Author: Нова ТВ

„Морам да истакнам дека прв беше консултиран синдикатот, се усогласи работната група, имаше презентација пред родители и ученици во образованието, имаше презентации пред наставници, следуваат други целни групи кои што се понеделник на дневен ред и исто така дискусија на владина седница имавме, сметам дека целиот процес е транспарентен.“- одговори министерката за образование, Мила Царовска, во интервјуто за вестите на Сител кога зборуваше за обвинувањата дека образованиот концепт се менува тајно. Таа објасни дека предметите кои се споменуваат во јавноста, како историја, географија, биологија, хемија, физика, дека се споиви и дека такво искуство имаат голем број држави во светот. „Апсолутно…

Read More

„Образованието не е систем кој што вие го воспоставувате еднаш засекогаш, развојот не застанува никогаш, тој е континуитет, тој никогаш нема крај но треба да поставите модел кој што ќе биде функционален и кој што ќе има чекор со времето и тој во еден момет треба да се постави, Финска воспоставува таков рез, воспоставува високи стандарди за наставниците, нови интегративни програми и тргнува, првите реузлтати ги гледаат после 10 години. Ако сакаме како држава да фатиме чекор со светот, со европските држави, со развиените држави тогаш треба итно дури самите треба да се притискаме себе да направиме реформи.“- категорична е…

Read More

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да се повтори да бидеме рекордери во чекалната на ЕУ, бидејќи долго чекавме за влез во НАТО. Не би сакал, нагласи Пендаровски, да станеме неславни рекордери во чекалната, меѓутоа најтешката работа е првото вето, односно да ги убедиш сите дека не се согласуваш, потоа според аналитичарите се е полесно. Минатата година, посочи Пендаровски, реков дека бугарската страна полека почна да ја политизира работата во Комисијата и почнаа да наметнуваат рокови до кога треба да се заврши нешто, што почна да станува симптоматично.…

Read More

Неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на Tематскиот форум „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас.  Според него, неблагодарно е да се каже дали ова ќе биде тренд или ќе продолжи да се шири.  – Доколку продолжи вака како што е изминативе неколку недели – да, ќе биде тренд, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, затоа што очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска од Ресен  порала дека разговорите со Бугарија продолжуваат, но потенцираше дека за македонскиот идентитет и македонскиот јазик ниту се преговора, ниту се разговара. Тој истакна дека иако горчината од блокадата дадена на 9 декември е присутна кај сите нас и разочарувањето е големо, сепак друг пат нема и тоа е патот по кој треба да продолжиме и продолживме веднаш со разговори. Заев потсети дека на 10 декември при посетата на специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски на Бугарија, заедно со државниот секретар Зоран Попов, на властите во Софија им се предадени нови идеи, кои треба да…

Read More

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија поднесоа интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Антонио Милошоски образложи дека Димитров треба да замине од функцијата поради игнорирање на парламентот, откако не дојде на Комисијата за надворешна политика, каде што требаше да ги образложи владините политики за спорот со Бугарија. Во образложението стои дека надворешната политика бележи низа неуспеси, особено со добиените блокади за европска интерграција. Првата причина е односот на вицепремиерот кон Собранието: „И покрај уставната обврска (член 92) каде е наведено дека секој член на владата за својата работа одговара пред Собранието, како и европската…

Read More

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев денеска го посети Пустец, каде донираше дидактички средства и книги за тамошните ученици. Тој соопшти дека за училштето во Пустец се обезбедени 30.000 евра средства обезбедени од донации за уредување и изградба на спортски терени во училштето,од кои дел се дониране денеска, а дел ќе бидат донирани во февруари. На новинарско прашање околу односите со Бугарија, како што пренесува Топ чанел, Заев рекол дека се работи на отстранување на проблемот за кој „не знеме што е проблемот“. -Ние не се откажуваме од нашиот македонски идентитет и Бугарија нема причина да покренува други претензии. Ние…

Read More

Германското претседателство во последниот период вложуваше интензивни напори да ја придвижи Бугарија за попуштање во спорот со Северна Македонија, но владата во Софија остана тврдо на својот став, пишува агенцијата ДПА, пренесува Дојче веле. Германската влада на крајот од своето шестмесечно претседателство со ЕУ доживеа уште еден неуспех. Чешка и Словачка вчера го блокираа усвојувањето на важниот текст– заклучоците за напредокот на Западен Балкан во процесот на проширувањето на ЕУ. Претходно Бугарија стави вето на усвојувањето на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, што истовремено го блокираше и исто така планираното отпочнување на пристапни преговори со Албанија. Ситуација се смета за…

Read More

-Главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на Министерството за економија беше справувањето со негативните ефекти врз стопанството предизвикани од пандемијата со КОВИД-19. За таа цел го реорганизиравме работењето на Министерството за економија и обезбедивме целосна посветеност за поддршка на сите сектори за успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата, а веднаш почнавме и со реализација на Четвртиот сет мерки за поддршка на економијата, за спас на сите работни места, истакна министерот за економија Крешник Бектеши презентирајќи го отчетот за сработеното на Министерството за економија за 100-те дена од новиот мандат. -Со четвртиот сет мерки Министерството за…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров утрово учествуваше на состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на кој со колегите од регионот разменија информации за состојбата и подготвеноста за набавка на вакцините против Ковид-19, како и за плановите за реализација на вакцинација на приоритетните групи. Еврокомесарот Вархеји информираше дека Европската комисија прави напори вакцините против Ковид-19 да пристигнат во земјите од Западниот Балкан паралелно со нивната дистрибуција во земјите членки на ЕУ. Тој укажа дека за специфичните потреби на секоја од земјите во регионот, ќе биде обезбедена и соодветна финансиска поддршка од страна на Унијата. „Во…

Read More

Во преамбулата на словачкиот устав се именувани браќата Кирил и Методиј, кои Бугарија на 9 декември си ги присвои и официјално како бугарски со гласање во бугарското собрание. Дополнително, со гласањето за името на празникот 24 Мај, Бугарија ги присвои азбуките глаголица и кирилица како бугарски азбуки, објави Сакам да кажам. Ваквата бугарска политика доведе и до вметнување на фразата „погрешно толкување на историјата“ во завршниот текст на заклучоците на ЕУ за проширувањето, кои што се однесуваат и на Македонија, но со ваквиот текст не се согласија Чешка и Словачка. Двете земји денеска дадоа и заедничка изјава, во која велат дека…

Read More

На опасноста од бугарскиот пристап кон интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ, за самата земја, но и за регионот и за цела Европа, во смисла на поткопување на темелните европски вредности и преседан со кој на политичарите им се дава право да диктираат историски наративи укажува група балкански интелектуалци во нивната реакција во однос на последните случувања на релација Скопје-Софија, но и во самата Европска унија, каде има несогласување со бугарското инстистирање на вметнување на историјата во процесот на проширување. Реакцијата е потпишана од Лејла Гачаница Легал, независен истражувач од БИХ, Изабела Кисиќ, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права…

Read More