Author: Нова ТВ
Средношколскиот сојуз и денес продолжи со бојкотот во име на државната матура и барањето наместо четири да се полагаат два предмети. Инаку, бојкотот започна со стартот на второто полугодие, односно 21. јануари. Првичниот план, беше бојкотот да се одвива една недела, а потоа да се најде компромис за барањата на средношколците и гледиштата на Министерството за образование и наука. Исто така, минатата недела, Сојузот од Собранието побара да организира јавна расправа за ова нивно барање и, како што наведе во писмото кое во четвртокот го прати до сите пратеници – „доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара…
Европската унија најостро го осуди воениот удар во Мјанмар и повика на итна обнова на легитимната власт во земјата. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел побара во името на ЕУ веднаш да се ослободат претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт и премиерката Аунг Сан Су Чи, како и останатите уапсени високи функционери. – Станува збор за очевидно кршење на Уставот на земјата и обид на војската да ја поништи волјата на народот на Мјанмар и неговата силна поврзаност за демократијата изразена на парламентарните избори во ноември 2020 година. ЕУ повикува на итна обнова на легитимната цивилна влада во Мјанмар и брзо…
Франција денеска ја повика Германија да го напушти проектот за гасоводот „Северен ток 2“ со Русија, како одговор на апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на демонстрациите. „Ние секогаш велевме дека изразувавме сомнежи во врска со овој проект“, изјави државниот секретар за европски прашања Климент Бон за Франс Интер. САД и неколку европски земји се против гасоводот Северен ток 2, тврдејќи дека со неговото завршување, Европа ќе стане зависна од Русија. Прашањето е на маса дури и по наводното труење на Алексеј Навални, неговото апсење по враќањето во Русија на 17 јануари и сузбивањето на демонстрациите од приврзаниците…
– Бугарскиот претседател Румен Радев упати критики до Владата во Софија дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија на западните партнери, јави дописникот на МИА од Софија. Тој на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите четири години од мандатот, изјави дека ќе се кандидира за втор мандат, заедно со потпретседателката Илијана Јотова. -Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас. Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и…
Претставниците на фотографската и видео дејноста во земјава формираа Комора. Здружени, апелираат дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што соопштија денеска, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки. Новата Стопанска комора за фотографска и видео дејност која ги опфаќа сите фото студија и видео продукции за свадби и настани, самостојни вршители на фотографска дејност и правни лица кои вршат набавка и дистрибуција на добра, веќе поднела барања за средби до надлежните министерства, на кои би…
„Годинешниот индекс на перцепција на корупцијата, според Транспаренси интернешнл, односно нивните податоци, дава мрачна слика за состојбата на корупцијата ширум светот. Големиот дел земји, односно две третини од нив имаат резултат под 50, додека генералната слика е дека не е постигнат никаков напредок во справувањето со корупцијата речиси една деценија. Нашата анализа покажува дека корупцијата не само што го поткопува глобалниот здравствен одговор на COVID-19, туку придонесува за продолжување на кризата на демократијата“, информираше Форумот за демократска Македонија. „Република Северна Македонија постигна 35 според индексот, рангирајќи ја на 111-то место во светот, што ја става во групацијата на две третини…
Во рамки на кампањата „Разбистри се“, Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Институтот за комуникациски студии, ќе ја презентираат платформата за пријавување на загадување до Државниот инспекторат за животна средина. Оваа платформа ќе овозможи, сите пријави од страна на граѓаните да пристигнуваат на едно место и да бидат проследени лесно со надлежните инспектори кои ќе реагираат на терен. На предвидената прес- конференција, по повод презентацијата на платформата, ќе зборува в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, кој живее во Куманово, ги повика своите сограѓани да патуваат бесплатно со него до главниот град Скопје. Тој секој ден патува со својот автомобил за да стигне на работа во Собранието на Македонија. Како што истакна тој, тоа ќе го прави без никаков надомест со можност граѓаните да поразговараат со него во врска со некој проблем. „Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот ❗️ …….“Оние сограѓани кои патуваат во Скопје а особено(пациенти,студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно…
Подобар пристап на бремените жени до гинеколошките услуги и суштинска примена на законите бара Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово. Во нивната анализа во рамки на повеќедеценискиот проект „Унапредување на здравјето на жените Ромки“ предупредува дека голем дел од жените Ромки плаќале за бесплатни гинеколошки прегледи, а висок е процентот и на неискористеност на бесплатните гинеколошки прегледи на бремени жени, кој се движи помеѓу 74 и 90, во зависност од услугите. – Потребен е подобар пристап на бремените жени до гинеколошките услуги, бидејќи 74 проценти од жените Ромки плаќаат за бесплатните прегледи за време на бременост, иако сите бремени…
Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование. Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем. Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови…
Во Грција започна вакцинацијата на жителите на оддалечените острови – не само затоа што нема соодветни болници во ситуација со многу заразени, туку и за да се заштити населението пред летната туристичка сезона. Спасувањето на летната туристичка сезона во Европа сепак изгледа многу тешко. Многумина се потпираа на масовните вакцинации до летото кои ќе им овозможат и на туристите и на домаќините да бидат помирни, но кампањата се вакцинацијата се забавува наместо да се забрзува. Па така, Белгија им забрани на своите граѓани да патуваат во странство на празници до март, а британскиот министер за вакцинација Надим Захави предупреди дека сега…
Лабораторијата на МАНУ утврдува дали медицинскиот тим на Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на коронавирусот. Надлежните не ја исклучуваат оваа можност бидејќи 29 здравствени работници заболеле во исклучително кус временски период во кој не работеле во Ковид центарот туку во т.н. „зелена зона“ и не биле во иста смена, анализира Телма. -Токму затоа во изминативе три дена повторно им се земени брисови кои се доставени во лабораторијата на МАНУ каде ќе се прави секвенционирање кое треба да потврди дали тие заболеле од британската мутација на вирусот. Истовремно во МАНУ, по случаен избор, ќе се прави и секвенционирање…