Author: Нова ТВ

„Немам комуникација со Борисов. Последен пат се слушнавме во мај месец и тогаш си префрливме еден на друг за тоа како го гледаме решението за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Што не е јасно“. Тој посочи дека не би коментирал повеќе околу Борисов, бидејќи „тој сега ова со Каракачанов и Захариева ќе го користи за решавање на внатрешните проблеми во Бугарија. „До месец април, до кога се изборите во Бугарија, официјална Софија ќе тренира жестокост врз Македонија. Таа стратегија е јасна како ден. Исто така верувам дека премиерот Зоран Заев…

Read More

Пусти избори. Ние политичарите, не само во Бугарија, туку каде било, знаеме да бидеме нерационални и да носиме чудни одлуки пред избори, рече Заев во интервју за Канал 5

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја оцени контроверзната изјава на бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов за донацијата на вакцини, како само балканска во негативна смисла. „Јас претпоставувам дека и неговиот премиер би се засрамил од оваа изјава. Таа не е изјава, ниту на сојузништво, ниту на пријателство. Имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што видовме од бугарските пасоши во Северна Македонија, ама во случајов ќе зборуваме за печалењето политички поени, кое сме го виделе и во минатото и кое обично не завршува сјајно. Ама ако на прашање на вакцина и на здравје некој се труди да печали вакви…

Read More

– Ќе продолжиме по трнливиот пат по кој тргнавме во 2019 година, бидејќи корупцијата стана начин на живеење, таа е навлезена во сите пори во општеството, истакна Билјана Ивановска од ДКСК на конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“. „Основен чекор што треба да се направи во борбата против корупцијата е борбата на личноста со самиот себе, интергритетот на една личност и професионално постапување може да направи прогрес. Се додека имаме некаков личен интерес, можеби и партиски, тој пат е зацементиран. Треба да порасне нивото на свеста на граѓаните дека на никој ништо не должат“, истакна таа. Ивановска вели дека започнале да отвараат предмети…

Read More

Реформата на јавната администрација е стратешка цел на Владата, а е и наша обврска и кон Европската Унија, но пред сѐ кон нашите граѓани. Планот е до крај на март 2021 година, во координација на сите министерства да се усогласат сите предлози и забелешки на предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за да може до јули да се усвои Законот во Собрание, истакна премиерот Зоран Заев на денешната осма седница на Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА). На седницата, членовите на Советот и присутните министри дадоа свој осврт по разгледување…

Read More

Во 2021 година очекувам сериозно да биде третирана темата прочистување на судството. На крајот на оваа година ќе биде презентиран концептот, за кој верувам дека правосудните органи ќе го одобрат, да го усвојат и да видиме конечно конкретни разврски поврзани со одвојувањето на нечесните од чесните судии во 2021, истакна националениот координатор за комуникациски стратегии, Марјан Забрчанец, на конференцијата на Цивил, насловена „Перспективи 2021“. Понатаму, тој посочи дека за следната година и пописот е една од големите планирани операции. -Друг важен проект, важна тема која што е од највисок интерес на населението, би рекол повеќедецениски интерес на населението, е пописот.…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска сведочеше за настаните од 27 април, 2017 година во Собранието, кога многу новинари и пратеници беа повредени. Како што истакна Мицкоски пред судот, ниту еден член од неговата партија не бил дел од организацијата при упадот во македонскиот Парламент. „Народот се самоогранизираше тој ден. На дел од тие протести бев и јас. Протестиравме против погрешните политики и ценам дека е демократско право да изрази револт против определени политички партии и структури. Ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата при упадот“, истакна Мицкоски. Конкретниот ден, Мицкоски рече дека бил на состанок надвор од…

Read More

Реал Мадрид е најуспешен клуб во историјата на елитното европско клупско натпреварување, додека Вардар е најдобро рангиран македонски клуб, на 149. место. Ова го покажува вечната ранг – листа што УЕФА ја објави врз основа на резултатите на сите учесници во поранешниот Куп на европските шампиони и актуелната Лига на шампиони, во периодот од 1955 до 2020 година. Реал Мадрид ја предводи вечната листа на најуспешни, пред Баерн Минхен, Барселона, Манчестер јунајтед и Јувентус. Листата на десет најуспешни екипи ја заокружуваат Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс. Од македонските клубови, најдобро рангиран е актуелниот првак Вардар, на 149. место, со…

Read More

Во однос на пописот, министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска рече дека Законот веќе е во собраниска процедура и целта е да се изгради систем што еднаш засекогаш ќе ја тргне политиката од овој и од сите идни пописи. – Наша цел е статистичарите, а не политичарите, да го имаат главниот збор при пребројување на населението. Верувам дека ќе организираме добар попис по сите европски стандарди, а резултатот ќе биде основна алатка за да знаеме какви долгорочни развојни политики можеме да креираме, истакна Маричиќ, додавајќи дека пописот би се спровел во април ако Собранието го доенсе законот.

Read More

Северна Македонија ќе биде правна држава каде што ќе одговараат сите кои ги прекршиле законите, сега или во иднина, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ. Намалени судски такси, нова методологија, закон за попис и предлог за зголемување на казните за загадувачите, се дел од работите кои ги наведе министерот Маричиќ, правејќи пресек од првите 100 дена од работата како министер за правда. – Плановите за иднината ни се амбициозни, намерите ни се јасни и чесни, а посветеноста е максимална, изјави Маричиќ. Правдата, нагласи тој, мора да биде достапна за сите граѓани. – Изминатите години бевме сведоци дека…

Read More

Иванка Мијиќ, советник во Бирото за развој на образование во емисијата „Објектив“ на Националната радио телевизија го објасни начинот на кој ќе се обединат модулите во интегрираниот предмет природни науки. Мијиќ рече дека согласно новата концепција за основно образование, наставниот предмет природни науки ќе се изучува во сите девет одделенија од деветгодишното основно образование. Започнувајќи од прво, заклучно со петто одделение ќе биде застапен со два часа неделно, во шесто одделение ќе се изучува со три часа неделно а во третиот развоен период од основното образование, од седмо до деветто одделение, по пет часа неделно. „Она што е новина за…

Read More