Author: Нова ТВ

Од денеска граѓаните наместо 18 проценти ДДВ за храната што ќе ја купат во угостителските објекти ќе плаќаат 10, но за кетеринг услугите ДДВ-то од 5 се зголемува на 10 проценти. Угостителите велат дека ваквата мерка требало одамна да биде донесена бидејќи ја практикуваат речиси сите развиени економии, затоа што нема директни импликации врз буџетот, а ќе помогне за подобрување на ликвидноста и работењето на угостителите. Според угостителите, ДДВ-то за алкохолните пијалоци останува 18 отсто.

Read More

Доколку Европската унија (ЕУ) остави вакуум на Западен Балкан, тогаш и други сили, што не ги делат демократските вредности на Унијта, ќе влезат во тој вакуум, изјави државниот секретар за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот. Тој изрази разочарување што немало напредок во интеграцијата на земјите од Западен Балкан за време на претседателството на Германија со Европската унија во изминатите шест месеци. „Итно ни требаат позитивни сигнали за Западен Балкан. Во прашање не е ништо помалку од нашиот кредибилитет”, изјави Рот за Ханделсблат. „Мора да го истуркаме тоа. Мирот, регионалното помирување и демократијата на Западен Балкан се…

Read More

Со денешното одбележување на годишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, влегуваме во годината во која ќе го одбележиме историскиот настан – 30 години од референдумот за независност и 30 години самостојна државност. За време на неговиот живот и за време на извршување на највисоката државничка функција, претседателот Киро Глигоров беше „историја што чекори“. Како жив споменик на цела епоха, тој поврза два историски настани за конечно дефинирање на македонска државност – АСНОМ 1944 и 8-ми Септември 1991 година. Глигоров стави силен личен печат на спроведување на референдумот за независност, на донесувањето на новиот Устав…

Read More

Од денеска стартува прочистувањето на правосудството, што како приоритет Владата го стави на прво место меѓу 10-те за 2021 година. Прочистувањето ќе се прави врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите, како што предвидува Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја. Ова заедно со новите правилници за оценување треба да обезбеди ефикасно судство и јавно обвинителство што ќе ја врати довербата во правната држава. Со прочистувањето ќе се утврдува дали има неоправдано одложување на рочиштата од страна на судиите, непочитување или пречекорување на законските рочишта, застарување на гонење…

Read More

Во ургентните центри и ковид – центрите во Клиничкиот центар новогодишната ноќ поминала мирно. Споредено со минатите години имало помалку приеми: Десетина прегледи имало во Ургентниот хирушки центар и десетина на Клиниката за токсикологија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. „Десетина прегледи и приеми во Ургентниот хируршки центар, што споредено со 30 до 40 изминатите години е многу помалку. Десетина приеми и на Клиниката за токсикологија што на еден начин е ургентен интернистички центар, исто така многу помалку споредбено со триесетина случаи кои биле примани изминатите години. Тоа значи дека навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирања…

Read More

Недозволена работа на кафеани, тепачки, семејно насилство, продажба на дроги, тешки кражби, употреба на пиротехника – новогодишната ноќ со статистика од 16 кривични дела и 13 прекршоци. Од синоќа во 19.30 часот до 8 часот утрово на бесплатната телефонска линија на МВР, биле пријавени 22 групирања за новогодишната ноќ, од кои 8 биле неосновани, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Девет од пријавите биле за собирања во викенд- куќи каде полицијата извршила контрола и случаите се документираат. Од отворањето на линијата на 28 декември до утрово вкупно се пријавени 62 групирања, кои поред законот не се дозволени, како мерка…

Read More

Испративме година на пандемија и сите погледи и очекувања се вперени кон годината што претстои 2021. Очекувањата на домашните надлежни институции е од година која ќе заврши со негативен раст, позитивни стапки да се остварат во 2021 година. Проекции за позитивни стaпки за 2021 година имаат и власта и Народната банка, како и меѓународните организации. Позитивните очекувања во почетокот на 2020 година спласнаа со почетокот на пандемијата во март. Па очекувањата од позитивни стапки, се стопија во негативни во вториот, третиот и четвртиот квартал. Првиот квартал во кој почна пандемијата, но го зафати само третиот месец после 10 март, оствари…

Read More

Делегација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје. Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше во состав: Миле Бошњаковски, генерален секретар и полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот. – Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. За изградбата на самостојна Македонија даде личен печат со спроведување на референдумот за независност, донесување на новиот Устав, битката за демократска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и нејзина меѓународна афирмација, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Read More

Според Министерството за здравство, вкупно во Скопје во ковид-центрите има 348 пациенти, кои се главно на кислородна поддршка „Ова е најниска бројка, многу одамна не сме ја имале. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи“. Вака, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ утрово ја оцени состојбата на Клиниката каде во моментов се хоспитализирани 122 пациента, од кои стотина се со тешка клиничка слика, околу 12 на неинвазивна вентилација, а најголем дел од нив се на поддршка со висока концентрација на кислород. Доктор Дејан Доќич информира дека во ковид – центрите на инфективните клиники вчеравечер имало само три приеми и немало…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче, за новогодишната ноќ беше во операционата сала. На својот фејсбук, Филипче објави дека со дежурниот тим на Клиниката за неврохирургија оперираа пациент со тумор на мозок и дека операцијата завршила успешно. Сподели и неколку фотографии од интервенцијата. „Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме. Среќна нова година“, напиша Филипче.

Read More

Од денеска, па во наредните шест месеци со ЕУ ќе претстедава Португалија, чии приоритети во претседавањето ќе бидат насочени кон економско и социјално заздравување на блокот од последиците на здравствената криза предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Како што најавија властите во Лисабон, покрај ова, меѓу приоритетите на португалското претседавање ќе бидат и прашањата поврзани со здравјето и безбедноста при работа, спроведувањето на Европскиот столб за социјални права и дискусиите околу минималната плата, за што е предвидено да се дебатира и на посебен Социјален самит на ЕУ, планиран во мај годинава. – Португалија е целосно свесна за посебните предизвици во преземањето…

Read More

Министерството за образование и наука денеска информираше дека на учениците и студентите кои имаат право на стипендија веќе им се исплатени три месечни износи кои им следуваа за 2020 година. – Во последниот квартал на 2020 година, Министерството за образование и наука изврши целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата за ученички и студентски стипендии. Повеќе нема доцнење на исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото, се наведува во соопштението од МОН. Оттаму најавуваат дека редовната динамика на исплата на стипендиите ќе продолжи и во иднина и оти…

Read More