Author: Нова ТВ

Петиот пакет е готов, има неколку детали да се додефинираат и се објавува. Ќе има државна помош, а наместо исплата на плати, ќе има бескаматни кредити за компаниите со грејс период од 12 месеци и период на отплата од 3 години, објави вчера министерот за економија Бектеши во „Click Plus“на ТВ21. -Директна помош, како што се субвенции за плати, вкупно 6 месеци во годината, Владата исплати средства за субвенции за плати за компаниите, преку МБПР доделивме ефтини кредити за микро и мали претпријатија. петтиот пакет ќе биде во иста насока, ќе помогнеме на сите. Се консултиравме со сите стопански комори,…

Read More

И покрај зголемувањето кај соседите нема да има промени на цената на електричната енергија кај нас, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) дека ги зголемиле трошоците, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Гледаме дека во Србија цената се зголеми за 7,9 отсто што значи дека генерално и регионалните енергетски компании се соочуваат со тешка година на намалени приходи, а зголемени расходи, изјави Бислимоски. Фокусот на РКЕ и цела енергија, потенцира, е насочена кон проширување на опсегот на листата на ранливи потрошувачи да добијат финансиска помош за подмирување…

Read More

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека повторената постапка за случајот „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес и оти најзначајно од сѐ, е тоа што сторителите на ова тешко дело се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази во законита постапка. – Пред сè би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од…

Read More

Од денеска до 30 април, бугарските државјани кои влегуваат во земјата и лицата со статус на постојан или долготраен престој на територијата на Бугарија, доколку немаат негативен резултат на ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Одлуката се однесува и на членовите на нивните семејства. Карантинот би можел да биде укинат во случај на негативен резултат на ПЦР-тестот кој ќе биде извршен 24 часа по пристигнувањето во земјата, соопшти бугарското Министерство за здравство. Одлуката е донесена врз основа на вчера издадениот налог од страна на министерот за здравство Костадин Ангелов. Директорите на регионалните…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е време повторно да се разговара за новиот Устав на Турција, јави агенцијата Анадолија. Ердоган на прес-конференција по вчерашниот состанок на Кабинетот во Анкара рече дека оној кој тврди оти на Турција не ѝ се потребни реформи, тој не упатен ниту во однос на Турција, ниту светот, ниту во општеството. – Можеби сега повторно дојде време за дебата за нов Устав на Турција, потенцира Ердоган. Тој исто така рече дека наскоро со јавноста ќе сподели сеопфатна студија за реформските пакети, вклучувајќи ги филозофијата, целите, задачите и активностите, инфомира Анадолија. Говорејќи за самиот процес…

Read More

Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот. Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот. Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Оваа боја ќе се однесува на области каде што вирусот циркулира на многу високо ниво, вклучително и региони каде што се откриени позаразни варијанти на вирусот. – Земјите-членки треба да побараат од лицата кои патуваат од области обележани со темноцрвена боја да бидат…

Read More

Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски е уапсен денеска во Софија. -Известени сме од бугарските колеги дека по нашата распишана меѓународна потерница денеска е приведен Игор Спасов, изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година. МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. -Игор Спасов, се бараше со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за…

Read More

Полицијата ќе поднесе и кривични и прекршочни пријави за учесниците на протестот во петокот, организиран за поддршка на обвинетите во случајот „Монструм“. Првиот човек на македонската полиција, Оливер Спасовски е дециден дека полицијата не постапува селективно, а одговорност мора да има за сите. Спасовски ова го најави од собраниска говорница на дебата за измените во Законот за полиција, одговарајќи на забелешките на пратеникот Бране Петрушевски, дека во изминатиот период имало селективно постапување на полицијата кога има групирања на граѓани во услови на ковид – кризата. Како пример беше посочен Вевчанскиот карневал каде имало сериозна полициска интервенција, додека тоа не се…

Read More

Австрија во потполност го поддржува европскиот пат на целиот Западен Балкан и ќе се залага за започнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија во првата половина на оваа година. Наш стратешки интерес е да го внесеме регионот во ЕУ што е можно побрзо Ова го вели австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за февруарскиот број на белградскиот магазин КорД, јави дописникот на МИА од Белград. Тој изрази посебно жалење што Северна Македонија, како „примерен-кандидат“, сè уште ги нема отворено пристапните преговори со ЕУ. -Австрија ќе се залага за започнување на долго задоцнетите преговори за членство со Северна Македонија и Албанија…

Read More

Над 260 културни уметници, невладини организации и други работници во културата денеска до медиумите испратија Иницијатива насловена „Фис-култура или култура“, преку која бараат од Министерството за култура да се престане со поставување на партиски кадри на раководни места во институциите. Идејата за Иницијативата е на актерите од Струмичкиот театар, кои се незадоволни по изборот на Васил Бубев за директор, кој во моментов е директор на градинките, а претходно работел како професор по физичка култура во ОУ „Гоце Делчев’“ во Василево.  Актерите бараат од министерката за култура Ирена Стефоска да го поништи конкурсот, бидејќи одбиени беа магистер по културен менаџмент и…

Read More

Францускиот демохристијански весник „Ла кроа“ во опширна статија се осврнува на идниот попис во Северна Македонија. Пописот, што не се одржуваше 19 години поради политички тензии, сега, според парискиот весник, конечно треба да се одржи во април, откако на 21 јануари со тесно мнозинство е донесен Законот за попис, јави дописникот на МИА. -Колку жители има Северна Македонија? Многу паметен би бил тој кој може да одговори на ова прашање. Ова конечно ќе биде разјаснето за време на пописот закажан во април, 19 години по оној од 2002 година. Бидејќи секој знае дека официјалната бројка што ја прикажува македонскиот Завод…

Read More

За првпат по три години откако е на власт градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, реши да тужи за лажна вест и да бара демант за навреда и клевета. Фејсбук групата „Битолски проблеми“, чии администратори се независните советници во Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски, сепак го објавија демантот на битолчанката која на 10 декември лани изнесе невистини за градоначалничката Петровска, а потоа на Фејсбук се извини. Демантот се однесува на објавен статус дека за градоначалничката која беше хоспитализирана по заразата со Ковид-19 се испразнил цел спрат на Инфективното одделение во Битола за сама да лежи. Барањето за…

Read More