Author: Нова ТВ

„Очекуваме во преговарачката рамка за Северна Македонија да пишува: Acquis-то ќе биде преведено на македонски јазик. Никако поинаку“, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. „Тоа е европска вредност. Како што ние ги штитиме сите европски идентитети, сите европски јазици, ги негуваме, ги употребуваме, ги учиме во нашите училишта, така очекуваме ЕУ, вклучително и Бугарија, да го штити и негува нашиот македонски идентитет и македонски јазик. Тоа е наше право“.

Read More

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека е јасно дека Русија стои зад хакерските напади врз САД оваа недела, што еден американски официјален претставник ги опиша како „најлошите во историјата на таа земја“. Помпео, за време на синоќешното интервју изјави дека верува оти Русија стои зад хакерските напади на десетици федерални агенции и компании, вклучувајќи ја и компанијата за кијбер безбедност FireEye. Говорејќи на „Марк Левин шоу“, Помпео рече дека напорот е „прилично јасно“ поврзан со Русија. -Не можам да кажам многу повеќе бидејќи сè уште утврдуваме прецизно што е тоа, и сигурен сум дека дел од тие информации…

Read More

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“, кај новиот Аква парк. Инвестицијата е 10 милиони евра на фирмата „Дик Фагус“ од Штип, а има потенцијал да отвори нови 250 работни места. Сопственикот на фирмата „ДИК Фагус“, Горан Јордев истакна дека оваа фирма е во сопственост на „Пеком инжињеринг“, која 30 години успешно работи во Штип. -„Штип Сити Мол“ како проект го посветуваме на Штип, на регионот, на младите, на развојот и на убавата иднина. Проект, што ќе биде готов 2022 година и подразбира изградба на модерен бизнис центар со познати брендови на едно место и специфичен хотелскиот објект, којшто ќе биде…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска ја посети родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред споменикот во чест на неговиот роденден. – Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година – рече Заев додавајќи во таа насока, 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик. Премиерот нагласи дека животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што, како што кажа, се исполнил вековниот сон на редици и редици генерации. – Конески…

Read More

Ова што го прави Бугарија е крајно опасно, но Северна Македонија во никој случај не смее да се откаже, туку напротив со храбри реформи да покаже дека сака да стане дел од Европската унија, оценува во изјава за Дојче веле, Гинтер Крихбаум, претседавач на комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. – За жал, стана лоша навика меѓудржавните спорови во текот на проширувањето на ЕУ да се претвораат во европски проблем. Тоа можевме да го видиме и при влезот на Хрватска со спорот околу Пиранскиот Залив или во процесот на пристапување на…

Read More

„Не знаеме веќе кој е проблемот со Бугарија“, изјави премиерот Зоран Заев при посетата на Битола, коментирајќи го ставот на бугарското МНР дека Софија не може да го примени ставот за ветото, бидејќи не може да предаде 88 450 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарско државјанство. „Ако е тоа решението ќе ги прашаме и македонските граѓани со бугарски помоши. Ние сме пријатели и јас испратив порака дека треба да го решаваме проблемот, којшто не знам кој е проблемот. Дефиниравме дека долгото и краткото име на државата се едно исто – Република Северна Македонија, немаме територијални претензии, пријатели сме и…

Read More

Заев со изјавата дека е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“, значи дека е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа што Заев изјавува дека на спомен обележјата каде пишува „бугарски фасистички окупатор“ е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“ значи дека јавно изјавува е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет. Заев на јавна сцена признава дека тргува со идентитетот и е подготвен да прифати ноторен факт и вистина дека бугарската држава за време на Втората светска војна била фашистичка и биле окупатор, велат од ВМРО ДПМНЕ. Според партијата,…

Read More

„Лесно е да кажеме сите аман нека нема двојни државјанства гледано низ дискурсот на моментот на разговорите со Бугарија. Ама, притоа заборавивме дека има повеќе од 2 милиона наши жители надвор низ светот, тоа е наша дијаспора, тоа се огромни афирматори на македонштината и на македонскиот народ и држава“, рече денес премиерот Заев запрашан дали би поддржал законско решение со кое би се регулирала обврска македонските јавни функционери и политичари задолжително и транспарентно да декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство. Лесно е да кажеме дека нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моменталната ситуација со Бугарија. Но, да…

Read More

Бугарија не го смени мислењето дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ. Софија инсистираше на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио „Дарик“. -Секогаш може да се бара повеќе од еден договор. Проблемот е во тоа што довербата е веќе на многу ниско ниво, вели Захариева. Тврди дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот. – Јазикот никогаш…

Read More

Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното. Ова го изјави поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио „Канал77“. Тој е дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден Конрес во ВМРО-ДПМНЕ. Коневски посочи дека Иницијативниот одбор има единствена цел, а тоа е да ги натера Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со делегатите на партијата, кои сепак ќе го имаат крајниот…

Read More

Она што го прави Бугарија околу прашањето за пристапувањето на Македонија во ЕУ е опасен преседан кој го нарушува кредибилитетот на Унијата во регионот и ја загрозува политичката стабилност во државата, вели пратеничката група на европските Зелени во Европскиот парламент. Во соопштението потпишано заедно од Тинеке Стрик,  портпаролка на Зелените/ЕФА за Северна Македонија, и Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на Зелената партија ДОМ, се вели дека „сите земји-членки, Европската комисија и Европскиот парламент треба да извршат максимален притисок врз Бугарија за да се откаже од своето вето и да се обезбеди прогресивно продолжување на процесот на пристапување на Северна Македонија…

Read More

Од ВМРО-Народна се загрижени поради објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија, со цел да се оправда, како што велат од партијата, катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија. „Во серијата ирационални објаснувања, пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство“, се посочува во партиското соопштение. Меѓутоа ВМРО-Народна, која се декларира како партија која во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство, се изјаснуваат и како македонски Бугари, сметаат дека…

Read More