Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Министерот за здравство, Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи се двајцата новоизбрани потпретседатели на СДСМ. Покрај нив функциите ги задржуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за обрзование, Мила Царовска. Функцијата потпретседател до конгресот освен Спасовски и Царовска ја извршуваа Мухамед Зекири и Коста Петров. Неофицијално, Љупчо Николовски останува генерален секретар, а Мартин Попов е новиот организациски секретар. Претходно беше избран новиот Централен одбор од 120 членови, од листата што пред конгресот ја предложија лидерот Зоран Заев и досегашното партиско раководство, согласно со номинациите што дојдоа од општинските конференции на СДСМ. Оставена е можност,…
Делегатите на Конгресот на СДСМ со големо мнозинство го потврдија предлогот на партискиот лидер Зоран Заев за негова заменичка да биде избрана Сања Лукаревска. Таа е втората заменик-претседателка на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата. Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога и беше воведена функцијата и кога истовремено се случи смената на партиското кормило, односно заминувањето на Бранко Црвенковски.…
„Додека ние помагавме да се заштити здравјето и да се спасат човечки животи ВМРО-ДПМНЕ го поткопуваа здравствениот систем. Додека ние помагавме да се спасат работни места, да се обезбеди поддршка за граѓаните и фирмите тие го блокираа Собранието“ истакна премиерот на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во неговото воведно обраќање на 26. Конгрес на партијата. Тој додаде дека, сепак, Владата нема да потклекне и дека ниту една блокада нема да ги поколеба. „Здравството е еден од клучните ресори во секоја земја и ние ќе продолжиме да го третираме со должна почит. Токму затоа, во новото раководство…
„Нема веќе недопорливи, тоа денес сите го знаат. Посветени сме на градење силна, независна и ефикасна правна држава која испорачува владеење на правото, подеднакво за сите“ истакна премиерот на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев во неговото воведно обраќање на 26. Конгрес на партијата. „За една демократија да може да напредува потребна е правда. За една економија да биде стабилна и предвидлива потребна е правна сигурност“ кажа Заев и додаде дека Владата дојде до точка да ги заокружи суштинските реформи во правосудството преку ефикасно и објективно прочистување. Тој потенцираше дека целото раководство на опозицијата стои на браникот…
Претседателот на Владата, Зоран Заев го отвори 26. конгрес на СДСМ и се осврна на успесите на партијата во изминатиот период. – Во изминатите речиси четири години, СДСМ носи државнички успеси. Тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат. Успесите се заеднички, наши и на граѓаните, на целиот народ. На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, бевме соочени со деструктивна опозиција, со истата режимска матрица која прави сѐ за да ги спречува реформите, да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој…
Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосецот на македонскиот олимписки тим на Игрите што од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио. Информацијата, на Денот на македонското знаме, ја објави неговиот тренер Дарко Костовски. -Со особено задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио, објави селекторот на македонската таеквондо репрезентација Костовски на социјалните мрежи. Таеквондистот Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако на 8 мај триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија, совладувајќи…
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, усвоен од Владата на Србија, предвидува дека сите жестоки алкохолни пијалоци ќе се оданочуваат според процентот на чист алкохол измерен на 20 степени Целзиусови во готовиот производ, без оглед на тоа од кои суровини се произведуваат. Ова го изедначува износот на акциза за сите овие пијалоци во однос на процентот на алкохол во нив, наместо во однос на суровината од која се произведуваат, така што за износот на акцизата нема да биде важно дали пијалокот е направен од овошје, како што е случај со ракијата или од житни култури, кои…
Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Министерството за здравство утринава информира дека вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ државата е 514 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намален број на болни, затворени се дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во Скопје, во изминатите 24 часа хоспитализирани се 17 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19. Бројот на приеми во…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров е уверен во, како што вели, историското значење на Преспанскиот договор бидејќи отвори можност за соработка меѓу двете држави, што е инвестиција во стабилноста. –Ние сме соседи и верувам дека долгорочно е многу важно соседите да ти се пријатели и поддржувачи. Се отклучи нашиот влез во НАТО, што е важно и ѝ дава сила на нашата земја, во еден регион што не е сосема „среден“. Тоа беше и еден чекор кон нашите преговори со ЕУ. Се отвори нова страница за соработка. Сега премиерите Заев и Мицотакис разговараа за големи проекти особено во областа на…
– Денес е клучно е сите да можат да имаат пристап до Интернет со задоволителен квалитет, вклучувајќи и фиксни и мобилни пристапни мрежи. Тоа е предусловот за дигитализацијата на општеството, како и дигитализација на сите институции и бизниси. Според тоа, дигитализација на образовниот систем, на здравството или сервисите што ги нудат државата и општините, се важни, но исто така важна е и дигитализацијата на земјоделството, сточарството, и секоја бизнис гранка која досега не била дигитализирана. За таа цел потребно е и обучување и учење на сите засегнати страни, за да може да има реални придобивки од самата дигитализација за целото…
Јас пробав да ги сменам тие Детални урбанистички планови, дел сум ги и сменил, одлуката на Уставен суд еднаш не сум ја испочитувал, сум донел втора одлука, јас против цела држава не можам сам да се борам, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во неделното интервју на РСЕ. За тоа дали ќе се градат ли висококатниците кај Холидеј Ин, градоначалникот вели дека се зависи како ќе завршат одредени постапки коишто ги водат. -Јас само сакам да ги запознам граѓаните дека без разлика што и да се случи, таму е предвидено некој развој кој го дозволува Општината и претходно со Детален…