Author: Нова ТВ

Претседателот Стево Пендаровски е врв на државната пирамида и тој треба да се почитува, особено затоа што тој е неутрален и им излегувал во пресрет на опозицијата, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарското прашање и објасни дека сепак, имал намера да организира лидерска средба со цел  да информира за разговорите со Бугарија. Но, нагласи, на добрата негова намера добил несоодветна реакција од шефот на опозицијата Христијан Мицкоски преку неговата објава на Фејсбук, поради што се откажал од идејата. „Мицкоски во својата објава напиша: ,да – ќе се разговара за техничка влада, да – ќе се разговара за неспособноста на државата,…

Read More

Јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското. Сметам дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите, соопшти вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров. На прес-конференцијата по повод 100 дена Влада на новинарско прашање до премиерот Зоран Заев дали Владата планира законски измени со кои именувани и избрани функционери, пред да стапат на функцијата, задолжително ќе декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство и тој податок да биде јавно достапен, одговори дека за ова прашање досега не размислувале, но е вредно да се разгледа. „Ќе размислиме и ќе го…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19. – Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти. Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19, рече Заев на прес-конференција во Владата. Нашата…

Read More

По денешната Владина седница на која беа усвоени новите рестриктивни мерки по предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство, Венко Филипче ги презентираше истите, а одвои дел од статистиката со Ковид кризата. „Состојбата со Ковид е стабилна, иако и натаму има голем број на хоспитализирани и заразени лица. Слободни кревети има во континуитет, што значи дека делот на хоспитализацијата добро се менаџира. Иако R0 факторот е под нулата, тоа не смее да не опушти. Во однос на вакцините, подготовката се одвива со одлична динамика. Активни сме на 3 фронта, прво Ковакс системот преку кој набавивме во 833.000 дози.…

Read More

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, а забранети се и прославите во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. „Ситуацијата налага акција и ние како одговорна влада ги преземаме овие рестриктивни мерки за време на верските и новогдишните празници. Апелирам оваа година да празнуваме одговорно. Оваа е година кога треба да одбележиме а не да славиме“, рече Заев. Ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор и јасни препораки…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ кој учествуваше на конференција на тема „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање на спорови“ во своето обраќање најави дека подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза. – За таа цел се формираше работна група за изработка на законско решение со кое треба да се надминат досега констатираните проблеми на кои укажа праксата при постапките за медијација. Работната група, при изработка на Законот, продолжи со следење на европските искуства, и тоа како на Советот на Европа така и на Европската Унија, рече министерот. Маричиќ презентирање и дел од новитетите кои се…

Read More

Претседателот на бугарскиот тим од мешовитата комисија за историски прашања, Ангел Димитров во интервју за „24 часа“ вели дека денешната Република Северна Македонија е создадена во пазувите на комунистичка Југославија, потоа се кодифицира денешниот литературен јазик и е составена неговата азбука, потоа се формира современиот македонски идентитет, се воспоставува доктрината за македонизмот како државна идеологија која го придружува комунистичкото минато… И сето тоа е насочено против Бугарија. – Така, минатото постојано се пренесува во сегашноста со цел да се моделираат нејзините практики, па затоа невнимателното уживање во таков проблем не зборува на јазикот на политичката предвидливост и стратешкото размислување. Промените мора да…

Read More

Сегашните мерки даваат резултати во справување со корона кризата, но ситуацијата сѐ уште е критична и стравуваме дека може да се влоши, вели министерот за здравство Венко Филипче, објаснувајќи зошто е предложено скратување на работното време на угостителските објекти. Одговарајќи на новинарско прашање да ја образложи една од новопредложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, министерот Филипче со став дека доаѓа период во којшто како што вели „очигледно е дека може да се случат големи групирања на граѓани, особено во угостителстите објекти“. -Имајќи предвид дека доаѓаат новогодишните празници, предновогодишната атмосфера на некој начин ги понесува граѓаните. Сметаме дека…

Read More

Во интервју за германскиот весник Велт, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева тврди дека Софија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку обратно, тие ги негираат правата на Бугарите, пишува Дојче веле. Северна Македонија ја политизира работата на мешовитата историска комисија, ги блокира развојот на Коридорот 8 и бугарските инвестиции во земјата, лаже дека Бугарија и го негира идентитетот и јазикот, и го слави „мрачниот“ диктатор Тито, обвинува бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за германскиот весник Велт, објавено денеска. Апелирајќи да се смират емоциите во двете земји и да се води конструктивна дебата, Захариева…

Read More

Кога македонскиот премиер Зоран Заев ја посети Бугарија за Берлинскиот процес на 10-ти ноември, првичниот план беше да остане следниот ден за да разговара за економски прашања. „За жал, кога завршија разговорите на 10 ноември, тој се сврте и си замина. Политиката го жртвува бизнисот“, изјави за бугарски „Дневник“ Пламен Павлов, претседател на Бугарската трговско-индустриска комора. Македонската влада објаснила дека промената во посетата на Заев се должела на коронавирусот. Без оглед на причината, пишува бугарскиот весник „Дневник“, во тензиите меѓу Софија и Скопје бизнисот се најде на втор план. Како изгледа кризата во очите на претприемачите и какви очекувања создава…

Read More

Обвинителството информира дека до Кривичниот суд поднеле обвинение за случајот „Поштенска банка“, на СЈО. Во овој случај обвинети се деветмина, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, бизнисменот Томе Главчев, како и Коле Смилевски и уште неколкумина. Во продолжение во целост соопштението на обвинителството: По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје достави Обвинителен акт против девет лица. На обвинетите К.С., Т.Г. и Р.Д им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв со ст.3 в.в…

Read More

Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава. Најновата порака до Мицкоски, стигна од предвремените избори за градоначалник на Штип, граѓаните решително гласаа за концептот кој оди по европскиот пат и ја поразија деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, немаа храброст да се соочат со противкандидат, да се соочат со граѓаните на Штип и кукавички без да учествуваат на овие избори…

Read More