Author: Нова ТВ

Владата на денешната 32 седница ги утврди текстовите на пакет предлози на закони за управување со отпадот во согласност со регулативата на ЕУ, со кои целосно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот. Како што соопшти владината Прес-служба, Владата ги утврди текстовите на предлог законите за управување со отпадот, на законот за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на предлог законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителите, на…

Read More

Во нашата држава се уште не се создадени предуслови за легализација и рекреативна употреба на марихуаната, смета претседателот на парламентот Талат Џафери, окако премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на употребата на марихуана. -Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба – рече Џафери на ТВ 21. Одговарајќи на прашање, тој истакна дека за да го блокира ДУИ законот нема потреба да падне Владата, туку, како што рече, има инструменти во Собранието.

Read More

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава, велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето. „За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава“, велат во изјавата словачкиот амбасадор…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти за неговото присутство на седницата на Владата на Бугарија, каде што доби ветување дека дел од вакцините, источниот сосед ќе испрати и за Северна Македонија. Филипче зборуваше и за моменталната ситуација со коронавирусот. „Има слободен број на кревети, досега во изминатиот период немаше. Има се повеќе термини за тестирање, значи се намалува притисокот. Намален е бројот на тестирања и во државните и во приватните лаборатории“, рече Филипче. И покрај тоа што има позитивни придвижувања околу ситуацијата со Ковид-19 во земјава во последниот период, Филипче апелираше на внимателност, особено сега во период…

Read More

Оние самохрани родители што не успеаjа да аплицираат за поддршката од 6.000 денари, Владата ќе размислува да ги опфати во следниот период, со некоја нова мерка, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Според Шахпаска, ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства. Во системот моментно има 32.500 семејства што значи дека од февруари годинава кога биле 27.000, досега влегле нови 5.500. – Ние не ставаме лимит, нема ограничувања, системот ќе биде отворен и ќе ги регрутира сите граѓани кои навистина имаат потреба да влезат како корисници на…

Read More

Денеска на 1624 вработени во Министерство за внатрешни работи од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Поединечениот износ што е исплатен изнесува 22.928 денари за вработен. -Обезбедивме средства и за исплата на бонус плата на вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2018 година, напиша на својот Фејбук Спасовски.

Read More

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со министерот здравство Венко Филипче изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија. „Ние го правиме тоа со најчисто срце. Ние го правиме тоа за животот и здравјето на нашите најблиски соседи “, рече премиерот Бојко Борисов за време на денешната владина седница, пренесува БГНЕС. -Владата одлучи да ја испита можноста за обезбедување вакцини против КОВИД-19 за земјите од Западен Балкан и Источното партнерство. Ова ќе стане можно по задоволувањето на бугарските потреби, во согласност со постапките на…

Read More

Во изминатите три години се отворени или проширени 63 објекти на градинки, во последните три месеци се отворени шест нови, а до крајот на годината ќе се отворат уште пет градинки. -Обезбедуваме квалитетни услови за правилен детски развој. Градиме и реновираме градинки низ целата држава и вложуваме во вештините на кадарот, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил. Тој потсети дека за 3 години се отворени и проширени 63 објекти, во кој се згрижени 3.386 деца. Во последните три месеци, пишува Заев, отворени се шест нови градинки во Гостивар, Сарај, Илинден, Лозово, Брвеница и во Ресен, со што е…

Read More

Нашиот календар имаше краен рок – декември за отворање на преговорите. Бидејќи не успеа, сега се наметнува друг календар на кој, најверојатно, ќе влијае периодот на избори во Република Бугарија, рече шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека разговара со Европската комисија, но и со земји членки на Европската Унија за продолжување на објаснувачкиот и почеток на билатералниот скрининг со Северна Македонија. Целта е, рече Османи во интервју за „360 степени“, да се одржи „тонусот“ на институциите во земјава додека се бара решение на отворените прашања со Бугарија. „Тоа се обидувам…

Read More

„Посредуваме за добивање на бугарско државјанство, јавете се и се’ ќе ви објасниме телефонски во официјалната канцеларија во Струмица“; „Побрзајте, се закажува за поднесување на документи. Што порано, толку подобро за вас и помалку ќе чекате. Процедурата е за православни лица“; „Најбрзо, најточно и најсигурно во нашата агенција посредување на документи за државјанство, пасоши, лични карти, возачки. Овластени сме за преводи на сите странски јазици. Комплетните документи ги добивате преведени, нотарски заверени, со платени декларации и такси кон државата. Агенцијата е со долгогодишно искуство, со канцеларија во Софија, а исто така добивате контакт телефонски број од нашите соработници низ Македонија“. Со вакви…

Read More

Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство д-р Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. Министерот во Софија е на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов. По завршувањето на владината седница, во вестите на телевизија Сител, Филипче ја објасни одлуката на Бугарската…

Read More