Author: Нова ТВ
Секој функционер и именувано лице, во рок од 30 дена од стапување на функцијата има законска обврска да поднесе анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Целта на поднесувањето анкетни листови е да им овозможи на антикорупционерите увид во имотот на функцинерите пред, за време и по завршување на мандатот. На овој начин, несразмерното зголемување на имотот на именуваното лице лесно може да се воочи и да поттикне отворање постапка во која треба да се докаже законитоста на новостекнатиот имот. Во анкетниот лист функционерот треба да наведе се што поседува лично – движен и недвижен имот, како…
– Јавното етикетирање на медиумите и новинарите, посебно од страна на високи претставници на политички партии и пратеници, ја загрозува слободата на медиумите и е промоција на обиди за цензура и самоцензура, реагира денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). ЗНМ потсетува дека во изминатите два дена дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеникот од Левица во своите изјави ја етикетираа ТВ Телма како „режимска телевизија“, а навреди и омаловажувања посредно или непосредно беа упатени и кон новинарите и уредниците на оваа национална телевизија. -Овој вербален напад упатен кон нашите колеги од ТВ Телма дополнително претставува и повреда на…
Заев: Да празнуваме одговорно и да ги поддржиме сите кои се на првата борбена линија против Ковид-19
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска преку видео обраќање испрати порака до граѓаните одговорно да ги прослават претстојните празници. Заев апелира и да ги поддржиме сите што се на првата линија на борбата со коронавирусот, упатувајќи им посебна благодарност на лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на полицијата, на армијата, инспекциите и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба, притоа нарекувајќи ги херои. – Годинава што изминува ќе остане запамтена по здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, кај нас и во целиот свет. Беше и сѐ уште е многу тешко. Но,…
Министерот за внатрешни работи денеска на својот фејсбук профил соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари. Спасовски уште еднаш апелира на совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Предупредува и дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните, ќе мора да сноси одговорност. -Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР. Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да…
Истите што ќутеа и се криеја за време на Грујовите реформи, па се приклучија крадешкум на Пленумите, и им беше страв на Филозофски да се среќаваме па во тоа нашиот Институт првите средби среде зима се држеа со стотици – колку можеа да се соберат – сите тие се против реформиве, на чело со „Првата Пленумка“, сподели Проф. д-р Катерина Колозова. „Да додам: „првата пленумка“ не беше прва, и дојде кај мене во Институт кајшто јас, Огнен Чемерски покоен и Игор Јовановски веќе работевме на мобилизација, мислам на Ванковска – после што не се појави на ниеден пленум во живо,…
Еден од првите потези на Владата на СДСМ, во 2018 година, беа измените во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кои во членот 102 се предвиде забрана за медиумско рекламирање на државни институции, односно на нивните услуги и активности. Оваа забрана Владата избра да ја донесе како дел од генералната политика, прво за создавање објективни медиуми, финансиски независни, и второ, како дел од политиката за транспарентност. Секако, и под влијание на сето она што претходно се случуваше кога Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ корумпираа медиуми, па им кешираа на телевизиите износи од десетици милиони евра под изговор дека рекламираат…
Сите реакции во врска со концепцијата мислам дека се должат на недоразбирање, истакна во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“ за реформите во образованието професорот на УГД, Кирил Барбарев, член на работната група за подотовка на концепцијата за основно образование. „Мислам дека концепцијата стартуваше многу несреќно и наиде на многу негативни реакции, што е и разбирливо зашто се работи за чувствително прашање. Не е точно дека се брза со реформите. Во последните 20 години се направени многу анализи, констатирани се многу состојби. Работната група искрено се обиде да го направи она за што зборуваа многу колеги досега, а тоа од…
Во годината кога САД се соочија со здравствена, економска, но и културолошка криза, се одржаа претседателските избори на кои се одлучуваше кој ќе биде станарот на Белата куќа во следните четири години. На 4 ноември се одржаа изборите, на кои Американците во поголем број гласаа за обединетост и емпатија наспроти поделби и навреди. Политичките аналитичари оценуваат дека победата на демократот Џо Бајден и Камала Харис, која ќе биде првата жена и воедно првата Афроамериканка, со азиско потекло на позицијата потпретседател, се случи бидејќи тие сериозно ја сфатија загриженоста на Американците. За време на предизборната кампања, Бајден испрати порака која беше…
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, смета дека критичен момент за македонското стопанство ќе биде кога ќе почне да престанува државната помош. Во интервју за МИА, Азески вели дека како држава, не можеме да речеме дека ги преземавме најдобрите можни мерки, но не потфрливме, како и дека состојбата не е сјајна. Сепак, како што нагласува, имаме предност што во однос на јавниот долг сме во поповолна ситуација од другите земји на Балканот. Азески порачува дека владеењето на правото е клучно, а попис мора да направиме. „Иако мислевме дека ќе има криза во ликвидноста уште летото зашто нашата економија…
Откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги, во земјата ќе почне широка дебата за целосна легализација и декриминализација на канабисот. До јуни 2021 се очекува да биде отворена дебатата, по што процесот ќе оди во Собрание, вели премиерот Зоран Заев, кој очекува идната година да се отвори дебата за декриминализација и за целосна легализација на канабисот. Измени на Законот Потребни се промени на членот 215 од Казнениот закон или додавање на нов член 215-а кој ќе го регулира канабисот, вели адвокатот Јанаки Митровски кој додава дека…
Премиерот Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД, известуваат владините служби. Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка. Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и…
„Март месец ќе биде месецот на вакцинирање. Се надевам дека можеме тоа и порано да го постигнеме“, изјави премиерот Зоран Заев за емисијата „Само интервју“. „Тоа кој кога почнал со вакцинирање, дали има 1000 или 5000 вакцини по земја, е навистина покажување на мускули или примат кој е прв. Јас не сум човек кој што гледа на работите по пат на натпревар од таков карактер. Ние сме вградени во сите системи и сме ги уплатиле авансите за вакцините“, појасни Заев на прашањето зошто дел од земјите во регионот веќе започнаа со вакцинација. „Здравствените работници и хронично болните први ќе ја…