Author: Нова ТВ

Државата повторно ќе им олеснува на должниците. Премиерот Зоран Заев го најави петтиот пакет мерки кој е наменет за најсиромашните, пишува Дојче веле. Во екот на пандемијата, која нанесе големи штети и врз економијата, но и врз животниот стандард на граѓаните, државата најавува нови мерки со кои ќе го олеснува исплаќањето на долговите на најсиромашните. Во план е бришење на сите камати што граѓаните ги имаат кон државните и кон општинските институции за долгови постари од три месеци под услов на 12 рати да го плаќаа долгот којшто го имаат. Ова е само една од мерките кои што ги најави премиерот…

Read More

Евроатлантскиот совет на Македонија соопшти дека вчера на Генералното собрание е избрано ново раководство, на кое за претседател едногласно е реизбран Исмет Рамадани.  За генерален секретар е избран Илија Џугуманов, а бизнисменот Светозар Јаневски е избран за извршен директор на Бизнис- клубот. На состанокот се избрани и членови на новото Претседателство на Евроатлантскиот совет на Македонија: Исмет Рамадани,  Анѓелка Пеева-Лауренчиќ, Трифун Костовски, Илија Џугуманов, Љубе Дукоски, Ризван Сулејмани, Флорие Љатифи, Методи Хаџи Јанев, Тоше Коцевски, Виктор Андонов и  Љубица Пендароска, и членови на  Бизнис-клубот на Советот: Свето Јаневски – М6 Груп, Живко Мукаетов – Алкалоид, Ангелка Пеева-Лауренчиќ – Имиџ ПР,…

Read More

Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за БТВ. Според неа, ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија. Овој…

Read More

„Како можеше судскиот случај „Рекет“ да се заврши за неколку месеци, а предмети на СЈО отворени пред четири – пет години се уште немаат пресуда, а некои од нив дури и не започнуваат, трети застаруваат“- праша министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма и појасни дека владата како извршен орган не смее да има надлежности, ниту пак има во однос на судските постапки и судските одлуки и дека тие единствено зависат од ефикасноста и независноста на правосудството. „Не може Владата да носи пресуда, тоа не е обврска на Владата, си има првостепена пресуда од Основен…

Read More

– Светот одамна ги спроведува овие концепти. Во сите развиени земји историја и географија се интегрирани тематски како научни дисциплини, постојат секако модуларно поставени, но темите коишто ги разгледуваат тоа го прават заеднички и по двете науки и дисциплини за да може од фактографско да поминеме кон учење со размислување и критичко размислување, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. „Интеграцијата се прави за да може нашите ученици, идните продуктивните граѓани на оваа држава да донесуваат одлуки и главно да може некој како вашата партија се обидува да создава лажни…

Read More

Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието одговарајќи на пратенички прашања сподели дел од мерките предвидени со петтиот пакет за поддршка на граѓаните,  работниците, стопанството и економијата. Една од мерките, како што рече, е да се избришат сите камати по долгови кои граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции за долгови постари од три месеци под услов да си го регулираат на 12 рати долгот кој го имаат. – Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија, се. Најмногу се погодени граѓаните кои дефинитивно не можеле да постигнат да ги плаќаат редовно сметките.…

Read More

Процесот на враќање на довербата во судството или процес на прочистување на судството дава веќе конкретни резултати. Од 2019 година од кога се донесени законите и откако стапиле во сила веќе имаме 10 разрешени судии врз основа на оценката токму на Судскиот совет кој утврдил дека постапувале нестручно и несовесно, рече попладнево министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. – Со години Европската комисија ни забележуваше дека основите за избор и разрешување на судиите не се доволно прецизни, дека се користат за пресметка со политичките неистомисленици од минатата власт и сето тоа доведе до конкретизација на…

Read More

Избришана е групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, потврдија за МИА од МВР. Претходно, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побараа од Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“, во спротивно ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава. Во меѓувреме, во врска со случајот„Јавна соба“ приведени се четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип.

Read More

За македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало и преговарало ниту ќе се разговара и преговара. Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада, на овие прашања нема да разговараме. Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. – Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба. Не веруваме ние во таква ЕУ, нагласи Заев, додавајќи дека со бугарската страна креираат идеи да најдат решение.…

Read More

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, излезе со ново известување во кое вели дека уапсени се 4 лица, од кои две од Велес, едно од Битола и едно од Штип, инаку директни учесници во направената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. „Во заедничка соработка со обвинителството се работи на понатамошни докази во потрагата на нови лици инволвирани во оваа група со цел да се дојде до оние кои ја креираат оваа група, меѓутоа и до оние кои ги злоупотребуваат личните податоци. Станува збор за брза реакција во спроведување на сторителите за да во најбрз можен рок се стави крај…

Read More

По реакцијата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски дека Чулев наспроти актуелната власт за само еден ден го решил случајот „Јавна соба“, се огласија и од владејачката СДСМ. „Пред да излезе на прес-конференција, Димче Арсовски треба подобро да се информира за реалноста. Требало некој да му каже дека институциите веднаш реагираа и веќе има две лица приведени од страна на МВР, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Сите надлежни институции се влезени во трага и постапуваат. Секој ќе сноси одговорност. Велиме НЕ на насилството од секаков тип и нарушување на приватноста! Нема толеранција за ниту…

Read More

Како што посочи, министерот за здравство, Венко Филиплче, испратено е писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицирана моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти кои боледуваат од Ковид 19. „Набавуваме најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”. Вчера испративме писмо до Европската комисија за резервација на оваа терапија. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас. Овој лек го набавуваме со помош на кредитот од Светска банка“, посочи Венко Филипче, денес на својот фејсбук профил.

Read More