Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Португалија го презеде претседавањето со ЕУ со план за фер, зелено и дигитално заздравување

0
By Нова ТВ on January 1, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 1, 2021 13:12

Од денеска, па во наредните шест месеци со ЕУ ќе претстедава Португалија, чии приоритети во претседавањето ќе бидат насочени кон економско и социјално заздравување на блокот од последиците на здравствената криза предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Како што најавија властите во Лисабон, покрај ова, меѓу приоритетите на португалското претседавање ќе бидат и прашањата поврзани со здравјето и безбедноста при работа, спроведувањето на Европскиот столб за социјални права и дискусиите околу минималната плата, за што е предвидено да се дебатира и на посебен Социјален самит на ЕУ, планиран во мај годинава.

– Португалија е целосно свесна за посебните предизвици во преземањето на претседателството на Советот на ЕУ во време на пандемијата со Ковид-19. Иако се големи надежите дека ќе бидат можни повеќе тет-а-тет средби, треба да се води сметка за здравјето и безбедноста, па се предвидуваат и голем број онлајн настани и состаноци, посочуваат од португалското претседателство.

На политичко ниво трите главни теми на кои ќе се посвети португалското претседателство ќе бидат одговор на економската криза и на нејзиниото социјално влијание преку зајакнување на Европскиот столб за социјални права и спроведување на здравствена политика, базирана на искуствата од ковид-кризата.

– Генерално, под мотото „Време за испорака: фер, зелено и дигитално заздравување“, Португалија се надева дека ќе придонесе за еластична, социјална, глобална, дигитална и зелена Европа. На крај, но не и најмалку важно, високо на агендата на Португалија, ќе биде и одржување на Конференција за иднината на Европа, бидејќи Европската Унија треба да ја приближиме на граѓаните, порачуваат од португалското претседателство.

Португалската министерката за европски работи Ана Паула Закаријас во интервју кон крајот на ноември минатата година посочи дека главните заложби на претседавањето на Португалија со Унијата ќе бидат социјалните политики и односите меѓу ЕУ и Индија.

– Поотпорна Европа е еден од нашите приоритети, но треба да ја градиме на три столба: одржливост, иновација и благосостојба на граѓаните, изјави Закаријас.

Предвидено е Португалија да се посвети и на т.н. „дигитална демократија“, поставување на еколошки и дигитални цели, реформа на миграциската политика, а за на почетокот на годинава се превидува и претставување на амбициозен Акциски план за обезбедување еднакви можности на пазарот на трудот и фер услови за работа со цел „да се спречи претворање на економската и здравствената криза во социјална“.

– Треба да ги гледаме луѓето и социјалната агенда. Треба да ја вратиме довербата на граѓаните, да го зачуваме чувството за благосостојба преку капацитетите на заедничко работење, да имаме одреден идентитет и да изградиме европско граѓанство, изјави Закаријас, додавајќи дека овие теми ќе бидат на агендата на Конференцијата за иднината на Европа.

На надворешен план португалското претседателство ќе се посвети на ревитализација на трансатлантските односи со новата американска Администрација на претседателот Џо Бајден и ќе работи на постигнување договор за слободна трговија со Индија и на регулирање на односите со Велика Британија по Брегзит, на зајакнувње на врските на блокот со земјите од Јужна Америка, како и на организирање самити ЕУ-Индија и ЕУ-Африканска Унија.

Во достапните документи за португалското претседателство не се споменува дека темата за проширувањето на ЕУ ќе биде меѓу неговите приоритети. Од таму, можеби и не зачудува што австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг при минатомечната посета на Лисабон, апелираше  проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да се најде на агендата на претседавањето на Португалија со ЕУ.

Шаленберг во Лисабон изрази жалење што разговорите за членство со Северна Македонија и Албанија не започнаа за време на германското претседателство со ЕУ, во текот на втората половина на 2020 година, нагласувајќи дека е штета што останатите членки на ЕУ не успеале да ја убедат Бугарија да се откаже од блокадата на европскиот пат земјава.

Дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан нема да се најде меѓу приоритетите Португалија, можеше да се насети и од изјавата на европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за земјава, Илхан Ќучук, кој во интервју за Бугарското национално радио (БНР) на почетокот на декември оцени дека Скопје и Софија треба да се вратат на преговарачката маса, на темелите на Договорот за добрососедство и на концептот на „заедничкото“, нагласувајќи дека „пореална опција“ е да се направи „добра подготовка во следните шест месеци“ во очекување на словенечкото претседателство со ЕУ, кое ќе следи по португалското.

Очигледно е дека во Португалија, земјава, па и целиот Западен Балкан, нема да има толку силен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, како што тоа беше случај со претходниот претседавач Германија, која и покрај ковид-кризата и внатрешните спорови во Унијата околу Буџетот и преговорите за идните односи со Лондон, до крај правеше обиди да се постигне компромис за одржување на првите меѓувледини конференции со земјава и Албанија во текот на нејзиното претседавање. Ставот на Германија, чие претседавање беше под мотото „Да ја направиме цела Европа повторно силна“, беше дека интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ е вин-вин ситуација, од која бенефит ќе имаат двете страни и затоа сите треба да работат на тоа.

Сепак, прашањето за проширувањето може да се најде на повисоко скалило на агендата на португалското претседавање, имајќи предвид дека на ЕУ и остана „незавршена домашна задача“ за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, кој беше блокиран од страна на Бугарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.