Author: Нова ТВ

Со финансиска поддршка од ЕУ и Министерството за локална самоуправа, преку ИПА 2 Програма за Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, а во рамки на проектот „Откривање на скриените атракции“ комплетно се реконструира стариот Кооперативен Дом во демирхисарското село Слоештица. Со европскиот проект тој објект ќе прерасне во мултифункционален Центар со простор за настани, сместување, сувенирница и Спомен-соба на великанот на македонскиот збор, Петре М. Андреевски, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на посетата во Слоештица. -Општина Демир Хисар во партнерство со Општина Клос од Албанија интензивно работат на откривање на своите скриени атракции пред домашните и странски туристи. Во…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага одлагање на пописот за една година, по примерот на Германија, како и тргање на двата врзани потписи што, според нјив, укажува дека оваа статистичка операција е всушност политичка. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во изјави дека освен овие две работи, тие бараат и примена на читачи за отпечатоци на прсти за лицата кои постојано живеат во земјата. -Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година. Имаме време до 2022 година, како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ, бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го прими новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република во земјава Република Северна Македонија, Русос Кундурос, кој ги предаде копиите од акредитивните писма. Министерот Османи, како што соопшти МНР, изразил уверување дека за време на неговиот мандат пријателските односи меѓу двете земји ќе го одржат позитивниот тренд на развој. -Очекуваме Грција да продолжи со својата доследна принципиелна поддршка и да биде гласен лобист во Европската унија за нашата европска перспектива, која е значајна за двете држави, но и за целиот регион, посочил Османи, додавајќи дека Северна Македонија очекува исчекор на планот на…

Read More

Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, Берлин најавува дека останува посветен на ова прашање, мислам дека Европската Унија не може да си дозволи луксуз и оваа 2021 година, да помине така како што помина 2020, со неуспех по проширувањето, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во празничното интервју за МИА, во кое разговаравме за бугарската блокада, европеизацијата дома, интерпелацијата за него поднесена од страна на опозицијата, за капацитетите и подготвеноста на администрацијата за процесот на преговори… -Пристапниот процес е алатка за европеизација. Меѓутоа, нас никој не ни ги врзува рацете да работиме на европеизација ако…

Read More

Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, изјави португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари. Силва на онлајн брифинг за новинарите, како што пренесува Бугарското национално радио, истакнал дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство. Тој посочил дека ЕУ досега испорачала многу барања до Северна Македонија, земјата спровела голем број важни реформи, дури и го сменила своето име. „Тие ја завршија својата работа. Сега е време…

Read More

„Осогово лично и различно“ беше слоганот на кампањата која го следеше процесот на прогласување на „Осоговскиот рурален предел“ под заштита според најдобрите европски практики, за што од огромна помош беше поддршката на нашиот традиционално добар и посветен пријател – Швајцарија. Со оваа поддршка и со поддршката на Владата и на локалната самоуправа, Осогово доби нов стимул да ги искористи максимално своите потенцијали. Уверен сум дека тие потенцијали ќе се искористат и развијат, и ќе ни помогнат во нашите амбиции да ги донесеме европските стандарди дома, напиша Заев на својот ФБ профил.

Read More

– Многу незгодна ситуација за домашните режимски поддржувачи. Ги игнорираа првите часови од насилството врз демократијата во САД, а откако се најдоа изолирани во својот радикален ќош, почнаа да релативизираат со пораките од типот „ехее ние што сѐ не сме поминале, нека не се жалат многу“. Режимците кај нас се исти со радикалите кои упаднаа во Вашингтон. Исти насилни умови ги организираа и беа дел од случувањата на 27 април 2017 во македонското Собрание. За среќа и на огромно задоволство на големото мнозинство граѓани и тука и во САД, демократијата, мирот, стабилноста и почитта ги победија злите сили на манипулацијата,…

Read More

Не ми се веруваше додека ги гледав снимките на насилство и хаос од Вашингтон. Како што на 27 април 2017 не ми се веруваше дека тоа е возможно да ни се случи и во нашиот највисок законодавен дом, пишува на фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во врска со вчерашните насилства во Конгресот на САД. -Се покажа дека демократијата може да биде сериозно загрозена кога политичката моќ е во рацете на луѓе за кои функцијата е поважна од државата. И кои стимулираат поделби, омраза и насилство само за да ја задржат. Кога тоа се случи кај нас, тоа беше шок.…

Read More

Загрижувачки и вознемирувачки се сликите од Вашингтон синоќа. Насилството мора да биде осудено. Се надеваме и веруваме дека демократијата ќе надвладее, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер по повод синоќешните немири во Вашингтон. – Тоа е единствениот начин да се продолжи напред, вели Заев во пораката на Твитер.

Read More

Нашиот пат кон Европската Унија е многу тежок, тесен и многу стрмен. Процесот е во криза, проширувањето е во криза и мислам дека неуспехот на Европската Унија да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји-членки на Европската Унија. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во новогодишното интервју за МИА, во кое разговаравме и за бугарската блокада, европеизацијата дома, интерпелацијата за него поднесена од страна на опозицијата, за капацитетите и подготвеноста за процесот на преговори… Вицепремиерот Димитров вели дека оваа битка не е само битка за македонскиот идентитет, туку е…

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, му испрати честитка на претседателот на Соединетите американски држави, Џо Бајден по финалната потврда за неговата победа од страна на американскиот Конгрес, соопштија од ДУИ. – Двата дома на Конгресот на САД на заедничка седница ја потврдија победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември во Соединетите американски држави. Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира без оглед на непосредните и моментални предизвици за демократијата, вели Ахмети во честитката.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство и солидарност со американските граѓани по вчерашните протести во Вашингтон кога група поддржувачи на Трамп насилно упаднаа во Капитол хил. „Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани.“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Read More