Author: Нова ТВ
Владата го прифати предлогот на Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19. Во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучи во борбата со КОВИД 19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец тие дадоа поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се…
Се соочи со критики и многу прашања откако најави дека се подготвува концепт за реформи во основното образование. Иако во моментов се подготвува само стратегијата во пристапот за учење, а дури потоа ќе следи изработка на наставните програми во консултација со експерти, професори и наставници, во јавноста веќе се свртеа заклучоци за укинување на предмети, за намалување на бројот на часови и за губење на работни места. „Нема да се укине предметот историја, и наставниците нема да изгубат работа”, децидна е министерката за образование и наука, Мила Царовска. Во разговор за ДВ, таа објаснува како ќе тече процесот на реформи,…
Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет утрово откако излегле на терен по повик да спасат жена од семејно насилство. Полицајците се застрелани во инцидент во централна Франција, а според новинската агенција Франс прес (АФП), сторителот е идентификуван како 48-годишен маж. Според информациите од француското обвинителство кои ги пренесуваат медиумите, жената е спасен и безбедна, а засега не е познато дали е уапсен убиецот. Наводно, тој и во минатото го привлекувал внимание врз себе поради инциденти околу спор за старателство на децата што го имал.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека продолжува комуникацијата меѓу Скопје и Софија во насока на изнаоѓање решение, додека бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на земјава во Европската Унија. – Комуникацијата помеѓу нас и Република Бугарија продолжува. Сметаме дека независно од она што се случи, тоа не смее да влијае на односите помеѓу нашите две држави и во барањето на решение за да се надмине оваа пречка и да продолжиме понатаму во процесот. Очекувам веднаш по новогодишните празници да продолжиме со комуникација за изнаоѓање…
Во земјава речиси двојно повеќе анкетирани очекуваат дека 2021 година ќе биде подобра (50%) во однос на оние кои очекуваат дека ќе биде полоша (26%), 22% сметаат дека ќе биде иста и 3% не знаат. Оваа година, студијата на Галуп интернешнл беше спроведена во повеќе од 40 земји при што беа анкетирани повеќе од 38.000 граѓани во светот. Македонија беше дел од ова истражување спроведено од страна на истражувачката агенција БРИМА, членка на Галуп интернешнл. На второто прашање – „Во споредба со оваа година, според вас, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане…
Во истражувањето спроведено од МОН и БРО, во текот на ноември 2020 година, 4168 наставници од основното образование (2168 предметни и 2000 одделенски наставници) одговорија на електронскиот прашалник за да го изразат своето мислење за потребата од реформирање на образованието. Резулатите покажаа дека 82% од наставниците кои учествуваа во истражувањето се согласни околу тоа дека основното образование во нашата земја не е доволно добро и дека е неопходно да се реформира за да се подобри. При тоа, како најголеми слабости на сегашното образование се издвоени: неприлагоденоста на учебниците на потребите на учениците и/или на барањата на наставните програми (67%), барањето…
Премиерот Зоран Заев, вечерва преку својот фејсбук профил и се заблагодари на Бугарија за поддршката и договорената донација за вакцините. „После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави…
Професорот Кирил Барбареев во вечерашниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека неприменливоста на знаење кажува дека младите лица имаат проблем со реализација на сето она со кое се соочуваат. „Ова што го спомена професорката Дамовска мислам дека тоа е клучниот момент на недостиг на нашиот воспитно-образовен систем, а тоа е како учиме и за каде всушност ни треба нас знаењето коешто го планираме во наставните планови и програми во нашиот воспитно-образовен систем“, истакна Барбареев. Тој вели дека станува збор за многу комплексни пристапи коишто во изминатите 20-30 години влијаеле на создавање на еден систем којшто е предоминантен врз основа…
Добитничката на глобалната награда за едукација Сандра Грујевска во вечерашниот дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека треба да се врати достоинството на наставниците. „Наставниците денеска бараат само достоинство, тоа е првата реформа, сакаме да го вратиме достоинството на наставниците. Во реформите сакаме да бидат наставниците вклучени целосно во ревидирање на наставниот план и програма“, истакна Грујевска. Таа вели дека „избегала“ од државниот сектор затоа што сакала слобода, односно ја мачело ограничувањето. „Проблем ми беше слободата на час, запишувањето на час, проблем беше сето тоа што требаше да го внесам наместо да ја истакнам мојата креативност и сето тоа…
Професорката Лена Дамовска во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека на децата им се нуди слабо образование. За креирање на една нова концепција на образование во Македонија, меѓудругото се постигнувањата на нашите деца коишто со години наназад се исклучително слаби, односно на дното на табелата дури и регионално кога ги споредуваме, да не зборувам за другите земји во Европа“, истакна Дамовска. Таа вели дека педагошкиот дискурс треба да се промени и да се фокусираме на тоа како учат нашите деца. „Целиот дискурс во примената на педагошките стратегии треба да биде променет во давање можност на децата да…
Во рамки на своето гостувањ во „Клик плус“ на ТВ21, Ајше Ејрулаи, инаку дел од Бирото за развој на образованието, посочи како се филтрира начинот на квалитет на учебниците. „Ние започнавме со изработка на документ, па тука го вметнавме и прашањето за учениците. По анкетите се истакнува и проблемот со учебниците, па оттаму 74% од наставниците сметаат дека треба да се подобри квалитетот на учебниците. Во 2006. година последен пат е проследен квалитетот на учебниците“, вели Ејрулаи.
Десетте приоритети од Акција 21 – Европски стандарди дома се принципите и нашата заложба кои ќе нѐ водат во наредната година, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук, нагласувајќи дека „Европа дома“ значи подобар живот за секој македонски граѓанин. Според Заев, исполнувањето на овие 10 приортитет ќе биде мотив на Владата да работи и да го продолжи со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество. „Европа дома значи подобар живот за секој македонски граѓанин, за секој еден човек што живее во нашата заедничка Северна Македонија“, порача тој.