Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Извештаите на Стејт Департментот, Европската комисија, како и „Фридом Хаус“, ГРЕКО и повеќе други меѓународни организации и тела, покажуваат дека реформите во судството даваат резултати во однос на владеењето на правото, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Според министерот, полека се менува и перцепцијата на граѓаните за враќањето на правната држава. -Судството не е нешто што се менува преку ноќ. Тука има со години наталожени проблеми и со години наталожени перцепции. Ако ги следиме анкетите изминатиов период ќе видиме дека имаме подобрување во правосудството. Довербата етапно се враќа. Јас сум задоволен што и на дело покажуваме опипливи резултати дека може…
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем. Апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето. Во текот на вчерашниот ден, како што денеска изјави, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање. – Ќе видиме денеска како ќе се одвива процесот. Во текот на вчерашниот ден од девет илјади граѓани коишто добија термин насекаде во државата, околу 4.500 граѓани се пријавеле за вакцинација. Ќе се обидеме денеска да видиме и да го…
Објектот на Одделенето за внатрешни работи на Општина Ресен е комплетно реновирано по 40 години. Ова е 55-ти реновиран полициски објект во земјава, а инвестицијата е 12,7 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи. На увид на реновираниот објект во Ресен, денеска присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според премиерот станува збор за уште една остварена обврска во континуитетот на реализацијата на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици. – Од денеска и ова реновирано одделение…
ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците на своите услуги.На фактурите за април е поставен персонализиран кјуар-код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга „инстант плаќање“ и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија, соопшти претпријатието. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку интернет-страницата на ЈП Водовод и мобилната апликација достапна за Андроид и иОС, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот – СУПЕР ТИНЕКС 1…
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, ги нарече приказни информациите дека поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски ќе формира своја политичка партија непосредно пред внатрешните избори во владеечката партија. Сепак Заев ги упати новинарите за тоа да го прашаат Црвенковски, иако не верува дека тој може да биде нешто друго освен СДСМ. -Претседателот Црвенковски не може да биде ништо друго освен основач на СДСМ и затоа не верувам во вакви приказни дека тој ќе формирал нова партија. Тоа ни е јасно на сите и не е точно, но дефинитивно треба да го прашате него. Тој е еден од основачите…
Оваа Влада искрено и силно е посветена во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој Владата пред две години го прогласи за празник во чест на 5 мај 1945 година кога е донесено Решението на Президиумот на АСНОМ за усвојување на азбуката на македонскиот јазик. Наведува дека за унапредување на македонскиот јазик, Владата иницираше измени и дополнувања на Законот за употреба на македонскиот јазик и ги слуша, како што вели, сите забелешки и сугестии во насока…
Во тек е масовна имунизација против Ковид-19, бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалуваат, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата. Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава пристигнаа и првите количини од ветените 120 илјади дози од ЕУ што вчера ги доставија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер. Премиерот Зоран Заев смета дека зад нас e периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и оти влегуваме во широка имунизација, – Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и сите показатели и динамиката на пристигање на вакцините во претстојнииот период најавуваат дека во тој поглед имаме сериозни промени на подобро. Сепак и во такви услови солидарноста на ЕУ за нејзините земји членки, како и за земјите кандидати за членство во Унијата не изостана, изјави Заев…
Владата на Холандија соопшти денеска дека е прерано за дополнително ублажување на антиепидемиските мерки, затоа што и понатаму е висок бројот на нови кови пациенти во болниците и бројот на заболени во единиците за интензивна нега. Владата најави дека во рок од една недела ќе донесе одлука дали да се одобри втората фаза за ублажување на рестриктивните мерки, која подразбира отворање на зоолошките градини, забаните паркови и одржување на културни манифестации на отворено, пренесе АП.
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може бесплатно да го користат сите граѓани и сите проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик. Ова е подарок од Владата на Република Северна Македонија, од Министерството за образование и наука, од авторите и од Институтот за македонски јазик до граѓаните. На промоцијата што ќе се одвива…
Онлајн дебата #ВозможноЕ ќе се одржи денеска во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски промени. Тема на дискусијата е предизвиците и добрите практики за справување со климатски екстреми и ризици. Целта е преку дискусија на претставници на различни општествени чинители да се истакне итноста за справување со климатските промени и за поставување на реални мерки за справување со временските екстремни појави предизвикани од климатските промени. На дебатата ќе учествуваат претставникот на УНДП Аги Верес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство…
По препорака на Комисијата за заразни болести, поради стивнувањето на епидемијата во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00, а ќе трае до 05:00 часот. На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи. Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена…
Без напредок во спорот со Бугарија, С Македонија не може да се надева на отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, порача вчера за време на посетата во Скопје еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. -Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на прашање на МИА дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Северна Македонија и Албанија. За одвојувањето на Скопје и Тирана, Вархеји рече…