Author: Нова ТВ

– Советот за реформи во судството денеска треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството. Овој поцес, како што најави министерот за правда Бојан Маричиќ на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот. – Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 денови со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. Ова според нас е најдобриот начин, како фелата сама да си ги прочисти своите редови, истакна министерот за правда.…

Read More

Нови 200 професионални војници од денеска се приклучуваат во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. Новите војници денеска на свеченост во касарната „Илинден“ ќе ги поздрави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Со приемот на новите 200 професионални војници, вкупната бројка на новопримени во изминативе три години е 830 лица.

Read More

Нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала утрово во 7:50 часот повторно го погоди централниот дел на Хрватска. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот се наоѓал во близина на Петриња, исто како и првиот потрес кој се случи рано утрово во 6:28 часот. Жители на Петриње тврдат дека почувствувале силно затресување. Хрватската Сеизмолошка служба соопшти дека денеска во 6:28 часот е регистриран земјотрес со епицентар пет километри југозападно од Петриња, со интензитет од пет степени според Рихтерова скала. Земјотресот бил почувствуван во Загреб, Риека и Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од…

Read More

-Еден од аргументите е  тоа дека со легализирање на марихуаната, покрај медицинската  и рекреативната употреба, се намалува бројот на корисници на ова растение, но и значително влијае на намалување на користењето на потешки, хемиски дроги. Ако се следат научните истражувања, кои во последните неколку години, земаат се поголем замав, тогаш јасен е трендот на намалување на бројот на корисниците. На пример, во Канада и во американските држави Колорадо и Орегон, користењето на марихуаната во рекреативни цели се намалило за 50 отсто, особено кај младата популација, пишуваше претходно Нова ТВ. За Европа има интересни податоци објавени како дел од медицинско истражување,…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот. Тој рече дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила. – Ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот, појасни Спасовски. Министерот за внатрешни работи информира дека полицијата деновиве растурила неколку забави. – Синоќа се случи растурање на забава во Волково, при што…

Read More

Кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години, ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис. Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по отворањето на стрелиштето на Армијата и на МВР во касарната „Илинден“, на кој присуствуваше заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. -Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги рушеше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра…

Read More

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски, на денешната прес-конференција ги презентираа детали од одлуката за прераспределба на парите од концесионерот „ТАВ“, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ целата држава. Како што истакна Арсовски, со 35 милиони евра почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 градови. Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на…

Read More

Владата не сака да ја коментира изјавата на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој вчера обвини дека надворешната политика на Северна Македонија не е усогласена со онаа на ЕУ во однос на санкциите кон Русија. На прашање за коментар на ваквите обвинувања од опозициската партијата, од Владата потенцираат дека земјава останува посветена на патот кон ЕУ. „Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сакаме да истакнеме дека Република Северна Македонија останува посветена на нејзиниот пат кон интегрирањето во ЕУ. Република Северна Македонија е членка на НАТО додека одиме понатаму кон членство во ЕУ.…

Read More

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус, предупреди дека пандемијата на вирусот корона не е и последна и дека земјите треба да инвестираат во јавното здравство за да бидат подготвени за идните здравствени кризи. „Историјата нè учи дека ова нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот“, рече Тедрос според кој пандемијата не е изненадување. Тој додаде дека вирусот корона „го сврте светот наопаку“ во текот на изминатата година и остави далекусежни последици за економијата и општеството. „Но, самата пандемија не е изненадување“, рече Тедрос потсетувајќи дека СЗО со години предупредува на таквата можност и…

Read More

Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски. Како што информира Арсовски на прес-конференција, обработени се сите приговори, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна до утре. Портпаролот е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите. Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.…

Read More

Власта го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминали со кои би се земале отпечатоци од прсти при спроведување на пописот во април наредната година. Меѓутоа, порачуваат од Владата, во пописот нема политика, туку тоа е статистичка операција. „Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведување на пописот е во интерес на сите граѓани. Државата треба да ги знае точните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смее да ја одложуваме затоа што нејзиното организирање за општо добро. Треба сите да бидеме свесни колку ни се неопходни тие податоци кои треба да ги…

Read More

Во изминатите три години се инвестираа милијарда евра во изградба и реконструкција на патишта, мостови, свлечишта, вијадукти. Во овој момент инвестираме преку 840 илјади евра во изградба на патна инфраструктура или околу 400 километри патишта, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за „РСЕ“.

Read More