Author: Нова ТВ
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу вели дека сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата. Тој потенцира дека општината нема да дозволи тој да изгради ниту еден метар квадратен доколку не се држи до законот. Ако не го почитува, дециден е Ганиу, не е исклучена ниту една мерка, вклучително и уривање. – Објектот пред да го зафати пожар беше легализиран и беше со целосна докуменатација. Во законот стои дека во елементарна непогода, полава или пожар сопственикот може…
„Според анализите на лабораторијата на МАНУ, нема мутација на коронавирусот во земјава, како тој во Велика Британија. Овој вирус што е тука е присутен уште од пред неколку месеци“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Тој ѝ се заблагодари на српската премиерка Ана Брнабиќ за понудената помош дел од нашите лекари да се вакцинираат во Србија и додаде дека нашите здравствени работници сепак ќе се вакцинираат тука. „Сите вакцини ги евалуираме. Сепак, даваме предност на европската мрежа на лаборатории и нивните вакцини. Сметам дека сосема добро ќе ја спроведеме вакцинацијата“, изјави Филипче.
Министерството за образование и наука соопшти дека дебата за предложените реформи во основно образование денеска е организирана со академици од Одделението за општествени науки на Македонската академија на науките и уметности (МАНУ), на која присуствуваа министерката за образование и наука и заменикот, Мила Царовска и Арафат Шабани, членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието. Главни теми во дискусијата, за кои МОН наведува дека се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки, се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како и претстојните обуки на наставниците. – Го имаме најтранспарентниот процес досега. Од големо значење…
„Работиме интезивно, за да биде чисто од формално правен аспект, затоа што ми беше предизборно ветување дека ќе остварам една слободна туристичка зона. Сме во последната фаза на реализација на овој проект“, изјави градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети за расчистувањето на местото на спортско-рекреативниот центар Треска. На новинарско прашање, тој одговори дека нема да има никаква болница, хотели или трговски центри на тоа место. „Тоа се шпекулации на идејата за развој на туризмот во општина Сарај. Ова го правиме заедно со Владата“, потенцира Беџети. Според него, рокот за дислокација на камп приколките е до крај на февруари и смета…
Синоќа била организирана акција на полицијата и единицата за брзи интервенции во скопско Визбегово. Неофицијално, се апселе членови на банда, шверцери на кокаин, односно се работи за околу 50 килограми марихуана која била откриена во автомобил. На терен, биле ангажирани и припадници на единицата за специјални намени „Тигар”. Марихуаната веќе е запленета, а лицата се приведени. МВР повеќе детали за случајот ќе открие во текот на утрешниот ден.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не беше во можност да даде конкретен рок кога Западниот Балкан може да очекува вакцини преку ЕУ или преку механизмот Ковакс, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали може да каже јасно кога ќе пристигнат ветените вакцини во регионот, Урсула фон дер Лајен одговори дека тоа ќе се случи „најбрзо што може“ и увери дека солидарноста со третите земји останува приоритет за ЕУ. Ковакс механизмот, кој има за цел да им помогне на земјите со низок и среден приход, да дојдат до потребните вакцини, иако добива највеќе фондови…
Просечна плата од над 27.500 денари и раст на примањата во земјава за 7% за една година, покажуваат последните податоци на државната статистика. Според нив, најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во ноември била 66.556 денари или 1082 евра. Вработените во информации и комуникации земаат плати од 49.824 денари во просек, а во воздухопловен транспорт добиваат во просек по 49.144 денари. Вадење на руди и камен е сектор со просечна плата од 40.288 денари, а 46.607 денари земаат во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. Во финансиско-услужни дејности, освен…
Владата ги објави платите на министрите. Најголема плата зема премиерот Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата е 87.813 денари. На второ место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж). Следува министерката за труд и социјална политика која зема 74.273 денари (28 години работен стаж). Радмила Шекринска, министерката за одбрана добива 72.989 денари, а министерката за култура Ирена Стефоска 72.670 денари. Следуваат вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи со по 71.385 денари, а првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на македонската…
Наставата во второто полугодие продолжи по истиот, хибриден модел, како и во првиот дел од учебната 2020/2021 година затоа што, според Министерството за образование и наука, се покажал успешен и обезбедува континуитет во образовниот процес во услови на пандемија. Учениците до трето одделение и повозрасни од помалите училишта, главно подрачни и во рурални средини, вчера се вратија во училишните клупи по тринеделниот зимски распуст, а за поголемиот дел основци и средношколци наставата продолжи на далечина. Но, на онлајн-наставата не се вклучија дел од матурантите кои, организирани од Сојузот на средношколците, почнаа бојкот, барајќи државна матура со испити по два наместо…
Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство. Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16 отсто, што споредено со средината на декември (извештај на ИЈЗ за периодот од 14 до 20 декември 2020 г.) е намалување од 13,3 отсто, кога процентот изнесувал 29,3 отсто. Во истиот извештај од декември бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот на ИЈЗ…
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, а за негова доследна реализација ќе биде изготвена методологија и други пропратни документи. Конечната одлука за одржување на пописот во земјата, прв по 19 години, беше потврдена со вчерашното гласање во Парламентот, зад кое, како што најави, не застана најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Собранието во рамки на продолжението на 29. седница со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во 2021. За Законот за пописот гласаа и 29 пратеници припадници од…
Почина легендарната Бранка Станковска на 90-годишна возраст. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987). „Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец, дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радиопрограмите. ТОЧНО Е…