Author: Нова ТВ
Заклучоците за проширувањето кон Западниот Балкан се потврдени попладнево од страна на 27-те амбасадори на ЕУ во Брисел, со референца за „погрешно толкување на историјата“ и долгото име на Северна Македонија. Според информациите на МИА од повеќе дипломатски извори во Брисел, заклучоците се одобрени попладнево од страна на сите земји, без промени во однос на нацрт-текстот објавен денеска. Заклучоците за проширувањето на ЕУ беа замрзнати поради блокадата на Бугарија за преговарачката рамка со Северна Македонија, како еден вид притисок врз Софија, но конечно денеска се прифатени барањата на Бугарија во однос на „погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгата…
Битката околу реченицата за „погрешно толкување на историјата“ на која инсистира Бугарија во заклучоците за Северна Македонија, сепак, се најде во последната нацрт-верзија, но не како што барала Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Освен блокадата за усвојувањето на преговарачка рамка, Бугарија бара веќе неколку недели во крајните заклучоци за Северна Македонија да стои реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“. Германското претседателство досега не попушташе за ова барање, но според последниот нацрт на текстот до кој дојде МИА и кој им е поднесен вчера на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, оваа реченица се појавува, но не во…
За време на традиционалното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски оваа година, бевме сведоци на одговорен пристап во согласност со државните интереси и како придонес на нашите стратешки определби, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. -Придонесот што претседателот Пендаровски го даде од аспект на борбата со коронавирусот и во период кога немавме функционално Собрание, го премости периодот до изборот на новата Влада, со што се создадоа и сите предуслови за решителен институционален одговор на здравствено-социјалната и економската криза. Го поздравуваме фактот што со претседателот Пендаровски сме едномислени во однос на одбраната на државните позиции и интереси за нашата иднина во…
По обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски во Собранието со став излезе најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателот на партијата, Александар Николоски ги објасни причините за напуштањето на седницата. „Првата е во однос на денешното обраќање на Претседателот на државата. Денес ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го напушти обраќањето на Претседателот на државата поради неколку причини: Првата причина е, Стево Пендаровски докажа дека не е претседател на сите граѓани на Република Македонија, туку извршител на една политичка структура и извршител на Зоран Заев. Со тоа Стево Пендаровски сврте грб на македонските граѓани и затоа денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата му свртеа…
Во Студио 10 на телевизија 24, Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, беше запрашан и за одбиените тужби на новинарки за настаните во парламентот од 27 април, кога група насилници упаднаа и го загрозија животот на пратениците, но и на новинарите кои дента известуваа. Тој изјави дека за оваа Влада приоритет станала заштитата на новинарите, односно запирање на неказнивноста кога се во прашање нападите врз медиумските работници. „Започната е иницијатива, веќе има проактивност од Министерството за правда, течат и консултации со медиумските здруженија, ги повика министерот Маричиќ новинарите претставени преку нивните здруженија, синдикатите да бидат активно вклучени во овие…
„Насоката во која што сакаме да ги движиме политиките е јасна, а тоа е здрав комуникациски етер, ние остануваме на нашата определба цврсто дека Владата не треба да ги троши народните пари за да се рекламира себеси и тоа нема никогаш да се случи, невозможно е, теоретска основа во моментов не постои да ние се вратиме во состојбата од пред четири години кога милиони евра на годишно ниво биле земани од буџетот, распределувани по медиуми со цел да се спроведуваат кампањи во коишто се величаат ликот и делото на лидерите, институциите итн. За да немаме недоразбирање, прво не станува збор…
Бугарија го блокира потпишувањето на договорот на С Македонија за Фронтекс поради „македонски јазик“
Од ЕК за МИА не биле во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија Договорот на ЕУ со Северна Македонија за Фронтекс сѐ уште не е потпишан поради Бугарија која не се согласува со употребата на „македонски јазик“ во договорот. „Референцата ‘македонски јазик’ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти“, се вели во писмениот одговор од Европската комисија до МИА, од каде што побарале одговор до каде е потпишувањето на овој договор. Договорот е инициран во јули…
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева за германски „Велт“ изјави дека „одбележувањето на смртта на Тито во Скопје е исто како во Берлин да се одбележува смртта на Адолф Хитлер“. Оваа контроверзна и помалку смешна изјава привлече големо внимание во регионот, но и во самата Бугарија, каде што наиде на критики. Така, frognews.bg и авторот Борис Петков тврдат дека изјавата на Захариева е кандидат за „најглупава изјава на годината“. „Многумина сметаа дека интервјуто на Борисов за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ е ненадминливо кога е во прашање чистиот, автентичен простотилак, но Захариева сериозно може да го надмине тоа. Точно е дека…
Изминатава година, како народ, поминавме низ најголемата голгота каква што не паметат ниту нашите највозрасни граѓани. Плативме огромна цена, над 2.100 наши сограѓани го изгубија својот живот, многу семејства останаа унесреќени за навек, истака претседателот Стево Пендаровски на почетокот во годишното обраќање во Собранието на Република Северна Македонија.. Тој изрази сочувство до најблиските на сите кои ги загубија животите како последица на пандемијата со Ковид-19 и ги замоли присутните во собраниската сала да оддадат почит со едноминутен молк на 2169-те сограѓани кои ја загубија битката со вирусот. Притоа изрази благодарност на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои…
Членството во ниту една организација не е вредно ако од вас бараат да се обезличите, рече во своето годишно обраќање претседателот на државата, Стево Пендаровски. Пендаровски додаде дека во целокупниот македонски политички врв, во власта и во опозицијата, тој не познава ниту еден кој е подготвен да тргува со најсветите работи за секој Македонец. -За такво нешто не е потребен референдум, бидејќи резултатот е однапред познат. Длабоко сум убеден дека ниту еден од денешната генерација политичари нема намера да разговара или да преговара за тие прашања и денес и во иднина затоа што нашите црвени линии одамна ги имаат утврдено…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој се наоѓа во посета на Романија утрово се сретна со романскиот премиер, Николае Чука, а предвидена е средба и со неговиот колега и домаќин, министерот за надворешни работи Богдан Ауреску. Како што соопшти МНР, Османи го запозна романскиот премиер со актуелните ангажмани и напори на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на европските реформски напори, за посветеноста за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка. -Без разлика на актуелните предизвици, не сакаме да изгубиме ниту еден ден во приближување на земјата до европските стандарди. Унапредувањето на добрососедските односи се секако еден од…
Гостување на министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21