Author: Нова ТВ
Во легализацијата на марихуаната премиерот Заев гледа можност за сериозен економски потенцијал на државата и за успех во борбата против употреба на тешките наркотици. Тој во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат не вети донесување на законот посочувајќи дека пратениците ќе го слушаат гласот на народот. Како што рече Заев, при евентуалната имплементација на законот, најпрвин тој би почнал да се применува на определени подрачја на државата: „Прво ќе биде во туристичките центри. Јас ги спомнав: Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје е голем туристички центар…во едни такви околности би можеле да одиме прво…
– Настава со осум или девет задолжителни предмети поделени во две групи. Едната македонски, албански, турски српски или босански јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик, а другата група оние кои ги покриваат уметничкото, физичкото, техничко-технолошкото образование, можност за избор на албански јазик како изборен предмет наместо втор изборен странски јазик. Времето на престој во училиште да биде пет саати, од кои 3,5 наставни часа за децата од прво до петто одделение и шест саати односно 4,5 наставни часа за децата од шесто до деветто оделение, се само дел од новините од Националната нацрт концепција за реформа во…
Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднесоа понуди во фазата за претквалификација за проектот „Чебрен“, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, соопшти Владата. Од таму информираат дека Комисијата формирана од Владата во наредниот период ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации дали ги исполнуваат условите од тендерската документација. Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Северна Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект.…
Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше за реализираните активности на министерството во првите 100 дена. „ Завршивме со изградба на првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, односно ја пуштивме во употреба делницата Штип-Крупиште. Интензивно продолживме со изградба на експресниот пат Штип-Радовиш и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. На вчерашната седница на Влада донесовме одлука на Влада за преземање на градежните активности од нов изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп, односно делница Градско–Дреново. Тоа значи дека сега имаме чист терен за работа и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија.Понатаму, ги…
„Имаме заедничка, голема обврска и одговорност да се спротивставиме на дезинформациите и да ги спречиме штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Затоа еден од нашите приоритети во „Акција21 – Европски стандарди дома“ е Стоп за дезинформациите“, преку социјалните мрежи се обрати премиерот Зоран Заев. „За жал, сериозен дел од амбиентот на фалично информирање се политичките изјави од најголемата опозициска партија кои сѐ почесто се демантирани од држави и влади од ЕУ и од демократскиот свет. Ваквото однесување на опозицијата и на кој било друг извор на дезинформирање е штетно за македонските граѓани и опасно за државата. Затоа, ги повикувам дезинформаторите…
Откако синоќа амбасадите на Чешка и Словачка во Скопје јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог заклучоците на Советот и како што велат во заедничкото соопштение – „одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ, преку социјалните мрежи свој став изнесе и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов. Тој го повика потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка и да се повлече од политичкиот живот. „Го повикувам потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Александар Николоски да…
Коментирајќи ја работата на МВР и критиките за бегството на поранешниот пемиер Никола Груевски, министерот за внарешни работи Оливер Спасовски денеска во гостувањето во Телевизија 24 само кусо порача дека тој ќе се врати и ќе ја одлежи затворската казна. -Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. -Во Србија стигна вакцина и почнува вакцинацијата, а тестови за корона можат да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да започне вакцинацијата. Значи кога речиси сите веќе набавија вакцини и стартуваа со вакцинација против корона, Филипче не знае каде тера. Прво, Филипче рече вакцина за корона ќе имало…
Амбасадорите на Чешка и Словачка јавно ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски и Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ одработила Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска и додава дека лагите на Николовски, како и лагите на Мицкоски неколкупати се демантирани од релевантни субјекти. -Пред само неколку дена Данска ги дименатираше лажните вести дека го поддржала ветото на Бугарија.Студија на ЕУ го нотираше Христијан Мицкоски како извор на лажни вести. На почеток на светската пандемија со вирусот, Организацијата на Обединетите нации во земјава го демантираше Николовски…
Нашите соседи веќе почнаа да ги добиваат вакцините против корона вирусот, а Македонија ќе ги добие во првите месеци од наредната година. Дали се доцни со процедурата за тоа и дали нашата земја чека само на донации за вакцини поради опасната зараза која повеќе од една година е присутна во светот. „Сите процедури за вакцините се навреме почнати. Не е точно дека само чекаме на донации за помош. Тие вакцини што ќе пристигнат во Грција, ќе бидат наменети и за нас“, истакна Душко Арсовски, портпарол во Владата.
„Тоа е постапка во МВР, оние кои имаат над 150 часови во годината прекувремени им следува бонус плата. Ако не го правиме тоа следуваа тужби од многу вработени за кои трошевме многу повеќе пари отколку да исплатиме плата. Затоа ние се одлучивме за 2017 година, за околу 600 вработени да исплатиме по околу 22 000 денари, до март ќе исплатиме бонус плата и за 2018 година, а секако подоцна и за 2019 година и за 2020 година. Изминатите години, особено во режимот, милионски суми се трошеле на камати, на плати, на судски трошоци.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,…
Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакна дека „Бугарија секогаш е подготвена да им помогне на нејзините најблиски соседи и пријателите“, одговарајќи преку Фејсбук на коментарот на Зоран Заев, кој се заблагодари за донацијата на вакцините. – Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни едни со други, напиша Борисов на Фејсбук, во прилог на објавата од Заев во која тој ѝ се заблагодарува на Бугарија. Бугарската влада на вчерашната седница, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, одлучи Бугарија од секоја…