Author: Нова ТВ

Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров “ ќе се одржи централната прослава по повод одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Како што соопшти МВР, на свеченоста по повод празникот ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Во пресрет на празникот, завчера во Ресен беше презентиран комплетно реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи (ОВР), обновен првпат после 40-тина години, за што беа инвестирани 12,7 милиони денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи. Во рамки на зафатите за осовременување и модернизација…

Read More

Собранието, во попладневниот дел од работата по дневниот ред на 34-тата седница, ја заврши општата расправа по Предлог законот за изменување на Законот за социјална заштита, во прво читање, чија цел е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шестгодишна возраст со намален функционален капацитет. За законското решение дополнително ќе се гласа. Со предложените измени се очекува 200 деца со потешка и најтешка попреченост и целосно слепи да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека станува збор за мала измена…

Read More

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишани се договори за финансиска поддршка со 245 субјекти. Поддршката исплатена во овие три години изнесува околу 20 милиони евра, а компаниите во своите бизнис планови за петгодишен циклус презентираа инвестиции од 411 милиони евра, од кои досега веќе инвестирале околу 150 милиони евра. Преку инструментите на ФИТР, обезбедена е поддршка за микро, малите и средни компании, во портфолиото се вклучени 550 компании, а нивните инвестиции се околу 75 милиони евра од кои околу 60 проценти или 42 милиони евра, се средства за поддршка од ФИТР. Тоа го соопшти вицепремиерот за економски прашања…

Read More

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на НР Кина во Северна Македонија Џанг Ѕуо, денеска го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“. Премиерот, министерот и амбасадорот разговараа со граѓаните кои интензивно се вакцинираат и со медицинскиот персонал кој го спроведува процесот на вакцинација. Притоа се информираа за текот и дневниот капацитет кој го овозможува оваа поликлиника за непречено вакцинирање на нашите граѓани. Задоволство е да присуствувам на овој настан тука пред поликлиниката „Јане Сандански“ по покана од премиерот Заев. Драго ни е што сме сведоци дека 200.000 дози вакцини од Синофарм КОВИД-19 и…

Read More

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на онлајн конференција насловена: Жените и МВР „Заедно работиме – заедно празнуваме“ во пресрет на утрешниот ден на полицијата 7- ми Мај. На конференцијата, на која учествуваа и државната секретарка Магдалена Несторовска и дел од вработените во Министертвото за внатрешни работи, министерот Спасовски ја потенцираше улогата, местото и значењето на жените во системот на Министертвото за внатрешни работи и имплементирањето на принципите на правична родова застапеност, со која жените ќе го добијат своето заслужено место  во општествените современи текови. Државната секретарка Несторовска во воведното обраќање истакна дека ова е прв пат од…

Read More

Министерството за образование и наука соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни. -Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот, информира МОН по денешната средба со претставници на фејсбук-групата која бара стопирање на предлог-законот за учебници во основното и средното образование. – Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е…

Read More

Министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста и го поддржаа понатамошниот напредок во регионалната соработка, особено преку Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и Берлинскиот процес, јави дописникот на МИА од Белград. Во заедничката изјава, министрите го поддржаа официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија и спроведувањето на реформската агенда поврзана со преговорите за пристапување во Унијата со Црна Гора и Србија, се вели…

Read More

Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати. –Сето ова е во прилог да им служиме подобро и поефикасно на граѓаните. Така што ќе има средба на претседателот на државата Пендаровски со претседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски може да биде само прилог, нема ништо зијан. Ќе соопштат тие се што ќе разговараат, ќе слушнеме,…

Read More

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е при крај со предметот за набавката на вакцините за КОВИД – 19 и има информации што не се се уште целосни. Како што информираше на денешната прес-конференција Горан Трпеноски член на Комисијата, целата ситуација е комплексна и треба да се размисли со ладни глави и имајќи ја предвид поларизацијата во државата, не сакаат како институција да се стават во корист на кој било од политичките чинители. Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека Антикорупциска добила од Народна банка документ за извршена исплата на  седум милиони и 800 илјади долари за увоз на…

Read More

Во времето кога имавме сериозен предизвик од целата наша јавност, вклучително и опозицијата, но и сите други во државата, правевме напори на сите страни да обезбедиме вакцини. Со десетици фирми е разговарано. Плаќани се авансни гаранции. Авансот со кој во обезбедување на вакцината на „Синофарм“ прво се обидовме, секако дека е вратен, а деталите за тоа може да ги даде министерот за здравство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинатско прашање за обвинувањата од опозцијата околу набавката на кинеските вакцини и враќањето на авансот што бил уплатен. Верувам, посочи премиерот, дека постои постапка за декласификација на сите документи, и…

Read More

ДКСК има отворен предмет за градоначалникот на Град Скопје. Петре Шилегов за набавката на противпожарната скала и по него ќе се работи како и со сите предмети, но е неблагодарно е тој сам за себе да поднесува пријава со сомнежи за корупција, бидејќи тоа малку не соодвествува со одредбите во нашиот закон, информира на денешната прес-конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со актуелните „скали на Шилегов“. – ДКСК е независен државен орган и е неблагодарно да се вршат препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени, затоа што…

Read More

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД оцени дека земјава постигнала евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но порача дека тој чекор мора да се одржува. – Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По попишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој…

Read More