Author: Нова ТВ

Собранието денеска попладне ги одржа 29-та седница, како и продолженијата на 19-та и 20-та седница, на кои беа изгласни Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“, Законот за инвалидски организации, како и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, пренесува МИА. Предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, беше повлечен. Пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“ го донесоа Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба. По гласањето, координаторот на…

Read More

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES)  подготви анализа на актуелната политичка состојба на Балканот во врска со моменталните опасности што го загрозуваат напредокот на земјите од регионот. Во анализата „Кој го загрозува Балканот?“ стои: „Во историјата на меѓународните односи ќе биде запишано дека сите земји на Балканот од Словенија до Бугарија барале и бараат официјално членство во ЕУ и НАТО, освен Србија, која прогласи воена неутралност, но сепак е кандидат за членство во ЕУ. Низ историјата, преку јавни и тајни договори, меѓународни конференции, особено по крајот на двете светски војни, но и локалните војни на Балканот и пошироко,…

Read More

– Владата на Северна Македонија го поздрави денешното усвојување на пакетот од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за финансирање на пристапот на земјите од Западниот Балкан со вакцини против КОВИД-19, набавени од земји членки на ЕУ од страна на Европската комисија. – ЕУ е нашиот најважен и најблизок пријател во сите фази на пандемијата. Ја поздравуваме одлуката да се обезбедат 70 милиони евра за да се покрие трошокот за вакцини за приоритетните групи, како и опрема потребна за да се изврши вакцинацијата. Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат…

Read More

Градоначалникот Шилегов, на сите свои сограѓани им упати честитка за Новата 2021 година во која им пожели да им биде исполнета со многубројни моменти на среќа и благосостојба, како и здравје за нив и за нивните најмили, и им порача да ја дочекаат во празнично расположение во кругот на нивните најблиски. – Зад нас е уште една тешка година која заеднички успеавме да ја пребродиме. Иако моравме да го намалиме нашето движење, да седиме дома, да ги кратиме нашите трошења, сепак, градот мораше да продолжи да функционира и живее. Светската пандемија на корона вирусот наметна нови приоритети. Успеавме да го…

Read More

Шпат Касапи денеска е разрешен од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, откако пред еден месец беше приведен поради поседување дрога. Груби за „360 степени“ изјавил дека разрешувањето на советникот била првата работа што ја направил утринава. -Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес – рекол тој. Инаку, Касапи е познат пејач, инаку син на прaтeничката Ѓулемсер Касапи. Пред еден месец, како што објавија медиумите, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“. И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински брифинг…

Read More

По повеќемесечна истрага од страна на неколку оддели на МВР, на 27 декември полицијата привела осум членови на терористичка организација, информираат од ресорното министерство. Врз основа на судски наредби за претрес во дом и други простории, извршени биле претреси на осум локации, од кои пет во Куманово и три во Скопје, при што пронајдени и уапсени се сите осум лица. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал веднаш вчера поднел и кривични пријави против Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21), Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово за сторено…

Read More

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска соопшти дека интензивно работи на спречување на загадувањето од Пејпер Мил – Кочани и оти инсистира на почитување на законите. Промените што ги правел инвеститорот не дале резултати и фирмата е казнета со 20.000 евра. – Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4 ноември 2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности. Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење…

Read More

Ако сакаме да има гас до сите домови државата т.е НЕР мора да управува со ГАМА, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој воедно е и претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедица . Бислимоски појаснува дека сега имаме состојба кога гасот што стига од Русија проаѓа низ гасоводниот прстен со кој управува Макпетрол и државата. Тоа, како што појаснува, е како на обиколница патарината да ја определува и приватно претпријатије, но ако е во сопственост само на државата може да одлучи и да нема патарина за возилата од нејзиниот град туку само за транзитните. Бислимоски…

Read More

Во пресрет на денешните седници на Собранието, на кои се очекува жестока расправа околу гасоводот на „Макпетрол“ и други теми, СДСМ излезе со соопштение во кое тврди дека и покрај многуте амандмани и опструкции, на ВМРО-ДПМНЕ не им успеја ниту една блокада, освен таа на нивната банкарска сметка. -ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски во изминатите три години тера политика и стратегија на кочење и блокирање на се, што е во интерес на граѓаните.Меѓутоа на Мицкоски ни му успеа ни една блокада, ни една опструкција, ниту во Собранието ниту надвор од него.Единствена успешна блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се блокираните…

Read More

Министерот Оливер Спасовски во денешното гостување на Утрински брифинг најави бесплатна телефонска линија ( 0800 – 00 – 201   ) на која граѓаните ќе можат да ги пријават недозволените забави и собирања на повеќе од 4 лица. -Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број ( 0800 – 00 – 201), анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, рече Спасовски. Спасовски потсети дека групирање на повеќе од четири лица е…

Read More

– Германија тврдеше дека проширувањето на ЕУ, а особено официјалниот старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, се важен приоритет за нејзиното претседавање со ЕУ, но сепак доби непријатно изненадување од Бугарија, која стави вето на пристапните разговори со Скопје, поради спорот околу јазикот, историјата и наследството, наведува „Брисел Тајмс“. – Бугарската блокада можеби изгледа неочекувана имајќи предвид дека Владата на Бојко Борисов е една од најблиските сојузници на канцеларката Ангела Меркел во Источна Европа. Иронично, самата Влада на Борисов се фокусираше на „европската перспектива“ на Западниот Балкан кога Бугарија претседаваше со Советот на ЕУ во првата…

Read More

– Последниве денови полека се намалува бројката на новодијагностицирани случаи позитивни на коронавирус, но и бројот на лица кои се на болнично лекување. Се регистрираат и голем број оздравени лица, често пати повеќе од бројката на новозаразени. Но, сепак, и покрај ваквата тенденција на благо смирување на пандемијата, речиси секојдневно се регистрираат по дваесеттина починати. Надлежните постојано апелираат на почитување на заштитните мерки и препораки, особено во пресрет на претстојните новогодишни и божикни праници. Се интензивираат апелите за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека МВР има посебен…

Read More