Author: Нова ТВ

Христијан Мицкоски по шест порази на избори, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, порачаа од владејачката СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на државниот сервис повтори дека ако Бугарија продолжи со барањата, тој ќе бара поништување на договорот за добрососедство. – Мицкоски и денеска ги промивира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија, став што е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси. Може Мицкоски да бара алиби за изборните порази колку сака, може да се обидува да блокира и кочи колку сака, тој нема да…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа земјава да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија. – Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција, велат од Министерството за здравство. Освен со купување одредена количина од вакцините на…

Read More

Не ни требаат бај-пас решенија за членството во ЕУ кое е наша единствена алтернатива. Иако Унијата испрати лош сигнал, земјава останува посветена на реформите. Подготвени сме за почеток на преговорите и нема сомневање дека секое нивно одложување би било грешка, уште еднаш потврди македонскиот државен врв. Премиерот Зоран Заев вчера ја претстави Инцијативата „Акција 21“ за спроведување на европските стандарди дома, а шефот на дипломатијата Бујар Османи имаше средба со австрискиот колега Александер Шаленберг во Виена. И Заев и Османи порачаа дека не е едноставно да се постигне консензус и дека процесот е сложен, но Северна Македонија нема да се…

Read More

На 92 годишна возраст почина еминентниот проф.д-р. Борислав Каранфилски доајен на македонската нуклерана медицина, патофизиологија и тиреологија. Професорот Каранфилски се смета за еден од основачите на нуклеарната медицина во нашата земја. Посебен придонес има за основање на амбуланта за заболувања на тироидната жлезда што во континуитет ја развива и унапредува.. Борислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово, а потоа студирал на медицинскиот факултет во Скопје каде дипломирал во 1955 година. Во 1957 година ја завршил Школата за примена на радиоактивни изотопи во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидриќ“ во Винча, Белград.  За редовен професор бил избран во 1977…

Read More

Премиерот Зоран Заев, денес заедно со дел од владиниот состав, остварија средба со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп. Како што информираат од владината прес служба, на оваа средба е констатирано дека пријателските билатерални односи меѓу двете држави се унапредуваат, што покажува и активната економска соработка, како и трговските односи што се одржуваат без видливи загуби и во време на пандемијата. Посетата беше заклучено, на парламентарната делегација од Турција, со цел присуство на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик во нашата држава, во услови на специфичната здравствена состојба во светот, е потврда на културните врски…

Read More

Бугарија го користи процесот на пристапување во ЕУ за да отвори некои прашања, што не би можела да го стори по зачленувањето во Унијата, а според некои бугарски политичари Софија требало да ја блокира Северна Македонија уште при влезот во НАТО во 2018 година, но тогаш тоа не било дозволено поради гео-стратешките интереси на западните сили. Ова го истакна претседателот на државата Стево Пендаровски во денеска објавеното интервјуто за рускиот весник „Комерсант“, кое го пренесува МИА, одговарајќи на прашањето зошто Бугарија решила токму сега да не блокира. Претседателот потсетува дека С Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а…

Read More

Нема сомневање дека ние сме подготвени за почеток на преговори за членство со ЕУ и нема сомневање дека било какво одложување за почеток на прегворите е голема грешка, изјави денеска во Виена шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција со неговиот австриски колега Александер Шаленберг. – Свесни сме – процесот е сложен, не е едноставно да се постигне консензус и ние не се откажуваме, напротив, постојано јавно кажуваме дека сме подготвени и натаму да работиме посветено и на реформите, и на добрососедските односи, и на сите предизвици кои ќе се појават – сѐ до нашето полноправно членство во ЕУ, истакна…

Read More

– Новиот вид на коронавирусот, што брзо се шири низ делови на јужна Англија, „има невообичаено голем број мутации, дури 22“, тврди британскиот вирусолог Венди Баркли. Професорката Баркли, раководителка на Одделот за инфективни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, за Би-Би-Си Радио 4 изјави дека „вообичаено ка вирусот се забележуваат една до две промени, но дека новиот вид на Ковид- 19 има дури 22“. -Ова е итен знак за узбуна. Меѓутоа, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени на овој начин заради овие мутации, рече таа. Професорката нагласи дека сега е најважно да се дознае дали…

Read More

-Како Влада имаме голема обврска и одговорност да се спротивставиме на дезинформациите и да ги спречиме штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Затоа еден од нашите приоритети е „Стоп за дезинформациите“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги презентираше проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година. Тој најави засилени активности во периодот што следи, широки консултации со медиумските работници и граѓанскиот сектор и, како што рече, уште посериозна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и другите облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество, во рамките на…

Read More

Некогашниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, ја критикуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја партија без компас. „Мицкоски вети дека ќе поднесе оставка, има морална одговорност, и двајцата претходни претседатели од морални причини поднесоа оставка. Првпат во 30-годишната историја на ВМРО губите 5 избори по ред, а ги притоа ги земате парите од државата. Мицкоски имаше информации дека ќе се промени името, единствена опција беше да се повикаат гласачите да гласаат против договорот. И на тој начин власта ќе немаше маневарски простор да го промени името. По секое губење на изборите, граѓаните…

Read More

– Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште, истакна премиерот Зоран Заев, појаснувајќи го новиот концепт на основно образование кој го најави Министерството за образование и наука, а кој изминатите денови предизвика реакција во јавноста. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Заев нагласи дека нема да се брза со оваа реформа, иако, како што…

Read More

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција запрашан за коментарот на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој рече дека пред 1944 година македонската нација не постоела, изајви дека ние не сме се разбудиле во 1944 со мисла дека сме Македонци. „1943-та, на 31 декември македонските граѓани не си легнаа како Бугари, а се разбудија на 1 јануари 1944-та како Македонци. Тие се Македонци низ вековите наназад. Се чувствувале Македонци и се чувствуваат Македонци. Тоа е нашиот директен одговор“, рече премиерот Заев.

Read More