Author: Нова ТВ
Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата на која беше најавен почетокот на денешната масовна имунизација во Србија, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни, јави дописникот на МИА од Белград. -Разговаравме со Северна Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека…
„Ние во моментов дискутираме за образованието и за тоа какви промени ни се потребни. Без образование нема иднина. Денес со промени во образованието создаваме систем за функционална држава во следните две до три децении. Ако денес не направиме промени нема да го фатиме светскиот чекор и потоа се ќе биде залудно. И оваа тема е жешка тема во јавноста и треба да е. Какво образование им треба на децата и на државата? Оваа реформа не е козметичка, тоа е најлесно да го направите, реформа само во еден предмет или еден дел од образовниот процес, но тоа е полирање, нам ни…
Унгарија со години се обидува да влијае на медиумите во другите земји, особено во Словенија и Северна Македонија. За тоа се инвестирани милиони, известува австрискиот национален радиодифузен сервис ОРФ Според пресметките на ЕУ, најмалку четири милиони евра се слеале од Унгарија во Словенија и Северна Македонија од август 2018 година преку најмалку три компании кои имаат блиски врски со партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес. Од нив 1,5 милиони евра имаат корист главно словенечките медиуми, кои се блиски до словенечкиот премиер Јанез Јанша. Потоа се вели дека преку Словенија заминале 2,5 милиони евра во Северна Македонија, особено до медиумите блиски…
Министрите за здравство Венко Филипче и неговиот српски колега Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, кои Србија ќе и ги даде на државава, соопшти Министерството за здравство. Добивањето на вакцините, како што се посочува, е договорено во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. – Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин. Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта денеска имаа средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. На средбата Мицкоски зборувал за блокираните европски интеграции и побарал помош од Унгарија и севкупна поддршка за земјава. Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес. Мицкоски, како што се наведува, се осврнал и на блокираните европски интеграции кои…
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска во првото сведочење за незаконското прислушвање, рече дека никогаш и никому не му дал наредба да врши преслушување. „Тоа не е точно, јас не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено но усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации. Во текот на постапката исто така видовме дека нема ниту еден доказ за такво нешто. Еден датум, за конкретна личност или телефонски број, прислушувал со моја наредба, не видовме на ова судење”, рече Мијалков, пренесува СДК. Мијалков исто така тврди…
Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред се на лични чувства, а после тоа дури и на политичката функција која што ја извршувате еден ден треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, вклучително и на мене како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд по рочиште со новинарот Зоран Божиновски. Заев додава дека како носител на извршната власт, нормално е да биде на удар на критичката власт, но дека сепак граница треба да…
Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести. -Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.
„Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓаните со ниски приходи, дадоа резултат посебно за домашните туристички капацитети“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. За оваа мерка ќе бидат издвоени 15 милиони денари, а ќе биде наменета за семејствата чии месечни примања не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари. „Поддршката ќе биде по 12.000 денари од апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина на 2021 година“, истакна Бектеши.
За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одоговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, по рочиштето за судскиот спор меѓу него Зоран Божиновски, кого премиерот го тужи за клевета, кој додаде дека за содржината на информацијата треба да се прашаат ресорните министри. Заев напомена дека во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се…
„Мојата порака е таа што секогаш ја давам за градоначалниците од СДСМ кои победија на изборите – да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено“, изјави премиерот Зоран Заев за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, откако деновиве беше објавено дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа. „Лично разговарав со него и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Јас сум служител на сите граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита“, вели премиерот. Тој рече дека не бил запознаен со новите случувања во општината. „Оваа…
Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за предложената нацрт- концепција за основно образование. Во текот на оваа недела секој ден се организираат средби и дебати со различни групи а целта е преку овој широк консултативен процес да се донесе образовна реформа којашто е во најдобар интерес на децата. До крајот на неделава предвидени се средби со директорите на училиштата, наставниците, МАНУ и други засегнати страни. Министерката Царовска во среда ќе присуствува на средба со директорите на училиштата, во четврток со наставници, а во петок со членови…