две земји одамна го надминуваат прагот на добрососедство и тие се втемелени на основите на стабилно и долгорочно пријателство. Сметам дека ова наше пријателство ги надминува интересите…
Шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел ја почна средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со констатацијата дека меѓусебните односи „живеат тежок момент“. Денешната средба во Москва е прва што се одржа со висок претставник на ЕУ на руско тло во последните четири години. Сепак, ЕУ се соочи со критики за преземање чекори кон подобрување на односите со Москва во време на операцијата против опозицискиот активист Алексеј Навални и неговите приврзаници. – Случајот Навални ги доведе нашите односи на ниско ниво,, наведе тој. Но, и покрај нашите разлики, да се изгради ѕид на тишина не е…
Почина Илија Филиповски, поранешен пратеник, екс министер, бизнисмен. Илија Филиповски е поранешен пратеник на СДСМ, а беше и министер за економија во владата на Бранко Црвенковски. Тој роден е 1941 година во Ростуше, а бил директор на увоз-извоз “Охис”. Илија Филиповски во два наврати беше потпретседател на Извршниот совет на СРМ, министер за економија во Владата на РМ, два пати избран пратеник во Собранието на РМ, приватен стопанственик и претседател на Месната заедница Галичник, функција со која најмногу се гордееше. Неговиот придонес за Галичник е голем и претставува наш долг, но и завет за продолжување на неговото дело и зачувување…
„Не можеме да сме задоволни од извештајот на Економист за нивото на демократија, но за тоа има реални причини. Од параметрите кои се мерат во извештајот е потенцирана политичката култура, која е резултат на ситуацијата која ја имавме во текот на минатата година, пред се од неодговорното однесување на министрите на опозицијата во техничката влада, непочитувањето на заштитните мерки од нивна страна, постојано имавме обиди партиските интереси да се наметнат пред државните, дури и во ситуација кога немавме парламент. Залудно ние повикуваме на одговорност и на високи стандарди, а со тоа и на подобрување на политичката култура.“- го изнесе својот…
„Мораме сите заедно да работиме во еден ист правец и да ги решиме проблемите после 3 децении. Сега е време, во кое мораме да го трансформираме општеството. Реформите и реорганизацијата која што ја правиме во моментот, ќе биде прифатлива“, вели вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски за емисијата „24 анализа“. Тој соопшти дека како влада ќе се насочат во делот за борбата против корупцијата. „Сите ни требаат тука и ги прифаќаме забелешките и ќе излеземе со конкретен акциски план. Заедно со Транспаренси Интернешнл Македонија ќе го правиме акцискиот план и постои голема политичка волја кај сите против овој голем…
угарскиот премиер Бојко Борисов очекува наредната година кога ќе се навршат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, тоа да го одбележи со „браќата од Северна Македонија“. Изјавата тој ја дава по повод 149 годишнината од раѓањето на Делчев, која се одбележува денеска. „Денеска се одбележува 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, деец на македонско-одринското ослободително движење, еден од нашите најистакнати херои на историјата. Се наведам дека ќе бидеме мудри, следната година заедно со нашите пријатели браќа од Северна Македонија да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, вели Борисов во изјава за БГНЕС. По повод 149-годишнината од раѓањето на…
Две недели по започнувањето на новата администрација, повеќето Американци велат дека имаат барем доверба во американскиот претседател eо Бајден и неговата способност да управува со многуте кризи во нацијата, вклучително и пандемијата на короната. Вкупно, 61 процент од нив ги одобруваат постапките на Бајден во првите денови како претседател на САД, покажува новата анкета на Асошиејтед прес-НОРК Центарот за истражување на јавни работи. Иако најголемиот дел од поддршката за Бајден ја даваат колегите демократи, околу една четвртина од републиканците изјавуваат дека ги одобруваат неговите први денови како претседател на Соединетите држави. Дури и во време на длабоки национални поделби, овие…
Во врска со реакциите во јавноста по однос на информацијата за одбиениот ученик Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник – ментор Кокан Радев за доделување на парична награда по основ на освоено прво место на државен ученички натпревар, Министерството за образование и наука е должно за извести за следното: Имено, согласно законите за основно и средно образование, како и согласно правилниците за организирање на општински, регионални и државни ученички натпревари од страна на акредитирани здруженија на наставници од страна на МОН, на ученичките натпревари за основно образование можат да учествуваат само ученици од основни училишта и на натпреварите во…
Името и делото на Апостолот на ВМРО – Гоце Делчев, отсекогаш претставувало инспирација на македонскиот патриотизам во борбата за создавање на независна македонска држава. Ова денеска на Фејсбук го напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Во негова чест во 1923 година Македонците – емигранти во Пловдив се организираат во македонско друштво „Гоце Делчев“. Друштвото имало за цел со легални средства под девизата „Македонија на Македонците“ да се бори за независна Македонија. Документот всушност се првите членови од Уставот на друштвото, кој бил потврден од министерството за внатрешни работи на Бугарија, напиша Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека денеска се одбележуваат…
Продолжуваат консултациите на Министерството за образование и наука со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата, од идната учебна година. Денеска во Велес, министерката за образование и наука Мила Царовска имаше работна средба со градоначалникот Аце Коцевски и претставници на локалните компании, во рамки на процесот за дизајнирање на наставни програми и уписни политики во средните стручни училишта прилагодени на потребите на компаниите. „Важно е да ги усогласиме барањата на реалниот сектор со профилите за кои ќе се образуваат учениците во средните стручни училишта. Разговорите со…
На денешната прес конференција, директорката на Управата за јавни приходи, ги обелодени податоците кои зборуваат за злоупотребата на финансиската помош по однос на исплата на плати за месец декмври. „За декември 2020. година поднесени се 13.721 барање на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021. година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица. За работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на…