Author: Нова ТВ

Министерството за труд и социјална политика информира дека е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април  2021 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 4 мај 2021 година, информираат од МТСП. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, од Министеството за труд…

Read More

По вчерашните средби во Берлин, на кои Северна Македонија доби недвосмислена поддршка од Германија за пристапување во ЕУ, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска заминува за Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод. Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм, в среда, каде ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде. Во Стокхолм е предвидено Османи да го посети и шведскиот Парламент – Риксдаг, каде ќе оствари средби со потпретседателките Лота Форнаве и Кирстен Лундгрен. Во агендата на министерот во рамките на посетата на Шведска се и средбите со Ана Сандстром, советничка за ЕУ на премиерот Стефан Ловен, како и со државната секретарка задолжена за европски прашања, Паула Оловсон. Османи вчера на средба со министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, доби директна поддршка за отворање на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро. Мас истакна дека Северна…

Read More

Европската комисија со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време, рече портпаролката за проширување на Европската комисија Ана Писонеро. Изјавата следуваше откако шефот на германската дипломатија Хајко Мас порача дека не треба да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ. Портпаролката за проширување Ана Писонеро на вчерашниот редовен брифинг за новинари, како што јави дописничката на МИА од Брисел, одговарајќи на прашање го…

Read More

Медиумската сцена на Западен Балкан е многу важен фактор што ќе влијае на тоа дали народите од регионот се перципираат едни со други како непријатели и закани или дали таквиот дискурс ќе биде надминат.

Read More

Започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. Во меѓувреме бројот на заболени се намалува и со тоа и притисокот врз болниците, по што Главниот координативен кризен штаб предложи од среда полицискиот час да почнува од 23 часот и да трае до 05 часот наредниот ден, а летните тераси и градини на угостителските…

Read More

Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец во интервју за Слободен печат, по повод Светскиот ден на медиумите, говори за соодносот меѓу информациите и дезинформациите со кои се соочува јавноста. Тој смета дека во таа вечна битка, само со транспарентност во работата на Владата, граѓаните ќе ја препознаат вистината. Ви пренесуваме дел од тоа интервју: Најголемо незадовослство во јавноста поткрепено и од страна на медиумите е од начинот и брзината со справувањето со здравствената криза и обвинувањата кон министерот Филипче. Се чини дека тој од херој на почетокот на кризата, сега станува главен виновник и терет во рејтингот на власта?…

Read More

Шефот на дипломатијата Бујар Османи со денешната посета на Германија ја почнува турнејата во неколку значајни европски метрополи. Освен Берлин, Османи ќе ги посети и Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите членки на ЕУ. Османи денеска е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Во рамките на оваа посета, Османи ќе оствари средби и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на канцеларката Ангела Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации…

Read More

Со одлука на Генералното собрание на ОН од 1993 година, 3 мај е прогласен за Светски ден на слободата на печатот, со цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната етика. Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа.…

Read More

Притисокот врз болниците се намалува, откако според вчерашниот билтен се регистрирани 105 нови случаи на заболени од Ковид-19. Денеска треба да заврши дистрибуцијата на 200 илјади вакцини на „Синофарм“ што во земјава пристигнаа во саботата и веќе од утре започнува масовна имунизација на населението и тоа од 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. По воведените рестриктивни мерки, бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува. Во изминатите четири дена бројот на активни случаи е намален од 15.013…

Read More

На Меѓународниот аеродром во Скопје вечерва директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски го донесе Светиот благодатен оган, кој го презеде на Меѓународниот аеродром во Атина од грчката државна делегација која го донесе од Ерусалим, каде на Велика Сабота се симнува во Христовиот гроб, а потоа се носи ширум светот. По пристигнувањето директорот Сотировски светиот оган го предаде на неговото блаженство архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец и на свештеници од епархиите кои го однесоа низ градовите ширум државата.

Read More

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, како и до сите православни верници по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден. Во честитката премиерот Заев истакнува дека во време кога целиот свет поминува низ тешки премрежија предизвикани од коронавирусот Ковид-19, празникот на спасението, кој го означува крајот на Христовите страдањата и со кој ја славиме победата над смртта, нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница…

Read More

Во овој период, како народ сме исправени и пред разни предизвици, кои нè засегаат не само во денешницата, туку и особено во иднината. Беше најавен попис на населението, па поради пандемијата е одложен. Но кога и да се одржи, и како жители и како Македонци, потребно е задолжително да ја извршиме таа обврска, која ќе покаже не само колку сме, туку и каде сме, а сето тоа да се организира и да биде усогласено со меѓународните стандарди, рече во своето велигденско послание поглаварот на МПЦ-ОА Г.г. Стефан. Тој се осврна и на најавените реформи во образованието и рече дека не…

Read More