Author: Нова ТВ

Професионалните војници со навршени 45 години старост, меѓу останатите опции, ќе имаат можност и за префрлување во територијалните против-пожарни единици на работни места пожарникари-спасители. Веќе 16 поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат како пожарникари и тоа осум лица во Скопје, пет лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца од нив во општина Валандово. Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ денеска на прес-конференција соопшти дека Министерството за одбрана посветено работи на спроведување на законската обврска околу грижата за професионалните војници коишто со навршени 45 години возраст ја напуштаат Армијата. -Од денеска отвораме нова можност за нашите досегашни колеги…

Read More

Поради изгубените часови за време на бојкотот на наставата, училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат изгубените часови на матурантите, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговорајаќи на новинарско прашање во Штип каде што се одржува дебата за средно стручно обарзование. Повтори дека сите коишто сакаат да продолжат на факултет мора да имаат положено државна матура, а обврска на Министерството за образование и наука и на Владата, рече, е таа да се спроведе согласно со законските рокови. -Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има неможност да се спроведе наставата,…

Read More

Со 70 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата. Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде. „Благодарни сме за континуираната билатерална поддршка која Норвешка ја дава во насока на унапредување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија, рефлектирано преку поддршка на административните и легислативните капацитети потребни за процесот на преговори со Европската Унија. Норвешка се вбројува во земјите најголеми донатори на билатерална помош, што е исклучително значајно во трансформацијата на нашата земја во демократско општество“, истакна Османи. За време на разговорот беше отворена темата и за силната посветеност на Владата на Северна Македонија…

Read More

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) соопшти дека „функционирањето на демократските институции” во Северна Македонија е задоволително. Парламентот, според ПССЕ, било во можност да обезбеди конструктивен политички дијалог и да ги изврши неговите законодавни функции. „Реформите иницирани во 2019 година продолжија, особено во судската област: долгоочекуваниот ревидиран закон за гонење беше усвоен и стапи на сила во јуни 2020 година“, истакнуваат од Парламентарното собрание на Советот на Европа. „Иако корупцијата останува ендемична, ГРЕКО во октомври 2020 година забележа дека „се направени значителни напори од страна на властите да ги изменат законодавните рамки” но „дека останува да се види постојаната…

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска, откако демантираше дека сеопфатното сексуално образование ќе се изучува од второ одделение, како и тоа дека нема да се прикажуваат илустрации од лица кои се во истополови врски, во текот на денешната посета во Штип, повторно ги повика граѓаните да не подлегнуваат на ваквите лажни вести. – Многу интересно е што дебатите ги водат луѓе кои постојано шират лажни вести, токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Министерството и Владата за да донесуваат одлуки – изјави Царовска. Министерката потсети на лажните вести кои се ширеле во минатото, потенцирајќи дека…

Read More

Скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ преку социјалните мрежи апелираше до граѓаните соодветно да ги фрлаат искористените заштитни маски бидејќи, како што велат, се доведуваат до ризик нивните вработени. „Комунална хигиена“– Скопје го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери или корпи за отпад. Но, апелираме до жителите на градот Скопје употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно, да бидат совесни и соодветно да ги спакуваат, со цел да се заштити здравјето на вработените во претпријатието коишто…

Read More

Новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на Република Северна Македонија на 25 јануари годинава. Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години. Зибери е роден во 1961 година. Дипломирал во 1985 година на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Во 2010 година положил правосуден испит. Во периодот од 1986 год 1990 година работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. На првите парламентарни повеќепартиски избори во 1990 година,…

Read More

Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС) ја промовираше платформата „Пријави загадување во два чекора“. Граѓаните можат да пријават загадување до ДИЖС преку нивните социјални мрежи и е-адреси или на веб страницата на Инспекторатот, што значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите. Платформата овозможува пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали (Фејсбук, е-адреси, веб страници) да стигнуваат на едно место, да бидат поефикасно распределени до надлежните инспектори, полесно да се следат случаите на загадување и подобро да се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и да им одговорат на…

Read More

„За жал голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните. Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против Пописот”, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Капитал”. Заев подвлече дека Мицкоски се обидува да ги минира сите напори за развој на државата, но на другата страна се силната и отворена Влада заедно со македонските граѓани. „Оваа,…

Read More

Оваа Влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура. Против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура, вели премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“. Заев подвлекува дека лажните вести, односно дезинформациите, ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин ја загрозуваат безбедноста на населението. Појаснува дека Владата на дневно ниво се справува со дезинформациите, преку својот воспоставен систем за кризни комуникации, со кој во многу брз рок, одредена сомнителна вест се проверува и доколку е…

Read More

„Пандемијата покажа дека земјите во развој и развиените земји се меѓусебно зависни. Во таа насока неопходно е мултилатерално координирање и работа за еднаков пристап и дистрибуција на вакцини, тестови и терапија. Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, терапија и дијагностика. Економската активност нема да се врати во нормала се додека сите земји не ја стават под контрола пандемијата“, истакна премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“. Премиерот подвлече дека темата за вакцините, со право, го окупира целиот свет не само нас и додаде…

Read More